Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.875
Поени од реакции
36.921
Постоиме.



Што да прават тие заглавените во лимбовска сосотојба меѓу двете? Оние со 350 евра плата?
Оти сака да не постоиме? Нешто сме згрешиле ли?
Зарем на таа пара не е пологично да купи поубави сендвичи за членството на вмро и да им ги наврти наместо да се занимава со органозирање на протести.
Ова со Сорос дека е позади рушење на Груевски е може едно од најпараноичните работи во етерот. Страшно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ова со Сорос дека е позади рушење на Груевски е може едно од најпараноичните работи во етерот. Страшно.
На секој диктаторски или полудиктаторски систем му е потребен непријател против кого системот нон стоп се бори, и секогаш го победува. Тоа во Македонија му падна на Сорос да биде. Баба Рога за идиоти.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Нешто како Мијалков за глупандери, кој демек ги поседуваше половина фирми во Македонија и земаше рекет од другата половина?
 
Последно уредено:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Оти сака да не постоиме? Нешто сме згрешиле ли?
Зарем на таа пара не е пологично да купи поубави сендвичи за членството на вмро и да им ги наврти наместо да се занимава со органозирање на протести.
Ова со Сорос дека е позади рушење на Груевски е може едно од најпараноичните работи во етерот. Страшно.
Да, делеа дијагнози на параноја и во 1913та. Го береме бостанот од тие "паранои" и ден денес. За тоа зошто Сорос тоа го сака треба него да го прашаш. И не мора да е кој знае што. Дрво што пречи во градењето на некој прав автопат можеби. Не дека мора да сме нешто посебно битни за да го прави сето ова, и тка врие пари.

Можеби членството на ВМРО и бајати сендвичи ќе јаде само не тие на Сорос, поубавите. Некој тоа ќе го нарече глупост, некој знак за лојалност и патриотизам. Некои луѓе во државава се оперирани од последниве две работи. Ко на пример некои луѓе со наводно високо IQ кои така лесно забораваат дека канал на политичка агенда со Сорос како знаменосник имавме и пред 2006та, и има едно добро мнозинство народ што сведочи за тие резултати.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Тргна колата надолу. Следен е Двојче, посебно ако е вистина дека Иванов ќе се посипува со пепел во четврток.

http://www.libertas.mk/pritvor-za-sorabotnik-na-gradonachalnikot-na-bitola-za-transproter/
Све дури си ти на оваа тема, немам потреба да пишувам...
Те обожавам

И да не бидам офтопик...Овие небањативе што доаѓаат на некои контрапротести на Бихачка, знаат ли уопште за што доаѓаат?
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.277
Поени од реакции
23.895
Ако можи да си дозволам да ве прашам нешто. Добро бе никој не се сеќава на охридскиот договор или популарно наречен рамковен. Постои Македонец што го одобрува и го прифаќа? Заборавивте дека и тој ни го кроеја странците( ова за постарите, напалените пубертетлии тука не ги рачунам). Не ми е јасно зошто толку некои се радуваат на виенскиот што ке следи? Поинаков ќе биди ?
Некој претходно праша зошто им сме битни на странците посебно на некои од нив ? Ние мало небитно парче земја плукната од господ. Нема шанси ние да им сме интересни на некој си таму големи сили . Повеќето незнаат ни каде сме на мапата. Арно ама нивните претставници , амбасадори, олсенувачи ги гледаме секој ден на некој прес, на некоја лидерска средба. Се нешто ослеснуваат, посредуваат.
Некако не ми личи дека не се заинтересирани и не им сме битни. Немам слушнато и видено како амбасадор или конзул на некоја рандом држава толку да се ангажира во политичката ситуација во државата. А ќе речиме рандом држава, небитна, но немам видено барем не толку апла рускиот или конескиот амбасадор да се влечка секој ден по пресови, да држи лидерски средби, да се бафта по судови. Или и тие не се битни ( постојани членови во советот за безбедност на ООН со право на вето и светски велесили )или нив не им сме битни, па така само по себе се наметнува прашањето ако на овие не им сме битни дали на овие другите им сме и тоа како битни па ги гледаме секој ден по повеќе пати како ни олеснуваат, помагаат, договараат, посредуваат итн итн. И каква коинциденција се од исти држави .Случајно изгледа, немаат попаметна работа.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Тргна колата надолу. Следен е Двојче, посебно ако е вистина дека Иванов ќе се посипува со пепел во четврток.

http://www.libertas.mk/pritvor-za-sorabotnik-na-gradonachalnikot-na-bitola-za-transproter/
Нема логика работава, градоначалникот аболициран, а секретарот во притвор ... стварно паролата Нема правда Нема мир, има смисол во оваа држава, а зошто овој секретарот да не е аболициран? нели телохранителот на Грујо е аболициран, тогаш дај сите нека се аболицираат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.277
Поени од реакции
23.895
Запалено возило на истакнат член на СДСМ Битола
http://lokalno.mk/foto-zapaleno-vozilo-na-istaknat-chlen-na-sdsm-bitola/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=foto-zapaleno-vozilo-na-istaknat-chlen-na-sdsm-bitola

Кирацовски: Запалено е и возилото на активистка на СДСМ во Битола, Јасминка Кочевска
http://lokalno.mk/opozharen-avtomobilot-na-bitolchanec-zatoa-shto-na-fejsbuk-ja-kritikuval-vlasta/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=opozharen-avtomobilot-na-bitolchanec-zatoa-shto-na-fejsbuk-ja-kritikuval-vlasta
Опожарен автомобилот на битолчанец затоа што на „Фејсбук“ ја критикувал власта
http://lokalno.mk/opozharen-avtomobilot-na-bitolchanec-zatoa-shto-na-fejsbuk-ja-kritikuval-vlasta/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=opozharen-avtomobilot-na-bitolchanec-zatoa-shto-na-fejsbuk-ja-kritikuval-vlasta

http://vesti.mk/read/news/5159848/1953759/zapaleno-ushte-edno-vozilo-na-aktivist-na-sdsm-od-bitola

Нападнат и истепан сопственикот на порталот Доказ
http://emagazin.mk/vesti/vest/11094

Крвнички претепан претседателот на ОО СДСМ-Центар Саша Богдановиќ
http://a1on.mk/wordpress/archives/487669

Смртни закани за новинарот Борјан Јовановски
http://www.makdenes.org/archive/news/20150421/428/428.html?id=26970637

Запалено возилото на новинарот Тричковски
http://www.press24.mk/zapaleno-voziloto-na-novinarot-trichkovski

Маскирани со шипки го претепале Саше Политико
http://plusinfo.mk/vest/26877/maskirani-so-shipki-go-pretepale-sashe-politiko-

Запалено возило на активист во Центар
http://lokalno.mk/sdsm-zapaleno-vozilo-na-aktivist-vo-centar-policijata-da-gi-raschisti-ovie-incidenti/
итн

Ни еден од овие инциденти не е правно расветлен,нема институции кои работат по нивните должности има страв кој е втемелуван во последните десет години затоа што сме партиски калифат а не правна држава.

Ова е мафијашко владеење, за владеачката гарнитура нема никаков коректор кој може правно да ги гони може да дојде до нарачани убиства за кои никој од врвот на вмро дпмне нема да одговара како што и сега не одговараат пред закон за направениот криминал/корупција со потпишаните аболиции.

Затоа е потребно СЈО, затоа е потребно специјално одделение во судот, затоа народот е на улица, затоа е потребна оваа борба против овој партиски калифат тоа зло мора да се тргне од власт за доброто на сите нас.
Ова не е само битка за промена на власт ова е битка за нас како општество, за граганите,за правната држава, за Македонија!!!
Којзнае во што филм си влезен. Комбинација на Робин Худ, Јованка Орлеанка, Бетмен и уште некој. Ни тебе не ти е лесно.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.335
Поени од реакции
21.666
Све дури си ти на оваа тема, немам потреба да пишувам...
:pos::pos::pos:

Еј, аман пишувај и ти понекогаш на темава. Барем 2-3 пати неделно, ако не повеќе. Не за друго, да има на што да се смееме, пошто Зоте не напушти. Ни фалат твои бисери од типот како вмровците имале васељенска технологија, а Љубе бил монтиран во видеото со поткупот. :LOL:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom