Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дизни изгледа пак има хит филм :tvg:

 
Сега гледам дека ќе има римејк на Бен Хур њтф?
Како прво - трејлерот изгледа како скеч од SNL режиран од режисерот на 300. Сериозни се римејк на филм со 11 оскари? Браос холивуд. И Морган Фриман е во филмот, демек ќе го спаси.

п.с. Глеам имало и некоја шит мини серија oh why
 
Ах...најрецензираниот филм во историјата на Кајгана форумот.
 
Уф, 50 филма за три дена. Добро де, не изгледани, ама ова делуваше понапорно дури и од тоа да успееш да изгледаш 50 филма за 3 дена. :D Кој не ги видел, од 250-то до 201-во место, според вашите гласови, бујрум темата: http://forum.kajgana.com/threads/КАЈГАНА-ТОП-250-read-only.81001/
Продолжуваме со одбројувањето кон првото место каде верувам дека сите знаете кој филм не чека. Но во меѓувреме, останатите 199 појма немате како се распоредени, никој освен јас. :P

Notification знаменцето не престанува да светка. Вчера отидов на работа, се исплашив ко се вратив - 167 нотификации. :eek:
 
Steve Jobs со Мајкл Фасбендер е супер филмче, од сосема друг аспект навлегува филмов за разлика од другиве автобиографски филмови за Џобс и морам да признам дека Мајкл одлично те вози низ филмот.
Дефинитивно еден од најдобрите актери денес.
 
http://www.imdb.com/title/tt1068641/?ref_=fn_al_tt_1
Многу добар а потценет филм според рејтингов на имдб.

Стилот на Ињариту со 2-3 паралелно поврзани приказни. Режисер е продуцентот на 21 грамс, Аморес Перос и Бабел.
Ништо полош од овие три. Мене ми е каде каде боље од Бабел и Аморес перос.
Плус Џенифер Лоренс, Чарлиз Терон и Ким Бесинџер. :drk:
 
Синоќа го гледав Deadpool.

Многу лош филм, не зборувам од инает ама навистина е катастрофален. Од приказна, од режија, од глума, од специјални ефекти. Многу е лошо кога филм со таков буџет не знае како да го искористи сетингот, филмот личи многу евтино, приказната е слаба. Шегите кои ги користи Дедпул ќе ми беа интересни ако надвор беше 1998 година, многу се заостанати и пречесто се повторуваат што се забележува дека напнува, дека е предвидлив уште пред да каже некоја линија.

Мене не ми е проблем дека не го знам суперхеројот, не е ни важно, прв филм е. Ама ако смеам да направам паралела меѓу него и Kick Ass (на него ме потсети), вториов е многу многу подобар и поквалитетен филм и стварно ги искористи сите потенцијали.

Не знам навистина зошто филмов би бил интересен за некој ете...филмоман. А нели сите сме филмоманите на форум.
 
стварно е у право за некои ствари, и у филмот буквално све беше напраено у cgi, буквално сцените на мостот, бродот, бркотниците низ град се беше ефект и тоа не ме бендиса.
 
Стави го мислењево у Непопуларни филмски мислења, молим те :D
Брат озбилно кажи ми, зошто филмот го сметаш за добар? Не најдов рецензија на форум и ако имаш веќе пишано извини :D ама стварно ме интересира како онаков филм би му се допаднал некому. Очобол е.
 
Back
На врв Bottom