- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Во некоја од сродните теми, порано пишав дека не сум бил и не сум некој иселенички тип, па и пишаново овде донекаде е и повторување. Причините за останување се главно од сентиментален карактер. Некои, пак, се поврзани со одредени лични обврски и должности. Веројатно и тоа што ножот се' уште не е дојден до коска има некаква влијание.
Во последниве неколку години сведок сум на нов бран иселувања на роднини, познаници и пријатели. Во соло варијанта, во парови, па и неколку семејства со се 1-3 деца си бараат чаре главно во Германија, во Канада и во САД. Дури и тие што одат сами не се печалбари од оној традиционален тип (одат, печалат и се враќаат по одреден временски период), туку сопствената иднина и иднината на своите претпоставени деца ја планираат таму. Тоа се обични, нормални помлади луѓе, најчесто со високо образование, подолго време невработени или слабо, недоволно платени.
Горенаведената сума во анкетата како македонска плата не е неприфатлива, ама е достижна за занемарлив дел од нас, па не заслужува внимание. Веројатно и алтернативата е напумпана, ама не до толку. Од разговорите со оние што заминале, тие си немаат посебно голем проблем со парите, поради кој би помислиле да се вратат. Ги мачат носталгијата, тоа што не ги гледаат родителите, друштвото и сл. Овие маки посебно важат за оние што заминале сами. На другите им е полесно. Побрзо се навикнуваат.
Мислам дека веќе е пишано дека покрај платата, важен е и квалитетот на животот. Подоброто здравство, поголемата безбедност и сигурност, и политиката како не толку важна, туку споредна работа во животот -никако не се занемарливи.
Секој со својата приказна. Има и такви што таму не поминале баш најдобро, па се враќаат овде, каде што исто така не им е супер. Има такви што се незадоволни. Ама има и многу други, како што беше случајот со еден мој доста постар познаник, сега пензионер, кој без проблем би победил на секој избор за типичен медиокритет. Кога го прашав каков е животот во таа скандинавска земја (уште е таму), одговорот кој се состоеше од два збора му беше: „Земја дембелија“.