НЕ бидете како деца на улица кој прв почнал

Сега поминува само со опомена. Кој како си го чува кучето и што и како ќе праша негово си е, нема потреба од исмевање на таков начин. Таа тема е мислам завршена. Доколку имате уште нешто да си кажете, Ве замолувам преминете на ПП. Што се однесува до тоа дали навремено е реагирно или не... јас длабоко се извинувам што не сум достапна 24/7 на форум.
@Papillon.Papi значи со најдругарски однос ова ти го кажувам, и претходно ти пишував, кај тебе грешката е твојот настап. Супер ти што се интересираш, но во моментот на дискусија тој некој со минимум 6 години ветерина и многу повеќе години со кучиња е од тебе попаметен. Јас лично ти гарантирам дека 90% ако и повеќе од колегите нема да кажат дека нешто не знаат, туку ќе лупаат. Јас од тоа не се срамам ниту пак да прашам и за голем дел од работите пред да ги напишам си консултирам литература или професорите од факс. Коментирај и давај совети, али немој да држиш став за нешто ко слеп за стап, бидејќи грешиш, само смени го настапот. Али ти кажав дека тоа ти е поради годините и затоа си бунтовна, а еден ден или ќе се смеееш или ќе се срамиш од начинот на кој си се однесувала. Али отом потом
@wiksa само за операцијата, не е оградување, туку паметен чекор(според мене), моментално нема опрема ниту пак стручен кадар кој може да ја заврши работата. Али еве од блиски извори ти кажувам дека работите постепено ќе се менуваат кон подобро

Да не зборувам пред време.
На темата храна, Јас лично стојам на ставот дека нема такво нешто како најперфектен бренд на дехидрат на светот. Оријен е најдобар можеби али не е перфектен(под перфектен подразбирам да нема куче што нема да одбие да јаде и да нема куче кое нема да изгледа топ, врв итд). Али затоа
перфектна храна(дехидрат, сирово итд) е храната која вашиот миленик најдобро му одговара. Јас лично можам да кажам дека одреден дехидрат што сум го давала ми се покажал вака или онака и да го препорачам, но во никој случај не можам да инсистирам дека тој и кај вашиот миленик ќе се покаже така или онака и јасно е како ден која е причината за тоа.
@Runner да, точно дека секој ќе препорача тоа што моментално го дава. Ти даваш Н&Д и си задоволен, но што ако да речеме дадеш Про План и добиеш и подобри резултати? Мене
@Lu може да ми се расфрла колку сака со Брит(треба дефинитивно да те вработи фирмава за маркетинг

) и дека Про План е крш, али резултатите што јас сум ги видела, се спротивни и се паѓа во вода. Мислам дека разбираш што сакам да ти кажам, поентата ми е дека јас можам да ти кажам како сум јас поминала на таа тема, без притоа да ти наметнам мислење или да инсистирам(тоа е она што
@wiksa пробува да и го каже на
@Papillon.Papi ).
Супер е кога се прашува, мене лично не ми смета, и јас сум прашувала и до ден денеш прашувам работи што можеби на поискусните и попаметните им изгледаат смешни и глупи. Али сите сме тука затоа што си го сакаме најдоброто за милениците, а тоа е објективно и тоа не треба да се критикува.