Кој е вашиот предлог за нов селектор на ракометната репрезентација?

  • Креатор на темата Креатор на темата lions
  • Време на започнување Време на започнување

кој е нај соодветен кандидат за селектор

  • Брестовац

    Гласови: 2 4,3%
  • Червар

    Гласови: 24 51,1%
  • Камара

    Гласови: 7 14,9%
  • друг ќе се изјаснам во коментар

    Гласови: 14 29,8%

  • Вкупно гласачи
    47
  • Гласањето е завршено на .
Љубомир Врањеш. Кога веќе сонуваме :D
 
Последно уредено:
За нашиве само клавајте голој да се врати, оти не разбираат нашиве комплицирани тактики :D
 
Марјан Андонов, еден од најстручните тренери во мк и пошироко.
 
Од секогаш сум бил за странец тренер, а не тренери од Србија/Хрватска, ако веќе се определат за пак тренер од балканот, тогаш јас мислам поарно да биде македонец.
Наш чоек најубо ја знај играта, ги знај репрезентативците како дишат...

Јас сум за Шундо-лајк а бос :cool:
 
Вујо мајсторе, ќе се степа со цел тим уште пред да почнат натреварите. Вујо е тренер за играчи со муда, да ги мотивира до небо, не за овие што играат во моментов и немаат никаква спортска дисциплина вон терените.

И покрај се, би одбрал тренер од профилот на Вујо, или он или Трефилов, само ќотек, ама да се свестат и Кире и РФМ дека за да има промени, мора да го сменат начинот на однесување. Промените може нема да вродат со плод, бидејќи следниве генерации не ветуваат многу, ама мора да се проба некогаш...
Некој како Miroslav Blažević Ќиро (фудбалски тренер), само да тренира ракомет. И јас сум за таков.
Ко ќе свика или опцуе, да им се стресат нозете на ракометарите, а не Лазаров да викне и на тренерот да му се стресат нозете (како у случајот со Шундо).
 
Мојот глас иде за Шундо.
Испадна дека тој беше најконкретен во барањата кон тимот за тоа како треба да се одигра во нападот.:pos:
 
Од Македонските тренери не гледам некој кој со успех би ја водел репката,освен Шундовски..
Му праеа мајтап,КЛАВАЈТЕ ГОЛОЈ ова она,ама другарот оттогаш напредна премногу..
Со Констанца играше ЛШ,доста солидни играчи имаше Констанца и успеа да ги води неколку сезони и да освои доста бодови..
Сега со ЦСМ успева да извади максимум од тимот,во ТОП16 во ЕХФ КУП,не е мала рабоата...
Од времето кога беше селектор напреднат е доста..
Друг на лагер не гледам..
Стевче Стефановски е излезен од ракометот години,политика,професија и спорт не одат заедно..
Савевски:lut:,уште на прв тренинг ќе се испотепаат со Боркица и Кире...
Нема други тренери на лагер шо би можеле на подолг рок да ја водат репката,кој остана?
Доне Куглата,Андоновски од Охрид:pos:,Томчета Петреског:cool:,Илија Темелковски ака МУСТАКОТ,него освен во населнбата Пролет каде е цар не го барај..
Јовиќ,Зоран Петковски,Пепи,Аљушот..:pos:
Александар Петровски АКА Сајкало,Битолчанецот на кого животна желба му е да збори СКОПСКИ ЧУВЕЧЕ,како и другар му Аљуш:icon_mrgr:,ако ОНИииииииииииии:icon_mrgr: ГИ СТААТ ЗА СЕЛЕКТОР ЌЕ БИДАТ РАДОСНИ ЧУВУЧЕ...:icon_mrgr:
Брестовац бе,со програмчето хакирано од Замунда:kafence:
Таа ни е ФЕЛАТА,:pijani::kruna:..Циркузанти од еден до последен..
Единствен кој излегол надвор и не се вратил како помочан по некој месец е Звонко,можеби Романија не е некое којзнае какво првенство ама во споредба со оваа пародија од лига шо ја имаме е Бундеслига...
И друга работа,според мене,ПРВА И ОСНОВНА РАБОТА,ако бараат селектор тоа да биде некој кој ќе има време и ќе работи од Македонија и по можност да е само селектор,не и тренер на екипа..
Не да си го дрви во некој клуб надвор и да доаѓа овде еднаш на 3 месеци..
Не дека ако седи во Македонија ќе најди играчи,тие се играчите:icon_mrgr:,ама сепак посериозно делува кога селекторот ќе се посвети на следење на играчите...
Од странците,ако бараат искуство тука е Касим Каменица,старо куче,ама и за него важи погорното,иначе ќе имаме нов Обрван,малце застарени му се идеите,и веќе не е во шема мустакот...
Нас ни треба некој странец,некој копиљ како онај на ЦСМ Букурешт жените што им е тренерот,како се викаше другарот,со Полска епката напрај голема работа,ете го и во клубот има резултати..
Е таков некој,гладен за успеси,шо нон стоп работи,шо анализира,шо е желен за успеси,млад недокажан..
Таков ни треба,некој шо ќе работи 24/7...
И друга работа,ако сакаат и Врањеш нека го донесат,се додека не се исфрилтрира ростерот џабе е..
Премногу непотребни играчи ни играат-Столе и Жаре,исти :kuracc:на играчи,еден ќе мора да лета и да лапа сендвичи во Седумка,за двајцата место нема...
ЛЕВ БЕК ПОД ИТНО ДА СЕ ИСКОПА,а Фитило,Орката(или ако имаме таква среќа Нелоски)да се делкаат...
А прв лев бек да е некој странец,ако треба нека му искешираат милиони,некој како Бо Мекејлеб,има милион такви леви бекови кои не играат за ниедна селекција..
Играчи кои растураат во Франција,Германија,како знаат нека го ископаат,иначе ќе си тапкаат во место уште многу години...
Исто и за среден важи,полека времето на Жути замина,а реалнно Жути не е плеј разигрувач,тој е борец кој ќе изндуи пенал,ќе навлечи играч,нас ни треба нешто како Циндриќ или Карачиќ.
Да ги разигра Кире и левиот бек,па да пуцаме од сите страни...
Штета шо овие двајца ги викнаа доста брзо за репка,да бевме паметни барем еден да го скрасиме со МКД пасош ќе беше топ...
Вака сеа,со Гробарот Аут,Жути пред пензија,Прибак реално не е за прва опција ни фали еден класа среден бек..
Крила,пикери имаме,тука имаме коњ за трка со речиси сите селекции,посебно за крилата,за пикерите ќе се воздржам,ако се врати Столе во нормала...
А кога сме кај пикерите,јас да сум сеа на местото на тие богаташите од РФМ,одам кај Тоскиќ,му давам бланко чек и го натурализирам,нема играно за Србија ако не се лажам сигурно барем 2 години,има право да смени држава...
Е така се прај селекција,и покрај тие играчи кои ќе бидат костур да ги делкаш младите,а не како ние,играчи по 2 метра се резерви на Мојсо,и Прибак,зошто?
Тоа не смее да се случува,тие играчи треба да се делкаат и да учат од некој класа лев бек,па да добиваат минути и да покажат колку вредат,а не вака....
Цел систем ни е сјебан,прво физиономијата на играчите мора да ја скоцкаме како треба,да личиме на селекција,па после да изградиме една игра која ќе ја негуваме,и ќе ја форсираме..
А вака многу тешко,тргни застани....:popce:
 
Моја желба би била некој од калибарот на Вујо и Раул луѓе со МУДА и авторитет се другово е катастрофа посебно овие подзабораавените никако нема да се совпаднат.Иначе пред некој месец се шушкаше дека Лино ќе биде новиот селектор се чекало кикс на Обрван и сигурен сум дека ќе падне на него пикот,пошто тој е единствениот што може да работи си млади и со застарен метод.Како ид ае очекувам повторно Балканец на селекторската позиција или Лино,за Раул не ми се верува човекот си има работа у Вардар и не би верувал дека ќе се нафати да води репрезентација..
 
Ама се некако неизводливо ми изгледа да се најде во исто време квалитетен тренер а и да не води некоја екипа во исто време. А ако води некоја екипа па ако е од странство тогаш пак ќе биде до сега. И сеа вака коа се гледа ако е странец а да е почесто тука, остануваат Лино и Раул па и можда Дејвис :) Иначе вака не ми текнува на некој перспективен странец тренер кој би се нафатил да води исклучиво репрезентација.
 
Последно уредено:
Добар тренер не би се нафатил да тренира ваква репрезентација, Скандинавци може да сонуваме само.
Мој тип е дека ќе се постави некој партиски човек или евентуалено некој од екс-ју просторите кој ќе доаѓа со репката само на собири, исто како што беше Обрван.
Но ништо чудно и да го назначат Чика Лино, се шушкаше пред квалификациите дека доколку Обрван не овозможи настап на ОИ ќе дојде чиката, ќе видиме што ќе се случи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom