Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
До кај е случајот Поткуп, кога ќе се обелодени целиот разговор ?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.349
Поени од реакции
30.710
Ако досега се иселија 500000 македонци од Македонија, тогаш несомнено, ако некогаш станеме Бугарија ќе се иселат 1.5 милион македонци од Македонија.
Ти и тие шо ќе останете, не заборавајте да ја изгасите ламбата кога ќе заминат сите :D
Плус, у денешно време кај што можеш да се декларираш како апачи хилихоптер, стварно мислите дека ЕУ или САД ќе дозволи некој народ да не смее да има држава?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.307
Поени од реакции
84.450
Ако досега се иселија 500000 македонци од Македонија, тогаш несомнено, ако некогаш станеме Бугарија ќе се иселат 1.5 милион македонци од Македонија.
Ти и тие шо ќе останете, не заборавајте да ја изгасите ламбата кога ќе заминат сите :D
За жал така е, на крајот ќе останеме само најтврдоглавите - јас и нашиот премиер господинот Никола Груевски. Заедно ќе одиме на помен на Мара Бунева и нема никој да не закача.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.307
Поени од реакции
84.450
Јас ќе бидам некорумпиран! Суров тиранин ама честит.
Но веќе имаме таков. Можеби за нашиот премиер господинот Никола Груевски некои велат дека малце е построг, ама е чесен, домаќин човек, секогаш на браникот на националните вредности. Вистински лав, а не како црпнатиот зајак во лавовска кожа а без лавовска опашка.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Плус, у денешно време кај што можеш да се декларираш како апачи хилихоптер, стварно мислите дека ЕУ или САД ќе дозволи некој народ да не смее да има држава?
Прашај ги Шкотите, Курдите, Баските...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Офтопик

Шкотите и Баските си ги имаат доволно остварено нацоналните права во државите во чиј состав се, курдите ќе добијат држава наскоро.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.875
Поени од реакции
36.921
Македонија на пат кон колапс
Земјата со години се наоѓа во повеќекратна долготрајна криза која ја води државата кон распад, предупредува во денешното издание ФАЦ. Груевски ја втурна Македонија во националистичка авторитарност


Голема е веројатноста дека Македонија наскоро ќе стане ново кризно жариште на политичката карта на Европа, прогнозира во денешното издание германскиот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Во анализата за состојбата во Македонија, угледниот конзервативен весник потсетува дека земјата веќе „со години се наоѓа во повеќекратна долготрајна криза која ја се‘ повеќе ја приближува државата до распад“.

„По насилните судири од минатата недела состојбата само привидно се смири. Во следните недели политичката температура натаму ќе се зголемува, затоа што земјата се подготвува за предвремени парламентарни избори кои најголемата опозициска партија најави дека ќе ги бојкотира. Во тој потег таа чувствува поддршка и од ЕУ: комесарот за проширување Јоханес Хан минатата недела твиташе дека „има сериозни сомнежи дека се можни веродостојни избори“.

ФАЦ потсетува на скандалот со прислушкуваните разговори кој го обелодени лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Можеа да се слушнат гласовите на водечките членови на владата кои говореа за лажирање на изборите во 2014 година, манипулација на судски пресуди, напади против критички новинари и прикривање на убиство извршено од полицаец по парламентарните избори во 2011“.

Со Договорот од Пржино беше предвидено, освен формирање на Специјалното јавно обвинителство, да се донесе и нов закон за медиуми, стриктно да се одвои партијата од државата, прочистување на избирачките листи од илјадници мртви „кои на претходните избори беа користени како одлучувачки материјал за манипулации“, формирање на преодна влада со учество на опозицијата како и оставка на Груевски на сто дена пред изборите.


„Исполнети беа само последните два услови. Оттука ЕУ и САД во февруари заеднички одлучија дека не се исполнети условите за фер избори. Но, оттогаш ништо не се помрдна, напротив, освен што владејачката партија го исполни своето ветување да не прави веќе никакви отстапки кон опозицијата и кон преговарачот на ЕУ“.

ФАЦ наведува дека иако Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005, оттогаш не е направен никаков напредок на тој план, пред сѐ поради блокадата од Грција.

„Поради тоа, во политички ничија земја затворената Македонија оттогаш под раководство на Груевски се втурна во националистичка авторитарност. Економијата стагнира, а односите меѓу словенските Македонци и големото албанско малцинство се затегнати“.

„(...)Во изминатите месеци Македонија се споменуваше речиси само во контекст на својата улога во бегалската криза. Но веројатноста е голема дека наскоро и самата ќе исплива како ново кризно жариште на политичката карта на Европа“, пишува Франкфуртер Алгемајне Цајтунг во денешниот текст под наслов „На пат кон колапс“.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.349
Поени од реакции
30.710
Прашај ги Шкотите, Курдите, Баските...
Шкотска си имаше референдум. Сами си ја одбраа таа судбина. Инаку Шкотска е официјално држава во Обединетото Царство, со свој зачуван јазик и култура, признат и од самата кралица. Како и Велс.
И Баските сакаат референдум да прават па ќе видиме.
Што се однесува со Курдите, Oбама ќе си расипе партнерство со Ердоган ако спомне за тоа.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Катица работела против власта затоа што сите процеси кои ги покренала биле за ВМРО-ДПМНЕ, наместо да биде балансирана, како Телма, на пример
Ова е невидена будалаштина. Значи, Ката сега треба да отвори судски процеси за СДСМ иако тие немаат министерства, немаат владини агенции, немаат моќ, буџетот не е во нивни раце и имаат само 3 општини за разлика од ДПМНЕ која има над 50 општини. Комичен е овој спин. Но и покрај тоа, факт е дека Катица отвори случај за Бранко Црвенковски за аферата Надеж, а го побара и случајот Телеком во кој е обвинет Бучковски, што значи дека Катица нема проблем со процесирање на луѓе од СДСМ. Тоа што Заев, Циц и Андреј работат чисто во општините сега е проблем за Катица, но да се потсетиме дека ако имаше криминал во овие општини, Марко Зврлевски одамна ќе ги имаше ставено во затвор тројцава градоначалници. Тие знаат дека си имаат работа со режим и дуваат и на јогурт, имаат отворено четири очи и пазат да не направат никаква грешка во работењето, за разлика од власта која беше забегала тотално затоа што не можеле ни да претпостават дека ќе се појават бомби и ќе се формира СЈО кое ќе ги улови како глувци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom