Коефициент на интелигенција IQ

  • Креатор на темата Креатор на темата atrum versus
  • Време на започнување Време на започнување
Се манипулира со бројка околу 140 за Хитлер .
 
Се манипулира со бројка околу 140 за Хитлер .
Хитлер во текот на 2СВ донесувал погрешни одлуки на што ми се противеле тогапните генерали, одлуки кои германците ги коштало пораз, ради тоа мислам дека хитлер имал низок IQ. :D
Туку баталете Хиитлер, некој да не знае грујо колкав IQ има? :D
 
Како според вас коефициентот на ителигенција е мерило за успех?
Колку тој е битен?
Дали повисокиот коефициент на интелигенција значи и поуспешна личност?
Пред една недела го ослободија Шешељ . Тој може да ти биде репер да си одговориш скоро на секое од овие прашања .
Човекот е со несомнено докажан висок IQ , дали е успешен , мхм ?
 
Вие што кажувате колку имате IQ каде сте измериле?
(прашувам за официјални резултати за кои ќе имате пусулче, а не тестови од интернет кои ако решиш 3-4 пати, па може и до 170 да догураш).

За да постигнеш успех во општеството играат улога многу фактори, IQ има улога, но покрај него имате уште многу коцки кои треба да се поклопат за да станете некој и нешто (моќ на убедување, круг на пријатели, социјален статус, моќ на семејство, членство во најразлични организации, состојба во општеството во периодот кога се бавите со нешто и уште илјадници други променливи кои треба да се поклопат за да котирате високо).
Познавам луѓе кои верувам дека имаат високо IQ ( доста јаки математичари, физичари..), но во реалност едвај две реченици може да сврзат со друга личност, е за да успеат таквите или треба некој да ги дигне од дома и да ги седне да работат на она што се добри или пак да смислат некое чудо корисно за општеството, па така некој да чуе за нив, ако се остави на нив самите да се промовираат успехот ќе се стреми прилично кон нула (мислам на општествениот успех).

Успех е ако го постигнеш тоа што сакаш да го постигнеш, без разлика на тоа што е.
На пример, 99% од луѓето сакаат ферари и за нив успех е ако имаат ферари. 1% сакаат фичо.
Ако ја купам фичо и сакам фичо, по дефиниција сум поуспешен од тебе кој си купил ферари, а сакаш фичо. 99% од луѓето те гледаат ко поуспешен од мене пошто за нив, ферари е успех и они се проектираат на мое и твое место. Ама по дефиниција, ја сум поуспешен од тебе пошто го имам тоа што сакам да го имам. Ако сакам да пишуем поезија и пишувам добро поезија, исто така сум успешен. Све дур праиш нешто што сакаш да го праиш, успеваш, без разлика на тоа каква е природата на тоа што го праиш и дали е купливо со пари или не.

Според ова циганите доаѓаат најпаметен народ, си го лади цел живот, собира ѓубре по контејнери, денес 1000ка ако лапне слави како да фатил на лото, превозно средство му е шпедитер со коњ кој му е купен пред умирање и го чека да скине конци за да го изеде...
Оваа дефиниција ти држи вода за задоволување на внатрешното јас, на она што самите сме среќни, но ако јас денес сум среќен цел ден да си го прчам и да пијам пиво пред кооперација не правејќи ништо корисно ниту за општеството ниту за семејството, чекајќи да стигне пензијата на старите не ме прави ниту успешен ниту корисен за општеството.
 
Вие што кажувате колку имате IQ каде сте измериле?
(прашувам за официјални резултати за кои ќе имате пусулче, а не тестови од интернет кои ако решиш 3-4 пати, па може и до 170 да догураш).

За да постигнеш успех во општеството играат улога многу фактори, IQ има улога, но покрај него имате уште многу коцки кои треба да се поклопат за да станете некој и нешто (моќ на убедување, круг на пријатели, социјален статус, моќ на семејство, членство во најразлични организации, состојба во општеството во периодот кога се бавите со нешто и уште илјадници други променливи кои треба да се поклопат за да котирате високо).
Познавам луѓе кои верувам дека имаат високо IQ ( доста јаки математичари, физичари..), но во реалност едвај две реченици може да сврзат со друга личност, е за да успеат таквите или треба некој да ги дигне од дома и да ги седне да работат на она што се добри или пак да смислат некое чудо корисно за општеството, па така некој да чуе за нив, ако се остави на нив самите да се промовираат успехот ќе се стреми прилично кон нула (мислам на општествениот успех).

Според ова циганите доаѓаат најпаметен народ, си го лади цел живот, собира ѓубре по контејнери, денес 1000ка ако лапне слави како да фатил на лото, превозно средство му е шпедитер со коњ кој му е купен пред умирање и го чека да скине конци за да го изеде...
Оваа дефиниција ти држи вода за задоволување на внатрешното јас, на она што самите сме среќни, но ако јас денес сум среќен цел ден да си го прчам и да пијам пиво пред кооперација не правејќи ништо корисно ниту за општеството ниту за семејството, чекајќи да стигне пензијата на старите не ме прави ниту успешен ниту корисен за општеството.

А зошто еквивалентираш успешен и корисен за општеството? Многу луѓе се "успешни" па не се корисни за општеството. Дедалус збори токму за тоа, проекција на сопствени вредности врз другиот за да го оцениш како успешен/неуспешен и ти ја правиш таа грешка.
Реално не постои објективна дефиниција за што го прави еден човек успешен. Коренот на зборот е успех, што значи дека си постигнал/направил/купил/итн нешто а постигнуваш нешто кое самиот се трудиш да го постигнеш.
Постои само социјален консензус и peer pressure кој се базира на субјективни арбитрарни верувања дека успехот е дефиниран од парите кој in turn е поттикнат од карнална потреба да се поседува и контролира, што не секогаш е така. Точно е дека парите често можат да ти го олеснат патот до тоа што го сакаш, но не секогаш парите можат да ти го овозможат тоа што го сакаш.
 
Според ова циганите доаѓаат најпаметен народ, си го лади цел живот, собира ѓубре по контејнери, денес 1000ка ако лапне слави како да фатил на лото, превозно средство му е шпедитер со коњ кој му е купен пред умирање и го чека да скине конци за да го изеде...
Оваа дефиниција ти држи вода за задоволување на внатрешното јас, на она што самите сме среќни, но ако јас денес сум среќен цел ден да си го прчам и да пијам пиво пред кооперација не правејќи ништо корисно ниту за општеството ниту за семејството, чекајќи да стигне пензијата на старите не ме прави ниту успешен ниту корисен за општеството.
Успех по дефиниција значи „да го постигнеш тоа што сакаш“.
А „општествено успешен“ одговара на две прашања:
-Дали си го постигнал тоа што мнозинството во едно општество го сметаат за успех?
-Дали тоа што го правиш, некако доведува до општествен бенефит (според одредени консензуално определени критериуми)?

На пример, еден говнар чијашто фирма може да експлоатира работна снага со ужасни услови за работниците за евтини пари додека говнарот ги троши во Холандија на курви и шрумс наместо за општеството во кое живее, ќе биде „успешен“ според тоа што мнозинството во општеството го сметаат за успех, а може да не е бенефитен за општеството. Ова е прост пример којшто треба да долови поента.
Ако земеш на поглобален план тука, неговите пари кружат и на светско ниво е корисен иако според одредени стандарди, он ја плаќа работната снага помалку пошто во неговата земја он е ВМРО и има монопол. Со ова више ќе навлеземе во проблеми за општествената корисност и како се пресметува што не е тема на дискусија али ако ти се тера натака, нема гајле.

Е сега, ако постулираме дека според другата дефиниција, општествено успешен подразбира опшествено бенефитен и определиме што подразбираме под „општествено бенефитен“ (според некоја премиса која вклучува максимална општа среќа и сл.), тоа не мора да биде успех за лични цели. На пример, ако некој работи нешто што не сака, а од тоа постои општествен бенефит, тогаш мораме да се согласиме дека он е општествено успешен.

Ако општествено успешен значи да сакаш да постигнуваш работи кои истовремено се и општествено бенефитни, тогаш на пример еден лекар којшто со мерак го работи тоа што го работи, е успешен човек.

Све зависи од првичната дефиниција за успех и дали тоа подразбира личен успех, општествен успех или и двете (со што треба да се дефинира општествен успех).
Ако напраиме некоја градација според моите лични етички начела:

1. Најбоље е ако правиш нешто што ем го сакаш, ем е општествено бенефитно, ем повеќето мислат дека тоа е успех (последново ти дава некој социјален статус +).

2. Полошо е ако правиш нешто што го сакаш, е општествено бенефитно ама повеќето мислат дека тоа не е успех (губиш малце статус).

3. Уште полошо е ако правиш нешто што не го сакаш, е општествено бенефитно и повеќето мислат дека тоа е успех (општеството пред личните интереси).

4. Уште полошо е ако правиш нешто што не го сакаш, е општествено бенефитно и повеќето мислат дека тоа не е успех.

5. Уште полошо е ако правиш нешто што го сакаш, не е општествено бенефитно, а повеќето мислат дека тоа е успех.

6. Уште полошо е ако правиш нешто што гo сакаш, не е општествено бенефитно и повеќето мислат дека тоа е срање.

7. Најлошо е да правиш нешто што нејќеш, не е општествено бенефитно и повеќето мислат дека е срање.

Според моите морални вредности, општеството треба да е приоритет број 1, личните интереси да се приоритет број 2, а тоа што другите мислат дека е успех, приоритет 3. Некад една работа може да опфаќа 2 или 3 од овие компоненти.
Ја на пример иако верувам дека ова е правилно, од себични причини, не го почитувам и го ставам тоа што јас го сакам како број 1. многу често.
 
Интелигенцијата не може да се измери и од лично искуство стојам зад ова и при разговор со еден од подобрите психијатри кај нас ми го има речено он, интересно пошто нив им се овие тестови многу битни.
 
А што е мерило за успех? Дали сум успеал ако сум го постигнал ја тоа што сум сакал да го постигнам или тоа што е општествено зацртано?
За општествен консензус, да IQ игра улога. Ама играат и социоекономскиот статус, образованието, мотивација, истрајност, поставување цели, креативност, емотивна зрелост.
Што е мерило за успех треба народот на избори да се произнесит. Нема што тука да се дискутира, да се цитираат научни трудови, истражувања и методи.
 
Очигледно македонскиот не е доволно богат јазик , за да дојде до израз нечиј висок коефициент на интелигенција !
 
Интелигенцијата не може да се измери и од лично искуство стојам зад ова и при разговор со еден од подобрите психијатри кај нас ми го има речено он, интересно пошто нив им се овие тестови многу битни.
Се сложувам, интелегенција е многу широк поим.
 
Така е. Немоеш да еквивалентираш сукцес со бенефит, као што немоеш да коефициентираш интелигенција без да ја контекстуализираш истата и да симплифицираш конклузии без процесирање релевантни варијабли.
 
Стрико, интродуцираш квинтесенцијален вајб со коментаров, инвоцирајќи ги најелоквентните торбешки, но и каурски ентитети во дискурсоф.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom