Живот во родна земја или странство?

Дали повеќе би избрале:

  • Живеење во Македонија со сигурна плата (државна или приватна сеедно) од 35.000 ден.

    Гласови: 49 41,5%
  • Живеење во странство (Германија, УСА, Шведска...) со плата од 3-4К евра

    Гласови: 74 62,7%

  • Вкупно гласачи
    118
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Во некоја од сродните теми, порано пишав дека не сум бил и не сум некој иселенички тип, па и пишаново овде донекаде е и повторување. Причините за останување се главно од сентиментален карактер. Некои, пак, се поврзани со одредени лични обврски и должности. Веројатно и тоа што ножот се' уште не е дојден до коска има некаква влијание.
Во последниве неколку години сведок сум на нов бран иселувања на роднини, познаници и пријатели. Во соло варијанта, во парови, па и неколку семејства со се 1-3 деца си бараат чаре главно во Германија, во Канада и во САД. Дури и тие што одат сами не се печалбари од оној традиционален тип (одат, печалат и се враќаат по одреден временски период), туку сопствената иднина и иднината на своите претпоставени деца ја планираат таму. Тоа се обични, нормални помлади луѓе, најчесто со високо образование, подолго време невработени или слабо, недоволно платени.
Горенаведената сума во анкетата како македонска плата не е неприфатлива, ама е достижна за занемарлив дел од нас, па не заслужува внимание. Веројатно и алтернативата е напумпана, ама не до толку. Од разговорите со оние што заминале, тие си немаат посебно голем проблем со парите, поради кој би помислиле да се вратат. Ги мачат носталгијата, тоа што не ги гледаат родителите, друштвото и сл. Овие маки посебно важат за оние што заминале сами. На другите им е полесно. Побрзо се навикнуваат.
Мислам дека веќе е пишано дека покрај платата, важен е и квалитетот на животот. Подоброто здравство, поголемата безбедност и сигурност, и политиката како не толку важна, туку споредна работа во животот -никако не се занемарливи.
Секој со својата приказна. Има и такви што таму не поминале баш најдобро, па се враќаат овде, каде што исто така не им е супер. Има такви што се незадоволни. Ама има и многу други, како што беше случајот со еден мој доста постар познаник, сега пензионер, кој без проблем би победил на секој избор за типичен медиокритет. Кога го прашав каков е животот во таа скандинавска земја (уште е таму), одговорот кој се состоеше од два збора му беше: „Земја дембелија“.
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50

Добро напишано. Сепак од се ова напишано до сега на темава, мислам дека се зависи од психата на иселеникот. Дали и како ќе се привикнеш на тој начин на живот. Фактички џабе ти е да имаш висока плата ако неможеш да издрижиш на психички план (носталгија). Односно, додека не пробаш самиот не можеш да знаеш како би ти било. Можеш 1001 приказна да слушнеш а за тебе поразлично да е. Барем јас така мислам.
 
Ф

Флеш

Гостин
Јас сум човек кој се приврзува за работи и тешко ми е да ги напуштам.Ако имам можност за странство,зошто да не.Ќе одам САМО со цел да заработам пари и да се вратам во Македонија во блиска иднина.Има пронс и конс во странство да одиш.Немаш социјален живот,ќе бидеш странец,као шо ние Албанците ги гледаме тука исто.За што можеш да бидеш сигурен воопшто било каде.Исто гомно е сегде.Институции или полиција,сигурност итн.Во Сад имаш една од најголемите стапки на насилства во свет.Немаш баш здраствено осигурување како во Македонија.Колку пари толку лекови е кај нив.Затоа сите бегаат за Канада.

Да се вратам назад,они се подобри по тоа што поотворени се на поле за напредок на работа,стручност на образование и здраство и наука.Македонија е многу млада земја да го стигне нивниот степен.Но многу се скапи за услуга за разлика во Македонија.

Можеби затоа најдобра солуција за сите нас е да отидеш да успееш на профи план и да се вратиш во Македонија и да го вложиш искуството.Нема аир од кукање не чини,фади џаде и ако цркне цркнало не лечи.Израел е перфектна земја за пример.Ко нас се.Во вечна војна се,беа истребувани,раселени се сегде но не се откажуваат.Фанатизам имаат.Израел мора да се подобри,мора постои,мора да функционира.Кај Македонците го нема ова.Абе толку се мразиме самите себе.Ако има партизација зошто не спречиш процес.Не земај книшка,прекини процес што прават другите,следи морален принцип.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.373
Поени од реакции
5.137
Лошо преформилирано е ова дете, треба:

Што е подобро

Сиромав во Германија?
или
Богат во Македонија?

Еве визуелно

Сиромав во Германија си земаш минималец плата, 5 дена во неделата работиш 2 ти се слободни, сите се културни и те почитуваат, плаќаш сметки без турканици, без нервози возиш низ град, си излегол од работа без условување од газдата и без мобинзи за да го однесиш детео на забно каде завршувате работа за 30мин. Имаш викенд шема со триста збиднувња. Водиш сиромашен и среќен живот, си купуваш телевизори, плејстешени, тенџериња, косачици и остали куреви...

Богат во Македонија имаш на сметка 2 милиони евра. Фирмата ти се бави со матен бизнис, сакал нејќел поврзан си со партијата која ти бара пари за да ги финансираш за кампањата, УЈП ти дишат зад врат. Детето ти е пуштено од раце, му плаќаш дипломи со пари зашто корупцијата цвета. Гнетеш ко стока затоа можеш да си приуштиш холестелорот ти е 20ка, те фаќа срчка подмитуваш доктор 20.000€ да те оперираат. Те сече некоја пијана пропалица пошто сите способни отишле да го лечат овој сиромашниов во Германија... те заебуе и умираш а капиталот останува на женати да ти го споебе и свеќа да не ти запали никад.

Социјалниот статус, општеството, културата која ја поседуваат, начинот на живеење, размислувањата кој ги имаат... сето тоа е на повисок стадиум од овде кај нас.

Независно од финансиските средства кога би имал можност да се тргнам одовде не би размислувал ни 1%.

Џабе ти се тебе парите ако државата и општеството гледаат да го злоупотребат тоа против тебе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.660
Јас сум човек кој се приврзува за работи и тешко ми е да ги напуштам.Ако имам можност за странство,зошто да не.Ќе одам САМО со цел да заработам пари и да се вратам во Македонија во блиска иднина.Има пронс и конс во странство да одиш.Немаш социјален живот,ќе бидеш странец,као шо ние Албанците ги гледаме тука исто.За што можеш да бидеш сигурен воопшто било каде.Исто гомно е сегде.Институции или полиција,сигурност итн.Во Сад имаш една од најголемите стапки на насилства во свет.Немаш баш здраствено осигурување како во Македонија.Колку пари толку лекови е кај нив.Затоа сите бегаат за Канада.

Да се вратам назад,они се подобри по тоа што поотворени се на поле за напредок на работа,стручност на образование и здраство и наука.Македонија е многу млада земја да го стигне нивниот степен.Но многу се скапи за услуга за разлика во Македонија.

Можеби затоа најдобра солуција за сите нас е да отидеш да успееш на профи план и да се вратиш во Македонија и да го вложиш искуството.Нема аир од кукање не чини,фади џаде и ако цркне цркнало не лечи.Израел е перфектна земја за пример.Ко нас се.Во вечна војна се,беа истребувани,раселени се сегде но не се откажуваат.Фанатизам имаат.Израел мора да се подобри,мора постои,мора да функционира.Кај Македонците го нема ова.Абе толку се мразиме самите себе.Ако има партизација зошто не спречиш процес.Не земај книшка,прекини процес што прават другите,следи морален принцип.
Национализмот, религијата, партиите, сектите и да не набројувам уште какви не организации ти се мизеријата на човекот, баш поради овие работи се војните, класни поделби и тн, а уствари ти прават филм дека се создадени за сечие добро!
Оваа земја не успеале да ја оправат повеќе од 2 милениуми и ти гарантирам дека уште многу време тешко дека ќе биде нешто (само ако им испадне поинаква математиката на големите сили може да решат да ја дигнат малку нагоре, се додека не сме им од интерес ќе бидеме црна точка), сметаш ли дека вреди да го поарчиш животот на глупости, а имаш прилика да проживееш стабилен, нормален земски живот?
Или ако мизеруваш во мкд и му ги лижиш јајцата на тој што е на власт, госпо ќе те земи за десна рака?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.786
Поени од реакции
63.390
Пред 5 години ке кажев, нема шанси да си заминам од Македонија.

Но сега, иако имам приходи од 600-1000Е месечно, почнувам да се се чувствувам безизлезно. Целиов систем е отиден на бандаж. Би се иселил чисто заради тоа што знам дека децата ке имаат 10х поголеми шанси за успех во животот, отколку тука.

Ми пречи тоа што неписмени ја водат државата, што немаме култура, здравство. Што све функционира преку врски и политиката е влезена во секоја пора на општеството.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
3.505
Здраво луѓе, што повеќе би избрале, живот во странство со ОДЛИЧНА заработувачка НО одделен од својте пријатели, семејството.
ИЛИ живот во Македонија со ДОБРА заработувачка од 35 илјади денари?
Samo nekoj sto nikogas ne prosetal podaleku od makedonija moze da se misli na ova prasanje.
Koga ke izlezete malce podaleku ke sfatite deka makedonija e edno obicno selo. Korumpirana kriminalna vukojebina kaj sto rabotite se menjavaat od den na den (kon poloso)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Заклучок - ако примарна цел ти се парите и живеење во подобро среден систем и спремен си да работиш а те боли таквото за дружби, роднини, Македонија и дали децата ќе ти зборат германски или норвешки тогаш подобро е да се иселиш од Македонија. Ништо страшно, секој со своите желби и идеи.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
3.505
Moite pari mozebi povekje vredat tuka ama so toa sto bi mozel da go dobijam za niv vo stranstvo ne mozat da se sporedat. Bilo kade vo evropa imas ogromen izbor na daleku pokvalitetni proizvodi vo sporedba so tuka. Tuka takvi nema nikogas da vidis.
Baska i zagaden vozduh, zagadeni lugje, zagadena idnina...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.660
Заклучок - ако примарна цел ти се парите и живеење во подобро среден систем и спремен си да работиш а те боли таквото за дружби, роднини, Македонија и дали децата ќе ти зборат германски или норвешки тогаш подобро е да се иселиш од Македонија. Ништо страшно, секој со своите желби и идеи.
Жално е шо нема да можи да го зборуваат македонскио, јазик даен од госпо, библиски шо би рекле, жалосно е вакви сатански јазиции да учат македончињата, во Македонија ако си ќе му ставиш тампони во ушите да не слуша на друг јазик ;)
 
Колку години имаш пријателе? Иронијава ти е на многу ниско средношколско ниво. Знаење на повеќе јазици а богатство и самиот знам неколку јазици. јзикот го спомнав во контекст на традиција и национално чувство. На многумина тоа денес не им значи ништо но ете има добар процент на луѓе кои им значи. Нема потреба од иронија, затоа што се може да се исмева многу лесно.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.660
Колку години имаш пријателе? Иронијава ти е на многу ниско средношколско ниво. Знаење на повеќе јазици а богатство и самиот знам неколку јазици. јзикот го спомнав во контекст на традиција и национално чувство. На многумина тоа денес не им значи ништо но ете има добар процент на луѓе кои им значи. Нема потреба од иронија, затоа што се може да се исмева многу лесно.
Зошто ги учеше јазиците ти, зошто не остана само на супериорниот македонски јазик, сега си полупредавник!

Традиција и национално чувство ти се заебани работи во земја каде стомакот ти празен, извршителите ти тропаат на врата, притисокот во плафон, стресот дали и утре ќе си на работа со чија плата можеш едвај да покриеш сметки!

Јас ти ја кажувам реалноста која очигледно не ја гледаш низ розевите наочари, свесен сум дека на многу народ тука му цветаат рози и мене да ми даеле 2-3 стана моите и да ми течат на сметка 2-3к месечно ќе си го ладам и ќе плескам со рацете, ама нажалост...
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Samo nekoj sto nikogas ne prosetal podaleku od makedonija moze da se misli na ova prasanje.
Koga ke izlezete malce podaleku ke sfatite deka makedonija e edno obicno selo. Korumpirana kriminalna vukojebina kaj sto rabotite se menjavaat od den na den (kon poloso)
Немој да ме лажеш! Јас сум 100% уверен дека Македнија е најдобрата и најбогата земја за живеење. Секој сака тука да се пресели! он на мене...
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
326
Поени од реакции
315
Заклучок - ако примарна цел ти се парите и живеење во подобро среден систем и спремен си да работиш а те боли таквото за дружби, роднини, Македонија и дали децата ќе ти зборат германски или норвешки тогаш подобро е да се иселиш од Македонија. Ништо страшно, секој со своите желби и идеи.
.....politikata koja ja zastapuvash ili branish, podobro recheno, dovede da vakvi temi sé pochesto niknuvaat.
I nemoj da nosish zakluchoci, temava ne e pri kraj ili zakluchena, ili tebe i na tvoite povekje bi Vi odgovaralo da bide zakluchena !?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.764
Поени од реакции
18.337
Факт - иако многу луѓе ја напуштаат земјава, потребно е да се деси епска катаклизма на одлив на луѓе за да земјава има шанси да "преживее" и егзистенцијално и духовно. Во ред е тоа со политичарите, политичарите се лика и прилика на менталитетот на народот, политичарите го зборат тоа што луѓето сакаат да го слушнат, и ради тоа се политичари и заработуваат пари од правење ништо. Тоа не е случај само во Македонија, ама кога народот ти е погрешно насаден и самиот не знае кај тера е тогаш имаш проблем. Затоа може и боље да го снема народот, на тој начин можда и ќе се роди нешто ново и корисно за разлика од бљувотината што вирее сеуште тука.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom