Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е типично протестантско толкување на Писмото, по оној нашироко познат адвентистички принцип, дека ѓоамити „...Писмото се толкувало самото себе...„.

Огнот кој е наведен во цитираниот стих нема блага врска со благодатниот Великденски оган, а ти продолжуваш да изненадуваш со своето незнаење...
Ма афкорс! Ако нешто не ти одговара, тогаш е протестантско, ако на другите не им одговара, тогаш тие не разбираат, само вие разбирате.
Бесконечна циркуларна логика во спрега со индоктринација од фанатични размери.
 
SpaceTraveler,

масата од зборови не го прикрива твоето незнаење.

Види мој пост троа погоре...[DOUBLEPOST=1460819576][/DOUBLEPOST]

Ова е типично протестантско толкување на Писмото, по оној нашироко познат адвентистички принцип, дека ѓоамити „...Писмото се толкувало самото себе...„.

Огнот кој е наведен во цитираниот стих нема блага врска со благодатниот Великденски оган, а ти продолжуваш да изненадуваш со своето незнаење...

MIKI1 масата од зборови е резултат на тоа што детството и тинејџерските години го поминав во читање на милиони и милиони црковни книги, житија и дремев на сајтови како што се islamski-forum и Премин Портал. Среќа што сум ги заборавил ,,мироточение" , ,,мнение" , ,,бдение" и ,,високомисление" ,,шалом" и ,,selam aleykum". Чисто да ти објаснам од каде доаѓам и што сум сега! Ама во твојата мала главичка (горната) за тебе јас сум опседнат од лукавиот што сум напуштил догми и слични глупости. Работата е во тоа што јас знам за твоето, а ти за моето не! :)[DOUBLEPOST=1460822324][/DOUBLEPOST]Еднаш Свети Фануриј да ми помогнеше да добијам повеќе од 2 математика денес ќе бев најголемиот православен фанатик општо познат во околината! :D
 
Ма афкорс! Ако нешто не ти одговара, тогаш е протестантско, ако на другите не им одговара, тогаш тие не разбираат, само вие разбирате.
Бесконечна циркуларна логика во спрега со индоктринација од фанатични размери.

Заборави да напишеш дека и ти не разбираш.[DOUBLEPOST=1460829732][/DOUBLEPOST]
Ама во твојата мала главичка (горната)

Во недостаток од текст, навредата е секогаш лесно достапна, не?...[DOUBLEPOST=1460829855][/DOUBLEPOST]
Препрочитај ги повторно моите излагања .

...во кои изразуваш азбучен неписменлак?...
 
Во недостаток од текст, навредата е секогаш лесно достапна, не?...

...во кои изразуваш азбучен неписменлак?...

Критикуваш друг, а тебе, како христијанин нели кој што не врти поеќе образ - навредата секогаш ти е помила од дискусија ако не се сложуваш со говорот на другиот...

Оди уште еднаш и пак и пак читај и ќе разбереш, сподели и со пријатели нека прочитаат, можеби некој ќе разбере подобро од тебе што сум рекол... па ќе ти објасни на кафе муабет...
 
Критикуваш друг, а тебе, како христијанин нели кој што не врти поеќе образ - навредата секогаш ти е помила од дискусија ако не се сложуваш со говорот на другиот...

Неписменлакот не е навреда, туку констатација за нечија неукост...Во случајов, твојата.

П.С.

Еве и од мене едно потсетување.

http://forum.kajgana.com/threads/Ди...станати-убедувања.71895/page-426#post-7680022
 
Неписменлакот не е навреда, туку констатација за нечија неукост...Во случајов, твојата.
Неточно, обожаваш да навредуваш кога не ти чини напишаното...

Бидејќи некој ти вели дека сте поделени, дека нема една црква, ниту пак апостолска бидејќи мал милион сите се повикуваат на симболот на верата како екслузивитет на една црква...
Во овој случај бидејќи тука се собравте православни христијани 2-3ца - ќе креваме гужва дека таа една црква мора да биде православната... поканете католици, поканете други луѓе и да гледаме драма околу едната ви црква апостолска...

Но не е така... нема една црква, има омраза помеѓу црквите (секоја сака да биде баш таа една црква и таа моќ не ја дава никому), со различни ритуали кое следува од различното толкување на писание кое ако им се дозволи на верниците да го студираат, ќе најдат многу врски со постари мистерии, само тука површно запишани и извртени за да се оправда новото...

Толку многу „свети“ отци се собираа на овој или оној собир во минатото и не создадоа единство - вие ли бре ќе создадете една црква сега кревајќи врева на форуми - во овие времиња кога боговите одат по земјата а не се таму некаде зад смртта која ги плашеше старо-еонските философи?

Не, нема да биде тоа. Не било, нема ни да биде... ќе умирате разделени, до исчезнување, бидејќи таков е редот...

П.С: Погледни која политика е ова со црквите и нивните јурисдикции... и ти ми велиш: една црква, апостолска? Христијански Романтизам ми продаваш - но ќе ти речам: не благодарам.
 
Читај:

Историја христианској Православној Церкви

http://www.trueorthodoxy.info/hist_eusebius_toc.shtml

http://sektolomac.net/apostolsko-prejemstvo.html

http://www.preminportal.com.mk/pdf/KatihizisElektronskaKOE.pdf

Не, нема да биде тоа. Не било, нема ни да биде... ќе умирате разделени, до исчезнување, бидејќи таков е редот...

Твоето незнаење е загрижувачко.

Eв. по Матеј 16:18
А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
 
Последно уредено:

Гледам јас дека сакате да покажете дека православната црква е таа апостолската, ве намирисав јас вас двајцата православни тука...
Која црква стои на тој камен?
Ватикан или православната црква расцепкана до дното стои на овој камен?

Му вели: ти си Петар како овој да не знае како се вика... не е име тоа, Петар... нели? Му вика на Симон, Симоне ти си карпа човеку :) Нормално, си го фали братот. Се познава по стихот...

И од тебе ќе никне црква... и тука настануваат тепачките кој наследил што од тој Симон - Карпата.

+ ми цитираш од книга за која имам став дека е кованица настаната од грчки неписмени препишувачи со тотално неточен препис на кој денес се повикуваат оние кои веруваат во догми.

Твоето верување во догма е уште позагрижувачко. Јас моето незнаење ќе го надминам... но вие, догматичари, што ќе направите? Ќе верувате повистинито? :)
П.С. Од оваа историјава: кое поглавје или книга се однесува на разминувањето и распаѓањето на христијанството како една апостолска црква?
 
Последно уредено:
+ ми цитираш од книга за која имам став дека е кованица настаната од грчки неписмени препишувачи со тотално неточен препис на кој денес се повикуваат оние кои веруваат во догми.

Oткаде ги препишаа и преведоа грчките „неписмени“ преведувачи книгите од Новиот Завет?
 
Ама прашање... :)
Сигурно оригиналните писанија од страна на апостолите не биле на грчки... или пак биле?
Симултан превод додека зборувал евреин, на грчки ... Сега зборуваме за Исус како да постоел. Претпоставка за да не ни иде јавана муабетот.

Јас мислам дека многу од оригиналните текстови се преведени, искасапени и уништени и така е создаден вештачки култ во полза на едно ново верување, нова секта која собрала сешто, од јудаизам, египет, грчките мистерии... можеби затоа и стариот еон сеуште се препелка во своето умирање, многу делови има...

Од друга страна, си ги имаме гностиците... не само христијани и нивната борба за кој да ја има власта на земјата...

@121314, човеку - што правиме со вашето делење на црквата? На она што е запишано во таа ваша света книга? До кога едни на други ќе си викате еретици? Да не вадам цитати од Премин порталот како се не се наречени оние што исповедаат католицизам... обичниот верни, за него зборувам...

Јас велам да ве оставиме до крај да ја завршите добро работата, како православни христијани. Мое мислење...
 
Последно уредено:
Ама прашање... :)
Сигурно оригиналните писанија од страна на апостолите не биле на грчки... или пак биле?
Симултан превод додека зборувал евреин, на грчки ... Сега зборуваме за Исус како да постоел. Претпоставка за да не ни иде јавана муабетот.

Јас мислам дека многу од оригиналните текстови се преведени, искасапени и уништени и така е создаден вештачки култ во полза на едно ново верување, нова секта која собрала сешто, од јудаизам, египет, грчките мистерии... можеби затоа и стариот еон сеуште се препелка во своето умирање, многу делови има...

Од друга страна, си ги имаме гностиците... не само христијани и нивната борба за кој да ја има власта на земјата...

Why the New Testament was Written in Greek, Not Hebrew

A eве ти и Нов Завет на старогрчки и Нов Завет на хебрејски па споредувај дали текстовите се искасапени, уништени и слично.

Bilingual New Testament, Greek

The Sar Shalom On-Line Hebrew-English Bible!

Неточно, обожаваш да навредуваш кога не ти чини напишаното...

Бидејќи некој ти вели дека сте поделени, дека нема една црква, ниту пак апостолска бидејќи мал милион сите се повикуваат на симболот на верата како екслузивитет на една црква...
Во овој случај бидејќи тука се собравте православни христијани 2-3ца - ќе креваме гужва дека таа една црква мора да биде православната... поканете католици, поканете други луѓе и да гледаме драма околу едната ви црква апостолска...

Но не е така... нема една црква, има омраза помеѓу црквите (секоја сака да биде баш таа една црква и таа моќ не ја дава никому), со различни ритуали кое следува од различното толкување на писание кое ако им се дозволи на верниците да го студираат, ќе најдат многу врски со постари мистерии, само тука површно запишани и извртени за да се оправда новото...

Толку многу „свети“ отци се собираа на овој или оној собир во минатото и не создадоа единство - вие ли бре ќе создадете една црква сега кревајќи врева на форуми - во овие времиња кога боговите одат по земјата а не се таму некаде зад смртта која ги плашеше старо-еонските философи?

Не, нема да биде тоа. Не било, нема ни да биде... ќе умирате разделени, до исчезнување, бидејќи таков е редот...

П.С: Погледни која политика е ова со црквите и нивните јурисдикции... и ти ми велиш: една црква, апостолска? Христијански Романтизам ми продаваш - но ќе ти речам: не благодарам.

Хепта,

нит‘ масата од зборови нит‘ линковите до православни Интернет-страници не можат да го покријат твојот неписменлак...пардон: твоето незнаење.

Во Црквата, одамна е познато дека неверните редовно наоѓаат нови и нови (само)оправдувања за своето неверие и намерата да битисуваат надвор од Црквата, без која нема спас, а ти мудруваш дека ќе сме изумреле?...

А добро, ти као нема да умреш или се надеваш на нешта кои Црквата не ги познава?...
 
Што ти значи тоа неверни? Го кажуваш како нешто негативно... :)

Јас знам за неверни сопружници на пример... не знам како тоа неверник, неверни го додавате како негативен епитет на некој што не е православен христијанин.
Нормално дека не веруваат мнозинството во вашиот концепт на бог, што не е ок со вашите догми и тука нема ништо лошо, и тоа неверни што разните православни цркви го лепат на секој што има негативен став кон нивното работење и разбирање на светот - е глупост и безпотребно нешто...

Секоја црква си наоѓа начини да најде непријатели за да ги држи луѓето да продолжат да веруваат во една догма, тоа го знаеме веќе, од одамна.
Но кому му требаат догми?
Ја знам оваа теорија како сите зборувале грчки, па ете на грчки запишале...

Со ова, линковите со два јазика, сакаш да ми покажеш дека хебрејскиот и грчкиот и англискиот текст се исти и се си е на место?
Така? :facepalm:

П.С. И да ви кажам дека уживав после толку време да пишувам на форумов... жалам што сме на различна страна, но што е тука е... :) Се читаме за некој ден повторно...
 
Што ти значи тоа неверни? Го кажуваш како нешто негативно... :)

Не го пренасочувај монологов...

“Неверни„ се ликовите кои не Го прифаќаат живиот Бог, туку се клањаат на своите идоли. Разбира се, доколку сметаш дека Телемитите се „верни„ на некој нивен оригинален начин, тоа не е моја заблуда.[DOUBLEPOST=1460843385][/DOUBLEPOST]
Секоја црква

Која е таа „секоја„?...
Тераш инает, глумиш дека „...нијеси одавле...„, нешто „трето„?...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom