Како можеш да дозволиш да бидеш овца на некој и да ми зборуваш ти на Мене за духовно исполнување? Оди гледај си ја црквата што те учи дека си грешен, да немаш љубов за сам себе и почит,
дека си безвреден црв на Земјата и живеј во страв, не мешај прсти во Мојата духовност! Не правиш разлика меѓу духовност и религија, со мене муабет ќе правиш и ќе ми кажуваш дали правам разлика меѓу верска организација и храм. И двете ви се чист промашај, а и вие со нив сте промашени робови на 21 век!

[DOUBLEPOST=1460464714][/DOUBLEPOST]Стојам на ставот дека за да се исполниш духовно и да се спознаеш самиот себе, треба да имаш храброст да одиш по својот сопствен пат. Да превземеш тотална одговорност над својот живот, а не да очекуваш чуда од некој си спасител
пред кого ќе се тресеш целиот свој живот. Бог или твоето повисоко себство или било што, што го сметате за духовно битие и го одделувате од вас самите и вашата суштина овде на Земјата може да се спознае само преку директно искуство, не преку догматски убедувања и програмирање на мозокот да работи според библијата или било која книга од тој беден калибар!