- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.768
- Поени од реакции
- 13.595
Прв болд - мислиш за оној суперзум фотоапаратот така? Пошто зумот на DSLR зависи од леќата што ја имаш. Пример овој со леќа 18-55 е нешто као 3х оптички зум. Буквално сите DSLR одат у комлет со 18-55мм леќа. Има некаде исклучоци но многу ретки. Добра леќа е за почеток пошто има широка употреба, но има свои маани кои со тек на време ќе ти бидат јасни. Никон 3200 е нешто подобар од неговиот претходник 3100, но се смета за starter - има помал APS сензор за разлика од Full frame сензор фотоапаратите за кои би требало да издвоиш над 500 евра на ново. Сензор ти е доста битна ствар за улагање од прва, но ако буџетот ти е лимитиран, подобро да земеш фотоапарат со APS сензор наместо секој друг point and shoot фотоапарат. Пошто во погорниот пост ти разглобив дека секој DSLR се состои од 2 дела : тело во кое е сензорот и леќа со која можеш да се надоградуваш подоцна. И како ќе тераш со твоето надградување во фотографијата, така ќе испробуваш различни леќи. Можеш да разгледаш неколку туторијали да видиш кон кој правец да тргнеш (дали сакаш портрети, пејсажи, слики во движење, макро), пошо во светот на леќите, можностите ти се скоро неограничени.Многу ти благодарам на одговорот. Го ценам твоето мислење.
Ти благодарам што одвои малку повеќе време за да ми објасниш некои работи. Голем дел на луѓе ми рекоа дека DSLR е права работа. Е сега некои дури и ми предложија апарат (Nikon D3200).
Наводно добра била понудата затоа што имал и 42 оптички зум. Одличен бил за почетници....
Конкретно од Нептун давале со него и леќа NIKKOR AF-S DX NIKKOR 18-55mm како што ми напоменаа, и ми рекоа дека не сум морал да давам дополнителни пари по леќи, зошто наводно бил комплет скоцкан како за почетник уште од старт.
Е сега некои луѓе ми викаат дека макро фотографии не можеш да сликаш додека не поставиш леќа за макро. Не знам колку е тоа вистина, ама пошто не сум до толку упатен, би те замолил да ми кажеш дали е тоа вистина?
Можеби прашањето е глупаво, ама од нешто мора да почнеш. Подобро да прашаш некој што повеќе знае, од него да не знаеш како одат работите....[DOUBLEPOST=1460793204][/DOUBLEPOST]
Многу ти благодарам на одговорот. Го ценам твоето мислење.
Ти благодарам што одвои малку повеќе време за да ми објасниш некои работи. Голем дел на луѓе ми рекоа дека DSLR е права работа. Е сега некои дури и ми предложија апарат (Nikon D3200).
Наводно добра била понудата затоа што имал и 42 оптички зум. Одличен бил за почетници....
Конкретно од Нептун давале со него и леќа NIKKOR AF-S DX NIKKOR 18-55mm како што ми напоменаа, и ми рекоа дека не сум морал да давам дополнителни пари по леќи, зошто наводно бил комплет скоцкан како за почетник уште од старт.
Е сега некои луѓе ми викаат дека макро фотографии не можеш да сликаш додека не поставиш леќа за макро. Не знам колку е тоа вистина, ама пошто не сум до толку упатен, би те замолил да ми кажеш дали е тоа вистина? За да знам отприлика да си ги распоредам финансиите.
Можеби прашањето е глупаво, ама од нешто мора да почнеш. Подобро да прашаш некој што повеќе знае, од него да не знаеш како одат работите....![]()
Околу макро, нема врска тоа што ти рекле погоре. Макро растојанието зависи исклучиво од леќата. Некои имаат макро растојание 4-10 сантима, некои од 30 см Секоја леќа има свој лимит на макро, но со тоа и свој обем на големина што после ќе ја добиеш на фотографијата. Пример од леќа со лимит макро од 10 см ќе добиеш подеталеста фотографија + субјектот ќе биде поблиску од онаа со лимит од 20 см оддалеченост. И не постои посебна опција да штракнеш за да фотоапаратот почне да смета во макро опција. Постои, ама фотографираш целосно како што апаратот диктира, а не окото.
Final hint, коа ќе земеш DSLR веднаш префрли се на manual mode или Aperture priority/time priority. Научи за светото тројство на фотографијата (прелесно е стварно) и вежбај во овие модови. Другите користи ги ако и само ако сликаш нешто многу на брзина и не можеш да постигнеш да штелуваш апаратот.