Немојте да ја зафркните „револуцијава“ како ова со валкањето на Портата. Ако тргните по умот на Тричковски нема далеку да стигните. Затоа губевте од ДПМНЕ на Груевски цела деценија. Немој заради истата малоумност да ја заебите „револуцијава“. Судирот со полицијата е едно ова е друго. Ова ќе го заплаши обичниот граѓанин дека ако СДС добие моќ повторно ќе има ретроградни и реваншистички текови. Обичниот граѓанин сака мир и напредок, а не уништување и назадување. Не е провокатор само тој кој ја удрил девојкава, туку и тие кои ја валкаат Портата. Со вакви чинови многу многу брзо ќе ги избркате обичните граѓани кои ве поддржуваат и учествуваат на протестите. После ќе се прашувате зошто сме олку малку, кај е народот, народот е глуп и слично, а всушност вие сте глупите.