Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
12.159
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Дали дедо Бојни воопшто не` спомнал нас Македонците барем ЕДНАШ во неговата изборна кампања за да заслужи такво Фејсбук признание ?
https://www.facebook.com/macedoniatrump/

Oвој имбецил не знае влечките кај му се кога станува од спиење, не па кај се наоѓа Македонија, ама пак е некако поприфатлив за мнозинството тука.
Не дека е битно. Не дека сме битни.
Мене друго ми смета. Поддршката за Трамп ја гледам како продолжение на низа. Прво французите нас не викале ФИРОМ, па луѓе се ситеа на нападите во Париз. Некоја чудна логика дека со тоа што муслимани искасапија недолжни граѓани, ние и се одмаздивме на Франција за тоа што не минира во ЕУ и НАТО.
Во Белгија, затоа што некои медиуми терористите во Диво Насеље ги викале "вооружена група", имаше масовно сеирење и правење вицови со трагедијата на аеродромот и метрото. Како смееле тие некои медиуми, независни, така да известуваат. Ако им е. И повеќе требало да изумрат!
Сега Трамп, тоа ретардирано сенилно старче е тука најприфатливо. Другиве не чинат затоа што никогаш не ја спомнале и не се заложиле за Македонија! Тие другите не се добри за Македонија! :D
Не разбирам каква е оваа умисленост.

Мене Берни ми се свиѓа, иако тие негови реформи и да сака, нема да може да ги спроведе дури и во два мандати. Обама еден сајт за здравствено сирот три години го гњавеше, не па ваква реформа во образование. Ама идејата што ја промовира, со доволно работа, за некои дваесетина години може да вроди со плод. Тоа е благородна идеја.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
12.159
https://www.facebook.com/macedoniatrump/

Oвој имбецил не знае влечките кај му се кога станува од спиење, не па кај се наоѓа Македонија, ама пак е некако поприфатлив за мнозинството тука.

...
Ова е доволен одговор на моето прашање.

Крај, нема поддршка ни за дедо Бојни, ни за никој кој воопшто не ги спомнал Македонија и Македонците во било каков контекст.

Во 2004 година барем знаевме дека Џон Кери не беше по наш мерак, бидејќи изрази поддршка кон Грција во спорот околу името со Македонија.

За Барак Хусеин Обама уште кога се кандидираше во 2008 година знаевме дека е потписник на антимакедонски резолуции во американскиот Сенат, исто како и неговиот заменик Џо Бајден.

Од сегашниве кандидати не помнам да сме слушнале било какво спомнување на Македонија и Македонците во било каков контекст, па затоа и нема потреба да поддржиме било кој од овие кандидати.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.386
Поени од реакции
17.599
https://www.facebook.com/macedoniatrump/

Oвој имбецил не знае влечките кај му се кога станува од спиење, не па кај се наоѓа Македонија, ама пак е некако поприфатлив за мнозинството тука.
Не дека е битно. Не дека сме битни.
Мене друго ми смета. Поддршката за Трамп ја гледам како продолжение на низа. Прво французите нас не викале ФИРОМ, па луѓе се ситеа на нападите во Париз. Некоја чудна логика дека со тоа што муслимани искасапија недолжни граѓани, ние и се одмаздивме на Франција за тоа што не минира во ЕУ и НАТО.
Во Белгија, затоа што некои медиуми терористите во Диво Насеље ги викале "вооружена група", имаше масовно сеирење и правење вицови со трагедијата на аеродромот и метрото. Како смееле тие некои медиуми, независни, така да известуваат. Ако им е. И повеќе требало да изумрат!
Сега Трамп, тоа ретардирано сенилно старче е тука најприфатливо. Другиве не чинат затоа што никогаш не ја спомнале и не се заложиле за Македонија! Тие другите не се добри за Македонија! :D
Не разбирам каква е оваа умисленост.
Мислам дека си ја промашил причината која ја претставуваш како малициозна осветољубива нарав на Македонецот. Иако рака на срце, тој си е таков по природа. Причината е друга. Политичари, вулгарно искрени и немаат скрупули на политичка коректност, како Трамп, кои ја бранат својата земја со ѕидови од хорда Мексиканци кои продаваат дрога, се у мода. Исто како Орбан со оградата и Арапите. И кои се борат против злите корпоративни елити кои работат на штета на народот и го водат светот во декаденција.

Мој впечаток е дека и едните и другите се ист профил на фанови. И ги има поприлично доста.

Остај Македонците што се сителе на Париз или Брисел. Такви се малце и се баеги ретардирани.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.996
Дали ја спомнал Македонија или не, тоа воопшто не е битно. Битни се промените во светот кои ќе настанат за време на неговото претседателство.

Сега мене ме интересира, ако грдата Клинтонка победи, дали ќе продолжи таму каде што нејзиниот сопруг застана? Мислам конкретно околу бомбардирањето на болниците, националните телевизии, амбасадите, цивилните објекти и сето она што му пркоси на меѓународното право? Хуманитарното право е приказна за себе.

Иднината на Круз е зацртана, Трамп не е возможно да се сопре, не барем после овие настани во Брисел, а грдата Клинтонка (освен огледало) ништо не може да и застане на патот за претседателските злосторсва кои ќе ги направи. Затоа помеѓу Трамп и Клинтонка, апсолутно Трамп, иако не се согласувам со него околу неутралноста помеѓу Палестина и Израел која ќе ја држи и оној ѕид кој сака да го изгради, премногу е радикално. :)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ако Трамп не намали со политички некоректните изјави тогаш тешко дека ќе му дозволат да биде претседател. Медиумите грото се под контрола од некои центри врз кои он нема моќ. Многу лесно е овие ботови да ги натераш да врескаат фашизам, ете почнаа да блокираат улици да се глупираат на собирите така да сликата веќе станува мачна. Дали порсечен неопределен гласач би го дал својот глас за некој кој предизвикува такви реакции? Не, никогаш. Политичката коректност секогаш победува, денешните луѓе се меки и не сакаат изненадувања. Да не правиме муабет со тие наци или фашист етикети кои во старт ги демотивираат гласачите.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Мислам дека си ја промашил причината која ја претставуваш како малициозна осветољубива нарав на Македонецот. Иако рака на срце, тој си е таков по природа. Причината е друга. Политичари, вулгарно искрени, како Трамп, кои ја бранат својата земја со ѕидови од хорда Мексиканци кои продаваат дрога, се у мода. Исто како Орбан со оградата и Арапите. И кои се борат против злите корпоративни елити кои работат на штета на народот и го водат светот во декаденција.
Значи ти викаш дека нашиве овде се солидаризираат со судирот на култури што наводно се случува во Америка, па затоа го поддржуваат овој мапет? Тука мораш да ги изземеш муслиманите, оти тие реално во Америка се минорен процент. Искуствено, само со муслимани имаме обид за соживот и само за тој проблем можеме да се солидаризираме. Мексиканци и латиноамериканци смe виделе неколку пати, најчесто на минување, кога оделе на одмор во Грција, после некој роуд трип низ балканот. Ама ќе му веруваме на збор на Трамп, овој Трамп...

...кога вика дека не се асимилирале. Зошто да му веруваме на збор, какви лични преживеалници сме имале со Mексиканци за да знаеме колку е тој проблем сериозен? Ја не гледам овде солидарност, гледам глупост. Неспоредливо е ова со исламскиот фундаментализам во Европа. Тука муслимани разнесуваат народ, таму реднеци со конфедеративни знамиња убиваат луѓе по цркви. Ние немаме никаква допирна точка со нив. Ама ете бе, пак, за чудо, Трамп на македонците им е најјак. :D

Остај Македонците што се сителе на Париз или Брисел. Такви се малце и се баеги ретардирани.
Не мислам дека се малку. Напротив, мислам дека се мнозинство. Сакав ова вчера да го допишам, ама немав време.
У нашава држава секогаш така се вреднува или осудува. Кој ја пофалил Македонија или кој ја искритикувал. Кој рекол дека сме супер, а кој рекол дека не чиниме. И тоа си има корени, ние сме навикнати да постои некој татенце што ќе не постројува и ќе не тапша по главичката. Од Турци сме се префрлиле на Срби, нас секогаш друг ни го пишувал дневниот ред. Сега сме копиленца, немаме татенце, а сме истите мрзи и зависни и од добар збор и од добро дело на странци, па мафтаме со рачињата у тунелот да се закачиме за некој, некој да не сака, за да не мора да се фаќаме сами за мотиката. Мотиката ни е најголемиот кошмар. Од тој кошмар произлегуваат вакви планктонски моменти кај што реакција на тоа дека не не сакале, не нарекле неспособни и глупави, е ситење и сеир на туѓа смрт и трагедија.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.749
Поени од реакции
4.999
Берни чешелот го докопаа неговите цигани од blacklivesmatter истите тие кои му го земаат микрофонот на сред митинг и после ко негови поддржавачи палеа амерички знамиња во Чикаго + тука додај ги анонимциве од moveon.org кој врска немаат зашо се за Берни и шо уствари праат освен кинење и цртање плакати.
Башка шо од сите негови поддржѕвачи у јавност изглегуваат некои фрикови кои неможат нормален протест да истераат и губат улична расправија со реднекс фановите на Трамп :toe:
Бруки.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.910
Поени од реакции
14.650

Заклучок донесен врз основа на што? Јутуб видеа? Дај не ме јеби... Берни досега доминира на caucusите (не можам да најдам македонски термин), единствениот реален показател за тоа чии поддржувачи се најдобро потковани за дебата.

Пс. Одлична сабота за стариот. Според дисегашните резултати 70% спрема 30% во Вашингтон и 80% спрема 20% во аљаска. Ако успее да се врати после ваков почеток дефинитивно ќе победи против било кој републиканскки кандидат.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ако победи Берни, како беше она, Америка и Енглеска, биче земља...
Ај
 
Kajgana Shop

На врв Bottom