Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
...од каде Трајко Велјановски го црпи својот легитимитет да распишува избори, откако претходно го распуштил парламентот, а со тоа и сам себе?
А кога да ги распише изборите? Пред да се распушти Собранието? Тогаш нема правна основа за тоа. Мора да се распишат откако ќе се распуштат. Впрочем, така беше отсекогаш.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако бидне утре да има избори,ќе почнат насилни протести,ќе почнат инциденти поголеми на граница за да се прати таму засилување полициско а со тоа да ослабе обезбедувањето во Скопје,а може и за некој 10тина дена да ни се деси поголемо сценарио од Куманово за уште додатно да ослабе обезбедувањето во Скопје.

Ако бидне куманово 2 како што посакуваат активистиве на невладиниве,автоматизам имаш притисок да се укинат изборите поради безбедносни закани,и успешна мисија за Зајко и пријателите :D
Ништо не може да ти побегне, да си ибиш векот.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.096
А кога да ги распише изборите? Пред да се распушти Собранието? Тогаш нема правна основа за тоа. Мора да се распишат откако ќе се распуштат. Впрочем, така беше отсекогаш.
ШКАРИЌ: ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ Е АТЕНТАТОР НА УСТАВОТ

Шкариќ објаснува дека претседател на Собрание може да биде само тој што има пратенички мандат. „Бидејќи Вељаноски од 6 април веќе не е пратеник, тој веќе не е ни претседател, па затоа и не може да распишува избори“, вели проф. Шкариќ

Потсетувајќи дека претседателот требаше
прво да го потпише решението за избори, а после да го распушти Собранието, професор Шкариќ тврди дека Вељаноски направил класична узурпација на правото.

„Нема поголема криза од криза на правото. Така што на овој начин распишани избори не можат да бидат регуларни затоа што немаат значење“
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
А кога да ги распише изборите? Пред да се распушти Собранието? Тогаш нема правна основа за тоа. Мора да се распишат откако ќе се распуштат. Впрочем, така беше отсекогаш.
Во случајов бидејќи изборите се предвремени а не редовни , кога се распуштија ДПМНЕ и ДУИ течат законски рокови , Трајко шупелката не е тој што распишува избори .

Еднаш тој рок беше пролонгиран противуставно , нема таква опција за одложено распуштање . Неуставниот Суд одби да се произнесе за уставноста на овој чин .

Сега со тоа неуставно пролонгирање на избори уште доаѓа и Трајко да си потпишува решение кога сака а тоа е исто противзаконски .
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ете, Ѓорѓи, со сигурност Шкариќ знае повеќе од мене и тебе, сепак е професор по уставно право.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.096
Ете, Ѓорѓи, со сигурност Шкариќ знае повеќе од мене и тебе, сепак е професор по уставно право.
Може е “соросоид“ ?
Чекај да видиме што ќе каже Каракурмишева......
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.870
Поени од реакции
36.915
Аи леле колку си ти сигурен у ова што го тврдиш :D

така кажа либертас и така е а ?

неам ништо против твоето мислење,имаш право да имаш свое мислење и да веруваш у своето,ама не кур ми го наметнувај на мене и на останати.

Истото право го имам и јас и сите останати.Јас сметам дека ни сдсм ни вмро немаат моќ да направат нешто ни малку слично како Куманово,САМОСТОЈНО.Без подршка од страна.Но не ти го наметнувам моево мислење,и не се убедувам со тебе.
Незнам јас Либертас што кажал, гледам фактите што кажаа. Груевски и компанија заедно со дуи на директен или индиректен начин се инволвирани во тие настани и во најмала мера добро знаеа што ќе се случува.

Слободно мисли како што сакаш, никој не ти го брани тоа. За некоја година ќе видиме што ќе исплива на површина.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Малку поразлична е фудбалската споредба.

Ова ти е како кога треба да играат ФК Велешта со некоја македонска екипа во селото Велешта.

И овие од Велешта им викаат види ги пичкици бегаат од утакмица.
Нормално ФК Велешта веќе 15 години нема пораз на домашен терен. И Барса да дојде да игра таму, ќе изгуби. Сигурно е поради тоа што имаат екстра добри фудбалери.
Дали Барса ќе изгуби, не знаеме. Тоа фудбалерите од другата селска екипа тврдат. Плус, ФК Велешта може да има помош од судии, да им свират по некој пенал. Ама автоголовите од другиве, сигурно не се судиска помош. Никој не ги тера да го играат натпреварот, на крајот на краиштата. Битно е дека федерацијата го пријавила датумот.
Да ме поправи некој ако нешто сум грешка, не сум појадувал сеуште, но, од каде Трајко Велјановски го црпи својот легитимитет да распишува избори, откако претходно го распуштил парламентот, а со тоа и сам себе?
Трајко Велјановски има обврска да ја закаже конститутивната седница на наредното Собрание. Од каде го црпи својот легитимитет за таа одлука?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Незнам јас Либертас што кажал, гледам фактите што кажаа. Груевски и компанија заедно со дуи на директен или индиректен начин се инволвирани во тие настани и во најмала мера добро знаеа што ќе се случува.

Слободно мисли како што сакаш, никој не ти го брани тоа. За некоја година ќе видиме што ќе исплива на површина.
ништо нема да видиме.

Кога се меша странски фактор,никогаш ништо не излага на виделина.И тоа што ќе изелзе,е она што ТИЕ сакаат да го види народот,а не вистината.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Неможи да споредуваш избори,предвремени од минтото и СЕГА.
Сега се на голо око фатени, и ни малце не е иста ситуацијата.во државава. До лани името несмееше да му се изговори, сега дојде по судови да се влечка, со огромен терет за затвор. Затоа ти кажувам дека не е исто. Порано беше страв и трепет во цела Македонија, сега незнае каде да се напика. Затоа залудни ти се споредбите.

А тие, уценувани,малтретирани граѓани вистинскиот збор, и печатењето на судбината на тие кој ги измачуваат со години ке го кажат на ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, а не на 5јуни.
..дефинирај ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ..., дали се тоа избори пред кои Грујо на нотар и амбасадорскиот кор, ќе потпише дека ќе ги изгуби во корист на сдам или оние пред кои со помош на 101 ерборн и нивните учк соборци на терен....ќе го утепате..., или мислиш на нешто друго со тој поим ???:):)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ете, Ѓорѓи, со сигурност Шкариќ знае повеќе од мене и тебе, сепак е професор по уставно право.
Шкариќ (со сета почит кон него) почна да се однесува политикантски. Излегува во јавноста и дискутира без да даде правни толкувања на нештата. Така беше за одлуката на уставниот суд во врска со помилувањата. Сега, после 20 години се сети за ова толкување. Па вака се постапувало за сите избори. Нека објасни Шкариќ кога претседателот на Собранието да ги распише изборите? Пред да се распушти Собранието? Нема право на тоа. Тогаш, некој претседател може да му текне и да распише избори, а старото Собрание да не е распуштено на денот за кога прецеднико распишал избори. Ова е игра на зборови со политички намери, не стручни. Нека каже Шкариќ дали Андов и другите прецедници незаконски распишувале избори?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Распишани се избори , нема веќе и законски дупки за да се избегнат.
Добро, и што со тоа?[DOUBLEPOST=1460716035][/DOUBLEPOST]
Шкариќ (со сета почит кон него) почна да се однесува политикантски. Излегува во јавноста и дискутира без да даде правни толкувања на нештата. Така беше за одлуката на уставниот суд во врска со помилувањата. Сега, после 20 години се сети за ова толкување. Па вака се постапувало за сите избори. Нека објасни Шкариќ кога претседателот на Собранието да ги распише изборите? Пред да се распушти Собранието? Нема право на тоа. Тогаш, некој претседател може да му текне и да распише избори, а старото Собрание да не е распуштено на денот за кога прецеднико распишал избори. Ова е игра на зборови со политички намери, не стручни. Нека каже Шкариќ дали Андов и другите прецедници незаконски распишувале избори?
Пушти го Шкарич, појма нема. Туку, дај ти кажи дали СЈО е противуставно?
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
321
Поени од реакции
115
се што не е врмо-дмпне е сорос и крај.
и сака да ја уништи Македонија
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.426
Шкариќ (со сета почит кон него) почна да се однесува политикантски. Излегува во јавноста и дискутира без да даде правни толкувања на нештата. Така беше за одлуката на уставниот суд во врска со помилувањата. Сега, после 20 години се сети за ова толкување. Па вака се постапувало за сите избори. Нека објасни Шкариќ кога претседателот на Собранието да ги распише изборите? Пред да се распушти Собранието? Нема право на тоа. Тогаш, некој претседател може да му текне и да распише избори, а старото Собрание да не е распуштено на денот за кога прецеднико распишал избори. Ова е игра на зборови со политички намери, не стручни. Нека каже Шкариќ дали Андов и другите прецедници незаконски распишувале избори?
Ете гледаш зошто СДСМовците викаат дека Грујо победувал на нелигитмини избори, оно да ти било оти прецедателите 20 години погрешно ги распишувале изборите.:eek::confused:

Ќе излезе дека легитимни биле само првите избори, кога немало собрание (повеќепартиско и наше не кумуњарско).
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
Фокус : Капката што ја прелила чашата и ѝ дала забрзување за контраакцијата на Иванов, наспроти акциите на тимот на Катица Јанева, биле над сто барања од СЈО до судот за контроли, проверки, претреси, замрзнување сметки, фирми и имот на Сашо Мијалков. А тоа веќе е од рангот на апокалипса за фамилијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom