Дечки во рок од 5 месеци по вторпат ми цркнува напојување(додуша првото што цркна беше 5 години негде старо). Купив сега Кулер Мастер, си дадов 2500 денари и еве вечерва пак ми се појави ист проблем, при уклучување/рестартирање дава гласен звук вентилаторот од компјутерот,како и при нормално уклучување и почнуваат нормално да си работат компонентите, а мониторот не дава слика и по 10тина секунди си се ребутира сам и така до бескрај додека не го исклучам јас. Го исклучив компјутерот, го ресетирав прекинувачот на напојувањето и запали од прва.
Можно е нешто да е до струјата/штекерот или пак продолжителниот кабел да не влече доволно струја(стар е околу 6 години)? Компјутерот ми е приклучен на продолжителен кабел со 6 приклучоци од кои 5 користам 24/.7, а на 6тиот го полнам телефонот, а пак продолжителниот ми е приклучен на дупли штекер, кој е единствен на тој ѕид во собата, на паралелниот ѕид има уште 2 обични и еден трофазен.