Primera División - Liga BBVA 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Rigil
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион ?


  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .
А што демек да сакаа ќе тепаа? Факт - Барселона до мечот со Реал нема пораз на Камп Ноу повеќе од сезона. Ја би рекол со појачана средина и со помалце респект, Реал и тоа како може да се натпреварува. Одбранбено, при контри, се швајцарско сирење.


Барса вчера после 70-та минута премногу падна физички . Голема улога имаше интернационалнава пауза за јужно американциве. Меси, Суарез, Нејмар, Маскерано, Дани, сите беа по америките. А, кој бил во Јужна Америка знае колку време му треба да се приспособи кога ќе се врати во Европа, посебно па фудбал да игра. Европа - Америка - Европа, се тоа во недела дена е верувај премногу. Дури и од Кенијциве да си па ќе паднеш физички. Си зема и тоа данок.

Со муабетов не сакам да му ја оспорам победава на Реал или по дифолт да значи дека Барса ќе победела, само сакам да укажам дека да беше колово во низа ваква Барса бар на физички план немаше да видиме. Од кога е тука Енриќе тој дела е на потребното високо ниво, освен на почетокот од сезоната кога екипата не е на потребниот фитнес и кога следуваат интернационални паузи па на екипата и треба недела дена да се приспособи.
 
Барселона мечот го загуби заради тактичката замисла на Лучо што буквално го остави Меси во средина додека Суарез потфрли со тоа што слабо се отвараше на десната страна. Се чини дека замислата беше да Меси влегува како лажна “9“ а Суарез да се повлекува во десно.
Среќа првото полувреме Ракитич доста покриваше и буквално го изеде Марсело,после неговата смена со Арда Барселона пропадна по десната страна(од каде сите контри и полуконтри ги шибаше Реал).
Не знам дали свесно или несвесно им ја остави цела десна половина Енрике или беше само еден лош ден на Меси и Суарез па тактички скроз потрфрлија,што и да беше редно беше да им се деси пораз(после толку исцрпувачки мечеви со клубот и репрезентативниве и заморот си го направија своето).

И супер ќе им дојде овој пораз на каталонците,баш во право време и од вистински противник.
Верувам поразов ги повреди до сегмент да гризат следниве натпревари.
 
Барса вчера после 70-та минута премногу падна физички . Голема улога имаше интернационалнава пауза за јужно американциве. Меси, Суарез, Нејмар, Маскерано, Дани, сите беа по америките. А, кој бил во Јужна Америка знае колку време му треба да се приспособи кога ќе се врати во Европа, посебно па фудбал да игра. Европа - Америка - Европа, се тоа во недела дена е верувај премногу. Дури и од Кенијциве да си па ќе паднеш физички. Си зема и тоа данок.

Со муабетов не сакам да му ја оспорам победава на Реал или по дифолт да значи дека Барса ќе победела, само сакам да укажам дека да беше колово во низа ваква Барса бар на физички план немаше да видиме. Од кога е тука Енриќе тој дела е на потребното високо ниво, освен на почетокот од сезоната кога екипата не е на потребниот фитнес и кога следуваат интернационални паузи па на екипата и треба недела дена да се приспособи.
Не го оспорувам тоа, ама и пак го надтрчаа Реал, не дека постои тим кој Реал не го надтрчал сезонава.
 
Како може да не биде толку лош кога им поништи чист гол на Реал? :D Жива среќа што тепаа овие па не може да се каже дека Реал е оштетен. Иначе Реал тотално ја надигра Барселона, во секој сегмент од играта. Браво за Зизу (y)

Роналдо после година и пол изигра утакмица како што треба, значи не зборам за голот него општо, едно 100 години го немам видено да се враќа назад и да покрива, а денес неколку пати ги затвори Суарез и Нејмар по страните, пресече неколку топки и истрча премногу. Е вака да игра на секоја утакмица друго ќе е. :D
А чист пенал над Меси у прво?
 
А чист пенал над Меси у прво?
Не брат, ко прво не ни беше фаул Меси почна да паѓа уште пред да има било каков контакт од Рамос.
Второ и да имаше прекршок беше надвор од шеснаесетникот, не внатре.
 
Како можеш да го негираш тој фаул од Рамос , па и самиот беше свесен дека направи фаул , па цинично се смешкаше што судијата му ги толерираше глупостите . На крај и црвениот картон кога го доби , несвојствено мирен , нормално како копито цел меч и кога ја премина секоја граница доби црвен .
 
Не брат, ко прво не ни беше фаул Меси почна да паѓа уште пред да има било каков контакт од Рамос.
Второ и да имаше прекршок беше надвор од шеснаесетникот, не внатре.
Добро, и голот на Бејл беше оправдано поништен. Бидете објективни еднаш у живот ебате, порано почнал да паѓа...
 
Добро, и голот на Бејл беше оправдано поништен. Бидете објективни еднаш у живот ебате, порано почнал да паѓа...
Е ајде бе брат види убаво и прашај пак кој не е објективен, ова е фаул за тебе, сериозно?

 
И ова да спомнам , секоја чест на Флорентино Перез дојде да оддаде почит на Кројф и се потпиша во книгата на жалост , но навивачите што свиреа на минута молк на натпреварот се дно амеби .[DOUBLEPOST=1459711393][/DOUBLEPOST]
Е ајде бе брат види убаво и прашај пак кој не е објективен, ова е фаул за тебе, сериозно?


Не оди на топка , ја испружа ногата да го спречи Меси во продорот , да не ти треба диоптер да видиш подобро или пристрасноста не ти дава да видиш?
 
Не се кревајте и вие сега, ги добија Реал на Барса на најнебитното Ел Класико во последните години, кога титулата е 95% во рацете на Барса и ајде одма Реал се стабилизираше, па дури и подобри се од Барса, а овие вториве паднаа, готово нема титула веќе во Примера, а и во ЛШ отпаднаа крај е :pos:

Заклучоци левел кајгана не ме изненадува воопшто. Јас од кога пратам Барса во првиот меч од сезоната три пати во лигата го дотепува Реал и на сите три реванши истата сезона не успева да победи. 05/06 Роналдињо кога му ја искрши кичмата на Иван Елгиера (или Елгуера како и да се изговара) вториот меч во сезоната заврши 1-1. 10/11 сезона кога тепаше 5-0 Барса, вториот меч пак 1-1 заврши. Сезонава еве 0-4 на Бернабе, повратниот дуел тепа Реал 1-2. Исто така 12/13 март месец некаде на Бернабе кога го исклучија на крајот Валдес за протести, Реал тепаше 2-1, а пак ситуацијата беше нешто слична, Барса бегаше доста бодови и нормално на крајот си освои.

Реал игра подобро кога не се под притисок, апла се гледа тоа. Едино на мечот 2012 кога освоија титула покажаа повеќе муда, ама сепак не е доволно за сите шамари што ги имаат добиено. Затоа полека малку (calma, calma како што би рекол Роналдо :icon_lol: ) со тие заклучоците, Реал треба фурни леб да јаде за со ваква Барса да се натпреварува.

Најсикрено кажано, постов ти е многу глуп.

Барса беше доминантна и Реал беше искомплексиран во класиката до 2010 и фамозната петарда, за тоа нема збор и тоа никој фан на Реал нема да ти го негира.

Работите значајно се променија во сезоните со Мурињо, од тогаш Барса единствено сезонава во бруката со Бенитез го има победено Реал на начинот на кој го победуваше до 2010, односно со играње курташак и понижување.

Во 2011 резултатски сеуште резултатите беа на страна на Барса оти Реал го освои Копа дел Реј, Барса помина во ЛШ со фамозниот црвен на Пепе и потоа победи и во Суперкупот со играч повеќе цел меч и гол на Меси у 89’та.

Од тој пораз кога Пиќе го крена рачето, наваму (заклучно и со тој меч) Реал има 10 победи, Барса 9, останатите натпревари завршиле нерешено. Во двомечите, Барса има поминато еднаш во купот, Реал еднаш, Барса победи во суперкуп двомеч, споменав. Во финалињата пак (од купот) двапати победи Реал.

Ти убаво си ги селектирал сезоните кои ти одат во прилог на тезата, арно ама има и други сезони измеѓу тие. Да кажеш дека Барса е сеуште тотално надмоќна во Ел Класико а играчите на Реал влагаат со пресечени нозе како на времето, треба да си глеал 2 меча од последниве 25 минативе 5 сезони.

Овој муабет моментално важи за Атлетико - Реал, ма да и за таму е делумен со оглед головите на Рамос и Чичарито кои никад копиљината нема да ги заборават.
 
Не се палите после една победа, факт е дека бевте подобри, ама лошото е што вие не бевте добри туку Барса беше мизерија. Очигледно ги стигна заморот триото напред, и Енрике малку утна што сакаше Меси повеќе да игра во средина, или пак он така си сакал пошо е изморен.
Реално оваа утакмица не е реална слика од моменталните можности на тимовите. Барселона од октомври незнае за пораз и сеа после репрезентативна пауза се враќа со пораз и тоа не од било кој, туку од Реал. Јасно е, боли што е баш од нив, ама боље сеа, кога им бегаме 10 бода, и пред ЛШ за да се свестат, одколку во друга ситуација.
Барселона на 7 утакмици до крајот има право уште на 2 кикса (порази) или 3 (нерешени), со претпоставка дека Атлетико и Реал се ќе победат до крај. Ова е малку неизводливо во најтешкиот дел од сезоната, затоа повеќе од сигурен сум дека титулата е во наши раце. Во купот сме во финале така да, 90% годинава ќе ба одбраниме двојната титула, а со малку среќа во ЛШ и тројната.
Барселона е на врвот, а како стојат работите тука планира и да се задржи. А вие радувајте се на победата се до другата сезона, пошо на друго и неможете.

Поздрав.
 
Најсикрено кажано, постов ти е многу глуп.

Барса беше доминантна и Реал беше искомплексиран во класиката до 2010 и фамозната петарда, за тоа нема збор и тоа никој фан на Реал нема да ти го негира.

Работите значајно се променија во сезоните со Мурињо, од тогаш Барса единствено сезонава во бруката со Бенитез го има победено Реал на начинот на кој го победуваше до 2010, односно со играње курташак и понижување.

Во 2011 резултатски сеуште резултатите беа на страна на Барса оти Реал го освои Копа дел Реј, Барса помина во ЛШ со фамозниот црвен на Пепе и потоа победи и во Суперкупот со играч повеќе цел меч и гол на Меси у 89’та.

Од тој пораз кога Пиќе го крена рачето, наваму (заклучно и со тој меч) Реал има 10 победи, Барса 9, останатите натпревари завршиле нерешено. Во двомечите, Барса има поминато еднаш во купот, Реал еднаш, Барса победи во суперкуп двомеч, споменав. Во финалињата пак (од купот) двапати победи Реал.

Ти убаво си ги селектирал сезоните кои ти одат во прилог на тезата, арно ама има и други сезони измеѓу тие. Да кажеш дека Барса е сеуште тотално надмоќна во Ел Класико а играчите на Реал влагаат со пресечени нозе како на времето, треба да си глеал 2 меча од последниве 25 минативе 5 сезони.

Овој муабет моментално важи за Атлетико - Реал, ма да и за таму е делумен со оглед головите на Рамос и Чичарито кои никад копиљината нема да ги заборават.
Напиша дека е глуп постот за покул да изгледа малку твоето подолго излагање. Јас ги избрав токму сезоните кога во првиот меч Барса на Реал му ја скрши кичмата, па ги поврзав вторите натпревари од тие сезони и оп види излезе сличност меѓу истите. Не натегам на пошироко, слободно секој што сака може да си каже, ама Барса единствено се загуби малце една-две сезони против Реал. Другото е доминација.
 
Е ајде бе брат види убаво и прашај пак кој не е објективен, ова е фаул за тебе, сериозно?


Ти сериозен си дека ова не е прекршок?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom