Не можам да тврдам со сигурност дури не пробам, ама според она што го најдов на официјалната страна gov.uk, мислам дека не си во право за некои работи. На линков има точно објаснето за целата процедура и самата виза е бесплатна, се плаќа мислам само околу 60 фунти за Teleperformance (апликационен центар задолжен за посредување за виза):
https://www.gov.uk/family-permit
Што се однесува до другар ти со англиски пасош, колку и да звучи нелогично и чудно, потешко е тој да ја однесе сооругата од овде бидејќи треба да прикажува приходи, кај живее, дали ќе може да ја издржува фамилијата, кредит скорови и кој знае уште што не бидејќи тој веќе живее таму.
А било кој ЕУ граѓанин може да поднесе за брачен другар што не е од ЕУ и да идат без некогаш да живееле во УК. Целата работа е што оваа виза или Permit (дозвола) важи точно 6 месеци од датум на издавање и си должен во рок од тие 6 месеци да аплицираш за наредна дозвола која би важела 5 години. Во тој период можат и двајцата да работат.
Пак ќе кажам, ова е мој заклучок на основ на ова што го читав по форуми и на сајтот на
www.gov.uk, не стојам 100% зад она што го пишувам дури не пробам.
Ќе разгледам деновиве и ќе видам што точно треба да се направи.