Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Ги утепавме од молење да не приклучат и нас па сега ке бил блокиран, демек многу јак фактор сме биле. Башка со новите измени право да имаат сметка во друга држава имаат само тие со двојно државјанство, односно имаат право да отворат сметка во државата од кај што го имаат државјанството. Ова ич не игледа дека е поврзано со пејпал.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
ДУИ во одбрана на Македонскиот народ??? Опааа ново поглавје во нашите животи:) А како беше од инат и што се јадеше? :))
насмевката значи иронија. Тоа што те чуди што нема реакција од ВМРО или нивните членови симпатизери или како сакаш наречи ги ми е малку нејасно? Ахмети се заканува на тие што објавуваат снимки со приватни разговори. Истите кои го направија овој хаос. Зошто јас би се секирал за објавувачите? За доушникот зоран божиновски или за Заев? не разбирам што те буни? Ако се изглупира и направи нешто ќе го јаде ахмети и ќе го јадат и другите така да за секој македонец ова е win win.
 
S

silmarillion

Гостин
Непријателот на мојот непријател е мој пријател:)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Мијалков тоа најдобро го знае дека “каменот од блиску доаѓа“ битно е еден да пропее, еве сега кога на Горан Груевски и пар ликови ќе им лупнат обвиненија со сериозни докази и можност да одат 20 години во затвор ќе се подразмислат малку повеќе дали вреди да ќутат и да лежат 20 години во затвор или да си кажат се што знаат па да им намалат нешто од казната.
Сеуште им затребала можеби? Сакале да ја искористат до крај? Биле убедени дека нема кој да ти чешла? Нема кој да ги симне од власт?
Верувај дека нема да ја имаат таа среќа сегашните властодржсци да бидат осудени во наместени судски случаи, со тајни заштитени сведоци, со изнудени изјави во полициски станици итн.. како што ја имаа таа "среќа" многу луѓе што беа против власта.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.258
Поени од реакции
26.107
Колку што имам прочитано, во 2008-ма и во 2011-та е набавена опрема од Израел.

Е сега не знаеме која опрема е уништена, а пошто прислушкувани разговори има и од пред 2011 година, тогаш претпоставувам дека со опремата од 2008-ма се прислушкувало.

Но како и да е, доста сомнителна одлука, да се уништи опрема во време кога се објавуваат прислушкувани разговори, а премиерот еден месец пред тоа одржува прес конференција во која ги обвинува странските служби и најавува судства разрешница.

Еве и ова беше изнесено денес

Веројатно некој се уплашил од затвор и се согласил да сведочи против наредбодавачите.
Многу веројатно се работи за опремата од 2008ма. Одлуката е ретардирана, таа опрема требало да се исклучи и изолира, а не да се уништи. Ова им е најголемата глупост досега.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Уште една интересна работа која може да ја протолкуваат форумските инспектори. Заев го уценува Груевски есента 2014, на 31 Јануари 2015 МВР поднесува кривична за заев и верушевски за Пуч. Заев во февруари почнува да објавува снимки. Крај на март се уништува опремата за прислушување според Катица. Значи со сите калкулации и пресметки заборавиле да ја уништат опремата а имале повеќе од 6 месеци за тоа. Интересно.
Зошто да ја уништуваат опремата кога ја имаат власта и моќта во нивни раце тој период, си прислушувале сеуште нивни неистомисленици,непријатели. Кој би ги спречил во тоа ? Се до Пржинскиот договор беше поинаку.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Многу веројатно се работи за опремата од 2008ма. Одлуката е ретардирана, таа опрема требало да се исклучи и изолира, а не да се уништи. Ова им е најголемата глупост досега.
Правно можеби е помала глупост, но пред народ оштетени се, кога ќе ја додадеш и одлуката на Уставен суд, како и овој обид за измена на законот за кривична постапка, тогаш ми се чини дека водат борба за да спасат кожа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.258
Поени од реакции
26.107
Правно можеби е помала глупост, но пред народ оштетени се, кога ќе ја додадеш и одлуката на Уставен суд, како и овој обид за измена на законот за кривична постапка, тогаш ми се чини дека водат борба за да спасат кожа.
Секако е голема глупост. Правно и со, и без опрема исто му се фаќа.

Глупоста што ја правеше Заев, и проба да манипулира со снимките што ги имаше, наместо да биде до крај искрен во овој случај е повторена од другата страна. Наместо да бидат до крај искрени за тоа што се случувало со опремата, тие решиле (најверојатно испаничиле, не ни решиле) да манипулираат. И сега веќе нема никаква разлика помеѓу Верушевски и Горан Груевски. Нормално, ако индициите што ги изнесе Лена се точни. Мене ми личи како да се.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Зошто да ја уништуваат опремата кога ја имаат власта и моќта во нивни раце тој период, си прислушувале сеуште нивни неистомисленици,непријатели. Кој би ги спречил во тоа ? Се до Пржинскиот договор беше поинаку.
малку повеќе наивно, но во ред.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Лесно може да „спасат глава“. Доволно е уставниот суд да ја разгледа уставноста на СЈО и јасно е дека ќе мора да го прогласат неуставно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Лесно може да „спасат глава“. Доволно е уставниот суд да ја разгледа уставноста на СЈО и јасно е дека ќе мора да го прогласат неуставно.
А исправно е ако се спасат заради таква „техничка“ работа ако навистина се виновни?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Лесно може да „спасат глава“. Доволно е уставниот суд да ја разгледа уставноста на СЈО и јасно е дека ќе мора да го прогласат неуставно.
Ретард, се пробаа со тоа, ама јадоа заушка и го повлекоа барањето за преиспитување на уставноста на СЈО.

Сега, сакаш еден сендвич?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Лесно може да „спасат глава“. Доволно е уставниот суд да ја разгледа уставноста на СЈО и јасно е дека ќе мора да го прогласат неуставно.
Бучковски за дело од 2001 сеуште се шета по судови.
Ако падне СЈО, не значи дека во иднина нема да се отворат овие случаи.

Кој е твојот личен интерес за да не се отворат предмети против осомничени лица?
Што има лошо ако се утврди да речеме дека се изнесени милјарди евра надвор од државата, и да се најде можност тие пари да се вратат во Македонија?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А исправно е ако се спасат заради таква „техничка“ работа ако навистина се виновни?
Исправно е да одговараат и да добијат казни ако има докази за дело, или да се ослободат од обвинение ако нема. НО ПРЕД ЛЕГАЛНИ ОРГАНИ, формирани согласно Уставот на РМ. А не да ги гони кој ќе му текне. Нека оцени Уставниот Суд, па ако оцени дека е уставно.. ќе му „веруваме“. Вака мислам дека на голема врата се туркаат неуставни проекти. Или нека го сменат Уставот.. па се ќе е легално.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom