Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
На голем број од тие што одат на протест кур ги боли за Заев. Човекот да дојде, ќе изгори за две години или од вмро, или од своите. Поентата е овие бандити што ја испустија државата да се симнат, а Заев во склоп на околности е тој што го објави срањето и започна срањето. Он ќе има после краток рок секако.
Бандити немоеш да смениш со бандити, народ си сака поштено чоече.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.576
Поени од реакции
5.845
Проглас за обединување

Огорчени од уништувањето на она малку преостанато од државноста на Македонија, гневни на самоволието со кое Никола Груевски и неговите соработници и полтрони ја уништуваат иднината на генерации македонски граѓанки и граѓани, неможејќи повеќе да седиме и немо да го набљудуваме разнебитувањето на сѐ што е демократско, Повикуваме на масовен протест,

Бараме:

Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори


Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;


Повикуваме на здружување на сите граѓанки и граѓани, на сите формални и неформални граѓански организации, и сите останати кои го споделуваат гневот, но и желбата за правда и демократија, да се приклучат кон протестите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ако направиме ретроспектива на минатата година и пол, единствено што може да се каже за Грујо е дека е во слободен пад. Пред само година дена владееше ДПМНЕовска идила во државата. За Заев пола Македонија немаше слушнато, или беше оној ликот од СДСМ кој е аболициран криминалец.
Грујо гордо шеташе наоколу по своето царство, со огромна подршка од народот, во пријателски односи со меѓународната заедница, и си распишуваше избори кога ќе му текне.

Само година и пол подоцна, Грујо е во тежок нокдаун. Избори никако да распише, од меѓународната заедница го избегнуваат како да има лепра, и аболициран криминалец е токму тој, и тоа пет пати. Косата му побеле, мерцедесот му остана невозен.

И се затоа што Саше ја утна работата.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Ја никако да ја разберам потребата од кршење наши згради кои се направени од наши пари. Ај да се тие згради сопственост на некои политичари да има логика зошто ги кршат протестантите ама ова ми естварно без везе, сами на себе штета си правиме. Протестирајте ама енергијата насочете ја против политичарите а не против канцелариите во кои тие работеле. Утре ке треба некој друг пак да работи во истите тие простории.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Кршењето симболизира гнев. За да не дојде до такви инциденти пак, може вечер да донесат сетови со тањири и да ги кршат на тротоар. Сепак, постои ризик провладините медиуми да ги обвинат дека приредуваат грчка забава со кршење тањири.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.547
Поени од реакции
36.509
Веста ја пренесува Либертас, нема на другите портали.

http://www.libertas.mk/stejt-department-odlukata-na-ivanov-e-zashtita-na-korumpiranite-politichari-i-poreknuvane-na-pravdata-za-narodot/

Ако е точно пренесено, не му цветаат ружи на Грујо и компанија.
СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: ВЛАДИНИ И ПАРТИСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВКЛУЧЕНИ ВО КОРУПЦИЈА
Објавено на 14 април 2016, 10:06 од Редакција на Капиталво МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Постои директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција. Ова е на кратко заклучокот од најновиот Извештај за човекови права што го објавува американскиот Стејт департмент.

„За време на изминатата година имаше кредибилни извештаи дека владата се мешаше во судски случаи во кои се вклучени високи функционери кои ја злоупотребиле својата положба со цел да заплашат клучни опозициски лидери. Полициската и судската корупција останува голем проблем. Јунскиот извештаи од високи експерти од Европската комисија посочија за „очигледно директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција“, стои во Извештајот.

Во сумираните резултати од Извештајот, Стејт департментот забележува дека најзначајните проблеми во однос на човековите прави остануваат да бидат вклученоста на високи функционери во корупција и недостатокот на владата да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги тука и нејзините напори да ја ограничи медиумската слобода, да се меша во судството и селективно да ја спроведува правдата.

„Политичко мешање; неефикасност; непотизам; пролонгирани процеси; кршење на правото на јавен судски процес; и корупција се карактеристиките што го опишуваат судскиот систем“, стои во заклучокот на Извештајот.
Izvestaj_StateDep.png
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Вие очигледно не сте гледале по светот како се протестира, како горат автомобили, контејнери, како се кршат објекти и улична инсталација.

Не викам дека е добро и корисно, но и вчера кажав, нека се издуваат луѓето, нека ја канализираат негативната енергија некаде оти на сите им прекурчи веќе од глупостите што се дешаваат.

Толку да се грижевме за целиот државен имот како што се грижиме за канцеларијата на Иванов, далеку ќе бевме како општество, но не се грижеме, се гледа од ѓубрето по улиците кое го има и од уништен ите паркови и детски игралишта.

Ама битно сега цела недела ќе читаме срцепателни текстови за ебаната канцеларија и грдата фасада на јавната куќа, овај се збунив, на Мин.за правда.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: ВЛАДИНИ И ПАРТИСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВКЛУЧЕНИ ВО КОРУПЦИЈА
Објавено на 14 април 2016, 10:06 од Редакција на Капиталво МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Постои директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција. Ова е на кратко заклучокот од најновиот Извештај за човекови права што го објавува американскиот Стејт департмент.

„За време на изминатата година имаше кредибилни извештаи дека владата се мешаше во судски случаи во кои се вклучени високи функционери кои ја злоупотребиле својата положба со цел да заплашат клучни опозициски лидери. Полициската и судската корупција останува голем проблем. Јунскиот извештаи од високи експерти од Европската комисија посочија за „очигледно директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција“, стои во Извештајот.

Во сумираните резултати од Извештајот, Стејт департментот забележува дека најзначајните проблеми во однос на човековите прави остануваат да бидат вклученоста на високи функционери во корупција и недостатокот на владата да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги тука и нејзините напори да ја ограничи медиумската слобода, да се меша во судството и селективно да ја спроведува правдата.

„Политичко мешање; неефикасност; непотизам; пролонгирани процеси; кршење на правото на јавен судски процес; и корупција се карактеристиките што го опишуваат судскиот систем“, стои во заклучокот на Извештајот.
Прегледај го приврзокот 143473
Добро, затоа вработени во амбасадата на САД се мотаат во судовите секојдневно. Они ќе ја оправат ситуацијата.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Секако. И полицијата треба да ги штити институциите. Ама не по цена да има потешко повредени полицајци. Ако не може да ја спречи толпата, треба да се повлече. Па утредента, друг ќе ги заштити институциите. Не заслужуваат полицајците да се гњават со каменковци, кои мора да ги третираат како протестанти и да не применуваат се што имаат на располагање.
Плус има пријавен организатор на протестот, плус нели дебело може да се напрчи за штетата :D Ама на толку милиони истурени кај Џабир и Милчин, пичкин дим е ако реновираат една зграда.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ја никако да ја разберам потребата од кршење наши згради кои се направени од наши пари. Ај да се тие згради сопственост на некои политичари да има логика зошто ги кршат протестантите ама ова ми естварно без везе, сами на себе штета си правиме. Протестирајте ама енергијата насочете ја против политичарите а не против канцелариите во кои тие работеле. Утре ке треба некој друг пак да работи во истите тие простории.
:pos::pos::pos:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Што знам, јас сеуште мислам дека протести нема да сменат ништо, човеков држи и полиција и војска под своја контрола и спремен е да иде до крај, а на Македонче за слобода не му се гине, тоа е факт. Можда некаков облик на граѓански бојкот, да прекине да се врши било каква стопанска дејност легално, да не им се плаќаат сметки и даноци, сите парите од банка да си ги извадат и да прекинат да го финансираат задолжувањето на Македонија. Нека дојдат тогаш со извршители и полиција да апсат, битно е тогаш да сме сложни. Само ние и таква форма на бојкот сме апстрактна именка.
да си ми жив и здрав пријателе за постов а поготово за болдираново, арно ама има една друга заебанција тука. околу повлекување на парите од банка и не плаќање на редовните трошоци како што се вода струја и слично... проблемот е токму во извршителите и банките! - тие се поврзани меѓусебе на тој начин што немаш ти алтернатива да ги избегнеш. зимаш плата преку картица и уште не префрлена платата веќе ти е блокирана картицата затоа што извршителите доставилетакво барање до банката. Токму тие извршители ги измисли оваа гарнитура што е моментално на власт. Токму тие се хиените на власта која безмилосно го влече и последниот денар од напатениот народ и тоа според некој си енормни ценовници и суми кој се мислам дека од ракав ги имаат истресено.

Никој не спомна кој го плаќа, човекот сака да ти кажи дрка луѓето доброволно сакаат да присуствуваат за разлика од вмро кои на сила ги влечкаат луѓето со ПРИСУСТВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО , мислам аман не сме од марс паднати да се праиме будали , сите знаеме колку е сатот и како функционира се
во ред е тоа де доброволци се јас не реков дека не... само ме интересира како тоа еден куп доброволци во автобус дошле у скопје да протестираат... не реков ни дека воопшто се од некоја партија пази... само ме интересира како тоа по некоја случајност сите тие доброволци се нашле у организиран превоз што некој на гага им го дава....


знаеме на кого му е задолжително присуството и тоа многу добро, пишав и во претходниот пост само за ова конкретно ме интересира сега.. кој ли им го плаќа превозот на овие доброволци?

да не се правиме будали со сила ко што рече и самиот.....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Русија застана во одбрана на Македонија!
додека во Скопје и низ градовите во Македонија се ширеа масовни протести водени од Сорос, Ватикан и комунисти а организирани од ЦИА и америчката амбасада, Путин нареди контраакција против Америка со порака да ја остават Македонија и премијерот на мир инаку може да има трета светска војна!!!

http://kajgana.com/bliska-sredba-so-ruski-borbeni-avioni-sad-obvinuvaat-za-provokacii

 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
11.608
Кажете ми број на повредени полицајци од синоќа?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Добро, затоа вработени во амбасадата на САД се мотаат во судовите секојдневно. Они ќе ја оправат ситуацијата.
A можеш нешто побесмислено од ова да напишеш, или ова ти максимумот?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom