Види, сето тоа што го кажуваш е валидно, но ова не мора да биде прозаичен катулу вид на дискусија!
За да се постават параметрите на овој дискурс јасно, мора да се наложи протокол којшто ќе спречи ретрибутивна форма на информациски ексчејнџ.
Додека агентите кои разменуваат информации, се фокусираат на суштинското екстрактирање на есенцијата позади оваа дилема по пат на еклектична и динамична дискусија, нема да има потреба од инволвирање на емоциите кои се ретрибутивни и контрапродуктивни за дискусијата. Честопати, истите се манифестираат во форма на критики поврзани со формата на одреден аргумент наспроти евалуацијата на суштинската компонента на истиот! И тој препостеруозен акт на пасивна агресија, го инхибира дискурсот и поставува поинаков социјален динамик на неинтерактивно меѓусебно кењање ко што би рекле вие голубарите, а не обонасочна размена!
Од друга страна, твојот експлицитен сукцесивен расплод на голуби без настани кои би го потврдиле лоу оф ларџ намбрс правилото за по некој гулаб кој е суицидален, укажува на божји благослов! Додека иредентизмот на ВМРО политиката за освојување на Егејска Македонија и анексација на Пирин, не е во склоп на твојата индоктринација, прозелитизмот којшто е евидентен со твојот обид да го дефинираш успехот преку чување на гулаби, ќе ти биде опростен.