СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: ВЛАДИНИ И ПАРТИСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВКЛУЧЕНИ ВО КОРУПЦИЈА
Објавено на 14 април 2016, 10:06 од
Редакција на Капиталво
МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Постои директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција. Ова е на кратко заклучокот од најновиот
Извештај за човекови права што го објавува американскиот Стејт департмент.
„За време на изминатата година имаше кредибилни извештаи дека владата се мешаше во судски случаи во кои се вклучени високи функционери кои ја злоупотребиле својата положба со цел да заплашат клучни опозициски лидери. Полициската и судската корупција останува голем проблем. Јунскиот извештаи од високи експерти од Европската комисија посочија за „очигледно директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција“, стои во Извештајот.
Во сумираните резултати од Извештајот, Стејт департментот забележува дека најзначајните проблеми во однос на човековите прави остануваат да бидат вклученоста на високи функционери во корупција и недостатокот на владата да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги тука и нејзините напори да ја ограничи медиумската слобода, да се меша во судството и селективно да ја спроведува правдата.
„Политичко мешање; неефикасност; непотизам; пролонгирани процеси; кршење на правото на јавен судски процес; и корупција се карактеристиките што го опишуваат судскиот систем“, стои во заклучокот на Извештајот.
Прегледај го приврзокот 143473