-Сега кога Парламентот е распуштен, тие (изборите) ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација, вели Хан.
Еврокомесарот потенцира дека треба да се разбере дека демокатијата значи компромис, да се работи заедно, да им се служи на луѓето, а не себеси.
-Да бидат фокусирани и да спроведат фер и транспарентни избори, а Владата и сите кои се одговорни да придонесат да има Избирачки список кој ќе биде прифатен од сите и кој ќе биде прочистен, вели Хан.
Во однос на прашањето за одлуката на Иванов, Хан вели дека е нешто кое според неговите сфаќања не е прифатливо и не е во согласност со владеењето на правото.
Не можам да го предвидам исходот од изборите и начинот на кој ќе бидат спроведени, бидејќи тоа ќе се случи за два месеци, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за дописникот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвиак.
-Но, има многу меѓународни набљудувачи, почнувајќи од ОДИХР, Европскиот парламент ќе има своја делегација на терен и многу други меѓународни организации, Тоа зависи од крајната оценка, вели Хан.
Хан вели дека сега кога Парламентот е распуштен, изборите ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница.
-Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација, вели Хан.