Така е и Македонија конечно ке се претвори во Кралство и ке има Крал кој ке владее доживотно заедно со неговата фамилија, и така сите ке живееме среќни и задоволни.[DOUBLEPOST=1460415583][/DOUBLEPOST]
А кога па им сработил некоја работа за сега да биде "и таа работа"?
Ние сме едно, еден народ, и ок е да имаме симпатии према некоја партија, ама не е ок кога некои ликови ги ставаме како побитни од правдата и вистината, а се плашам дека сум во право кога ке помислам дека за тие ликови некои луге би тепале а недај боже и би убиле.
Тоа кокодакање дека СЈО обвинува само една страна, е со сила глумење слепило. Ако нема ништо сомнително нема потреба од страв и притисоци. Нека им ги дадат сите потребни информации, судовите нека соработуваат повеќе со СЈО па ако немало криминал нема потреба од толкава галама, од што да се плашат?
И јас сакам да не постои криминал, да се докаже дека снимките се монтирани, затоа што така ке знам дека јас, мојата држава и народ не се оштетени т.е дека тие на кои сме им ја дале нашата доверба да располагаат со нашите пари, не ја искористиле за свои цели а нас не не украле. Ама тоа треба да се докаже.