Bog e Bog na mirot i ljubovta a ne na haosot i unistuvanjeto.
7. Меѓу вас ќе има убиени, и ќе узнаете дека Јас сум Господ.
34. И му рече Господ на Мојсеја: “Не бој се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во рацете твои него и целиот народ негов и целата земја негова, и ќе постапиш со него, онака како што постапи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.”
35. И го порази него и синовите негови и целиот народ негов, така што ниеден од нив не остана жив; и ја наследија земјата негова.
7. И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;
8. а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени.
9. Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
11. А кога бегаа од Израилците по падините на Веторонската планина, Господ фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азик, и тие умираа: умрените од камењата беа повеќе, отколку оние, што синовите Израилеви ги убија со меч во борбата.
12. Тогаш Исус Му рече на Господа во оној ден, во кој Господ Бог го предаде Амореј во рацете на Израилот – откако ги порази во Гаваон, и тие беа избиени од синовите Израилеви, – и рече пред Израилците: „Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Елон!”
13. И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на непријателите нивни. Нели е тоа запишано во книгите на Праведниот: »Сонцето застана на небото и не брзаше да зајде скоро цел ден?«
2. Се собраа пред Господа старешините на сиот народ, сите племиња Израилеви, во собранието на народот Божји, – четиристотини илјади пешаци мечоносци.
............
48. А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч – и луѓето од градот, и добитокот, и сè, што се среќаваше во сите градови, и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.
22. поради тоа вака вели Господ Саваот: еве, Јас ќе ги посетам; младичите нивни ќе умрат од меч; синовите и ќерките нивни ќе умрат од глад.
23. И нема ништо да остане од нив, зашто ќе испратам зло врз Анатотите во годината, кога ќе ги посетам.
33. А во оној ден ќе има поразени од Господа од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ни прибрани ниту погребани, туку ќе бидат како ѓубре по земјата.
11. Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог: бидејќи ти го оскверни Моето светилиште со сите твои одвратности и со сите твои гадотии, Јас ќе те смалам, и Моето око нема веќе да те пожали, и Јас нема да се смилувам над тебе.
12. Третиот дел од тебе, од помор ќе изумре и од глад ќе загине среде тебе; втората третина од меч ќе падне во твојата околина; а третината ќе ја развеам по сите ветрови, и ќе го
извлечам мечот по нив.
13. Така ќе се исполни Мојот гнев, и ќе ја смирам Својата јарост над нив, и ќе се
задоволам; и кога ќе се излее јароста Моја врз нив, тогаш ќе разберат дека Јас, Господ, сум им зборувал во ревноста Своја.
14. Ќе те претворам во пустиња и за поруга меѓу народите, кои се околу тебе, пред очите на секој минувач.
15. Ќе бидеш за потсмев и за поруга, за срам и ужас кај народите што се околу тебе, кога ќе го извршам над тебе судот во гнев и јарост, и преку јаросни порази – Јас Господ го говорев тоа,
16. И кога ќе пратам врз нив лути стрели на глад, што ќе истребуваат, кога ќе ги пратам за ваша погибел и за засилување на гладот при вас, и ќе ја уништам лебната поткрепа кај вас.
17. А ќе пратам врз тебе глад и лути ѕверови, кои ќе те лишат од децата; и помор и крв ќе мине преку тебе, ќе испратам меч врз тебе; Јас, Господ го кажав ова.”