Почитувани здраво,
прво и основно
тема и форум
Регистриран сум веќе некое време но
очигледно не сум многу активен, затоа ве молам без лутење
Имам тековен проблем па барам решение на истиот!?
Со години користам 24KW парно на струја со Rehau термостат што одлично ја брка работата но ... од сметките за
струја зимно време "
душа боли"
Затоа читајќи го овој и многу други форуми изборот падна на
инвертер клима што би ја користел 80% за греење... летно време немам проблем со топло
Се работи за
куќа (спрат-поткровје)
изолација (сендвич зидови со најлон помеѓу и воздушен чеб 10см), плафон од гипс-картон со15цм тервол, а климата ќе биде сместена во
дневна соба 55м2 (правоаголна форма и 1 стаклен Rehau зид) и
висина на истата од
3м
Играта започна
... понуди, телефони, мејлови контакти и ... и .. заглавив !!! Колку повеќе разбираш-учиш, толку повеќе се губиш во темата, а искуство 0
(нула)
Ги молам сите, особено поискусните на ова поле да дадат совет што и како да одиграм
Да не должам многу, ова е дел од понудата:
Daikin FTXB50C / RXB50C
Daikin FTXB50C / FTX50GVB
HITACHI-Summit RAK-50PPA/RAC-WPA
Sanyo KRV-18TDAA
Carrier 42HVS18A
Carrier iPlus 42QHF018DSA
Carrier 42ЕQV050M
Toshiba RAS-B16N3KV2-E1
(ако фатам попуст)
Gree Lomo
Gree Hansol
(ако фатам попуст)
Наредени се без особен редослед, но ако има некој што
може-знае нека ги нареди
(барем првите 3) на кои да обрнам внимание. Може да се предложат цени и особено на кои карактеристики да обрнам внимание.
Повторувам, искуство 0 (нула)
Однапред благодарен