Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
"Странски служби" :D
странци се и виетнамци и кмери и пигмеи и ескими и бразилци и срби и бугарии руси и мексиканци и албанци и перуанци и американци...
од 7 милијарди жители на планетата 6.998.000.000 се странци
дајте доста ги криета кажете званично и официјално “другарот тој и тој или другарката таа и таа се странски сили“ да знаеме од кој да се пазиме
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Не е интересно. Демек тролам на оваа тема, јас сум над вас. Кога ќе те нагузи утре некој судија од тефтечето на Гоца, ќе се чудиш што те снашло.
Тоа е проблемот, не мислам дека сум над вас. Мислам дека сум сјебан исто ко вас. Сите сме. I just like it. Just like watching shit burn.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Добро, ова е од опозиционен медиум пренесено така да со резерва го прифаќам ама сепак е интересно.

Попладнево разговор со претседателот Ѓорге Иванов побарале Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, како и дипломатските претсавници на САД , на Велика Британија и на Германија, неофицијално дознава Плусинфо.

Исто така дознаваме дека претседателот Иванов одбил да се сретне со било кој дипломат со образложение дека неговиот распоред бил пренатрупан. Иванов одбил да објаснува било што и по телефон со образложение дека неговата одлука за аболиција е негово право и дека за тоа никому не треба поднесува сметки.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Тоа е проблемот, не мислам дека сум над вас. Мислам дека сум сјебан исто ко вас. Сите сме. I just like it. Just like watching shit burn.
Да, ама тролањето значи неискажување свој став за цело ова срање. Во основа тоа е страв. Дури и тука, на кајгана, која нема скоро никаков импакт на реалниот свет.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Да, ама тролањето значи неискажување свој став за цело ова срање. Во основа тоа е страв. Дури и тука, на кајгана, која нема скоро никаков импакт на реалниот свет.
Не, нема страв. Нема ни апатија. Нема ни дефетизам. Само пробувам да уживам во огнометот. Сакам да видам до каде ќе тераме. Тоа е мојот став. ¯\_(ツ)_/¯
EDIT: Притоа го имам задоволството да си играм со емоциите на забрињени ВМРОвци и антиВМРОвци. Зошто? Убаво ми е де.
Немам возвишена кауза. Се откажав од докажување поенти.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.123
Поени од реакции
15.069
Штета што ова се случи, иначе Зајко ќе излезеше на избори. Сега за жал со овој потег на Хорхе тоа нема шанса да се случи. Бед карма
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Исто така дознаваме дека претседателот Иванов одбил да се сретне со било кој дипломат со образложение дека неговиот распоред бил пренатрупан.
Тито ќе прднеше и кажваа на вести, кутар Ѓорѓи гла не може да крени од работа, ни пол сат време во денот нема да одвои за ЕУ, Америка, Германија, Англија.. и нишо не кажваат по вести за него
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Тито ќе прднеше и кажваа на вести, кутар Ѓорѓи гла не може да крени од работа, ни пол сат време во денот нема да одвои за ЕУ, Америка, Германија, Англија.. и нишо не кажваат по вести за него
нема време да се заебава со циркузанти:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Јас најискрено мислам дека ове беше политичко самоубиство на врвот на ДПМНЕ. Почнаа да стигаат шамари, и кредибилноста на изборите веќе се доведува во прашање. Сега не знам колку сендвичи да се потрошат на изборите, изгледа џабе ќе биде. Мислам дека експериментот суверена демократија во срцето на Европа привршува.

http://www.libertas.mk/han-odlukata-na-ivanov-ne-e-vo-linija-so-moeto-razbirane-za-vladeene-na-pravoto-seriozni-somnezhi-deka-se-mozhni-kredibilni-izbori/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom