Сообраќајни прекршоци и казни

Па имав среќа во несреќа што наместо во вратата ме удри во предел на предното тркало, ама во секој случај не чека судски процес и покривање на материјалната штета и најверојатно и нематеријална штета која не знам како ќе оди со оглед на тоа што неговото возило со години неосигурано било.
лоша работа ќе мора приватна тужба а ако не сака да се погодите да ве обештети влечкање по судови со одлагања..........туку дали ја призна вината спротивната страна дека помина на црвено или не, ако не признава уште поголема главоболка судот ќе се двоуми и може сешто да досуди.........
 
Не ја призна вината иако дечкото мислам дека возел многу брзо ( 50 е дозволено) , не смее да вози после 23 часот, а сообраќајкава беше во 1 по полноќ, вози возило на некој со кој нема допирна точка (ништо чудно и да е крадено возилово ) и уште згора на се он беше изнервиран, викаше и пцуеше. Нема камери на тие семафори така да не знам ова како ќе се заврши. Јас мислев дека осигурителната моја ќе ми покрие за колата преку некој гарантен фонд што го имале, ама ми викаат прво да се утврдело во проценти кој колку бил виновен за несреќава, па после ќе одлучувале. А јас до тогаш секако ќе морам да го продадам отпадов од кола и да се снабдам со друга, што значи во загуба сум што и да направам.
 
не знам за брзината да се пресмета каде треба да прашаш , но во секој случај на семафор доколку е вклучен се гледа кој на кое светло помина,ако немаш сведоци многу тешка постапката ќе биде,дури можно е и двата да ве глоби судот
 
Така изгледа и ќе биде на крај како што тргнала работава, очигледно кармички ми била предодредена сообраќајкава, ќе најдам адвокат и ќе видам, во секој слуќај фала многу на оддвоеното време. :icon_lol:
 
исто видете со адвокатот каков ви е договорот со осигурителната да не забушаваат некој член од договорот(зависи какво осигурување поседувате)
 
Знам дека доколку те сопрат со над 0,5 промили алкохол, во возило кое е сопственост на фирма, треба да платиш ти како личност глоба, а понатаму и фирмата и управителот треба да платат глоба... Дали може некој да ми го најде точно законов?
 
Точно.
И возачот ќе плати казна + одземање на дозвола, ( казната за возачот е варијабилна, пропорционално расте со бројот на промилите ) дополнително имаш казна и за фирмата и за одговорното лице.( казната е од-до, обично се плаќа минмалниот износ )
Кога се ќе собереш, ќе видиш дека поголема казна е за тоа што возилото е на име на фирма, отколку што си возел пијан
Еве ти го законот
 
Izvini ako ne ti e tesko mozes li delot od zakonot kaj sto go pisuva ova da mi go pratis?

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Член 228

(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да
управува со возило ако е под дејство на алкохол.

(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на крвта или на
крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот,
ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0.50 g/kg.....

(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член, ќе му се изрече глоба во износ од 3.000 евра
во денарска противвредност.

(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член, ќе му се изрече глоба и на одговорното лице
во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.

(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност во
мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода
согласно со одредбите од овој закон, на возач кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (3) на овој член и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51
g/ kg до 1,00 g/kg. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци,
под услови и постапка утврдени со закон.

(7) Мандатен платен налог со глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност во
мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода

ставовите (1) и (3) на овој член, кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01
g/kg до 1,50 g/kg. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до девет месеца

(8) Мандатен платен налог со глоба во износ од 325 евра во денарска противвредност во
мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 55 негативни бода
согласно со одредбите од овој закон на возач кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1)и (3) на овој член и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1.51
g/kg до 2.00 g/kg. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12 месеци,
под услови ипостапка утврдени со закон

(9) Мандатен платен налог со глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност во
мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода

ставовите (1) и (3) на овој член и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2.01
g/kg и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна
санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и постапка
утврдени со закон
 
Пред министерство за Економија вечерва, човекот ни пет ни шест, си го тргна контејнерот на средина на улица за да си се паркира.
Легенда: Црвено - Паркинг место; Зелено - Контејнери; Сино - Автомобил :facepalm:
255uyvm.jpg

Можеби не е за тука описов ама...
 
Последно уредено:

кој направи прекршок, КОМУНАЛЕЦ или граѓанинот ?
 
Значи ако те фатат со кола од фирма, без разлика дали имаш 0,6 промила или пак 2,5, правното лице ќе треба да плати 3000 евра, а ти 900 евра?
 
Да.
Возачот има варијабилна казна која зависи од промилите
Фирмата има фиксна казна.
Одговорното лице во фирмата ( не знам дали си ти ? ) има фиксна казна.
Со тоа што во 2015 е сменет Законот, па сега е фиксирана за фирма на 3000, порано беше, ако не грешам порано за фирма од 500 до 2000 евра, па пбично се плаќаше минимално 500.

Ти реков дека поголема грешка е што ти е колата на фирма, отколку ти што си возел пијан :(
 
кој направи прекршок, КОМУНАЛЕЦ или граѓанинот ?
Не можам да ја опишам со зборови ситуацијата. Појди пред министерството и види ја сам состојбата и положбата на контејнерите и паркинг местата и ќе видиш дека прекршокот е направен од "граѓанинот".
 
Денес ме запре полиција, во центарот на градот, каде што немаше жива душа, ни сообраќај ни пешаци. Во 4 попладне. Се враќавме од излет. Не ни правевме скара, онака шетавме само. Значи немаше ни алкохол во игра. Ме запира со кревање стоп на 2 метра од мене. Застанувам, ми бара документи, имам се: возачка дозвола, сообраќајна, книшка за поени, регистрација од пред месец, плава најнова налепница, атест за затемнети стакла, се се... Ми вика те запрев оти зборуваше на телефон. Јас и сите в кола вакви :eek: каков телефон му викам, еве го телефонот в џеб едниот, другиот е заедно со фотоапаратот в чанта и в гепек. Излези ми вика. Одам до нивната кола, ми вика: Абе види ние двајца сме овде, видовме дека зборуваше на телефон. Не бе му викам да не се колнам сега во се најмило, не сум зборувал, еве провери си сам. Па телефонот што ми е за зборување еден нокиа стар, сиот изгребан, поштен човек, шо телефон може да има. ;) Ми вика покажи ми последни повици. Па за среќа сите беа од вчера, 9-ти Април. Еве викам, провери ги сите телефони, во ташнава ги чуваме (дека шетавме во природа, сите ги ставивме на едно место, да не се загубат). Абе те видов, вика, со раката зборуваше. Сигурно го избриша повикот. :eek::eek::eek: можи сум се почешал или пак сум си ги местел наочарите викам, а дека сум зборувал, најодговорно тврдам дека не е така. Ми бара лична карта, му дадов. Ме запиша во еден список таму, видов имаше уште 5-6 души пред мене запишано.
И после 5-6 мин муабет и мудрувања, ми вика терај ајде. Фала и поздрав му викам, од мене ако најдите попрецизен возач, ве честам што сакате.

Можно ли е да имам некои последици, како на пример да пушти пријава, како за вистински прекршок, со забелешка дека сум одбил да потпишам или така нешто?

:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom