„Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно-политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст, се вели во соопштението лиферувано од амбасадата на Русија, пренесува МИА
Официјална Москва, преку амбасадата,изрази загриженост за, како што наведуваат, ескалирањето на состојбите во Република Македонија и апелира до сите страни за политички дијалог и смирување на тензиите.
Избори па избори биле договорени, па преку к*р досадни сте со тоа закажани избори(не зборам за руска амбасада, воопшто зборам за власта), кажете прво колку работи беа договорени да се извршат а не се извршија?
До каде е комисија за прислушкување, каде се регулирани медиуми, каде е извештај од комисија за прислушкување, каде се сослушувања на таа комисија, едвај двајца дојдоа(или само еден беше) и тоа нејќеле да зборат јавно, па кој к*р се вадиш на странски служби 2 години што не кажеш јавно кој прислушкувал, да имаше цврсти докази дека Заев прислушкувал, украл материјали, монтирал, до сега јавно ќе го обелоденеше и сите ќе ти верувавме.
И со тоа монтирање, сечење лепење, да ги пушташе целите разговори на прес, до сега уште ќе беше на 10-та бомба. Морал да ги вади конкретно муабетите кои покажуваат криминални дејствија. Ако пушташе цели разговори ем ќе им досадеше на луѓето да слушаат толку долги разговори, ем ќе се буневте се нарушува приватноста.
Заев кажал странски служби и се фатија на таа финта го мрднаа народот, па дополнуваа со жолти комбиња и триста глупости, да им посочеше некоја држава, веќе ќе завојувавме со неа.
СЈО најави прв предмет во декември околу избори, одма измислија афера со Чауш кој само комуницирал со Буревесник, го обвинија за се и сешто, а сосема други ликови од вмро се фалсификаторите.
Снимките се извадени од УБК и сдсм има дел од нив, лесно можат оперативци да ги подметнат кај него дома и да си прават приказни до бесвест, а на народот малку му треба, да му го заматат умот со глупости.
Каде е прочистен список, кој знае воопшто и дали е тој список, онаа од ДОМ кажа дека не е тој, кој знае со каков список располага ДИК, кој знае колку се избришани после последните избори, па е оставено само малку да се досредува сега и да глумат лудило, ете ви го списокот не е многу проблематичен што кукате цело време.
Со секој пропишан датум за извршување на обврските од Пржино си играа циркус, во последен час донесуваа одлуки за ДИК, за СЈО си играа курташак со број на обвинители, со колкав буџет, милион препреки му прават на СЈО, и што е најбитно списокот се уште не е готов, и после вика ајде на избори.
Ова нели се некои од ставките кои ги има запишано во Пржино или доволно ви е датумот, друго не ви чуе? Една оставка даде и мисли се завршил од договор од Пржино и одиме на избори.
Не треба да има избори додека не се разреши Титаник. Се нека се разоткрие кој што правел со фалсификати, со уцени, со фантоми, со секакви изборни измами, па нека е и Циц и Бранко и Заев крив и притворен меѓу нив, ама нека се заврши еднаш со тоа. Списокот нека се среди, сите нека се потпишат, па тогаш ајде на избори, ако имате потоа пратеници да понудите, бидејќи повеќето ќе ви се во притвор.
Најлесно е за власта сега да си оди на избори додека на никој од нив не му е уште запленет имот или не е во притвор, заради тоа брзаат ништо друго.
Протести да, немири никако не подржувам, кој и да крши и да прави неред нека си одговара, само мене како ми се чини секогаш(како и лани) некои со марами се вметнуваат во толпите и гнасно пцујат и тепаат џандари, со цел да се оцрни опозицијата дека прави немири.
Таквите кога ќе почнат да се туркаат и да удираат, толпата нека се оддалечи од нив, и нека си јадат ќотек и нека бидат приведени.
Опозицијата бара ПРАВДА ќе сфатите ли некогаш дека бара правда и фер/регуларни избори кои со години ги немаме, се посравте со тоа бара фотеља без избори.
По која логика Заев автоматски би седнал во фотеља како премиер ако се процесуираат сите предмети од СЈО и сите криминалци од власта и опозицијата бидат во притвор?
Штом тоа се заврши еднаш засекогаш и кога се ќе биде спремно за избори, ќе се излезе на избори па нека победи кој добие повеќе гласови. Со каков памет го толкувате тоа што Заев сака фер и регуларни избори(целосно исполнување на договор од Пржино) дека одма седнува во фотеља без избори?