Од 29 мај од Блаце до Приштина ќе се отиде по автопат
На 29 мај е закажано свеченото отварање на последната делница на Автопатот од Приштина до Блаце, делот кај Качаничката клисура.
Се работи за најдолгиот вијадукт-мост на овој дел од Европа, со должина од 6,7км.
Косово планира до крајот на 2023 да ги поврзе сите краеви со автопат, после поврзување со Албанија преку автопат, а сега и со Македонија, во тек е изградбата на автопатите :
- Гњилане - Приштина (се очекува да заврши крај 2020 или 2021)
- Пеја - Приштина (останува уште пола)
Митровица - Приштина (половина е пуштен, во тек е и другата половина)
Недостигаат уште 25 км автопат до границата со Србија кај Мердаре, а се планира и Србија да го изгради својот дел од Ниш до граница со Косово, со што би имале пристап до Драч, целосно по автопат.
Качаничка клисура