Македонија 2006-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Е тоа е Бојан. Да не е ВМРО сите ќе живеевме среќно со албанците. Некој сака вештачка тензија да одржи и да го наруши вековниот соживот братство и единство. Сега те молам врати се на говедата и овците да видиме што те чуди.
 
Абе би ти пишал дека ако го имав твојот памет би се самоубил у многу скоро време, ама ќе ме пријавиш пак и пак ќе јадам казнени... :/
Нормално дека би се самоубил. Твоето кревко телце нема капацитет да поддржи ваков мозок. Ќе прегрееш и ќе се убиеш.
Врати се на овците пријателе. Што се случи побогу овие 10 години. Како ВМРО дозволи да има помалку овци и покрај субвенциите? Дали ова не е причина да бараме колективна оставка? прогуглај малку, види што е проблемов пошто овие од ВМРО не знаат. Каква е побарувачката на овци, колку е ќарот дали има кој да ги одгледува и тн. Ова е сериозен пропуст на партијата на власт и да не ми укажеше Дарданија Македонски за овој проблем јас ќе го адев гласот за истата партија пак. Вака сум во дилема, додека не дадат образложение за падот на бројот на овци мојот глас им е под знак прашалник.
 
Како ги оценувате последните 10 години, кои се тие промени кои ви се допаѓаат или не допаѓаат, дали има работи за кои мислите дека требаше да се променат а не беа.

Дали овие 10 години беа успешни за Македонија?


Вработени
2006: 556.000
2016: 706.000 (трупање на државната адиминстрација брз грбот на приватниот сектор)

Невработени
2006: 320.000
2016: 249.000(трупање на администрација, зголемен број на пензионери и студенти на пост дипломски студии кои не се водат како невработени)

Просечната нето плата;
2006: 13.600 денари
2016: 22.700 денари(секоја чест за ова, меѓутоа и трошоците за живот се значително зголемени + трупање на државната администрација која зема поголеми плати од приватниот сектор)

Минимална плата :
2006: 5.000 денари
2016: 10.000 денари (9000 во текстилна) (познавам луѓе кои зимаат многу помалце, но сепак е добар чекор законски да се зголеми минималната плата)

Инфлација 2006-2016: 22%

Јавен долг:
2006: 1.818.000.000 евра
2015: 4.227.000.000 (Е ова ќе ни ебе мамата на сите)

Субвенции
2006: 5 милиони евра
2016: 150 милиони евра (секоја чест,се надевам дека се распределуваат непристрасно)

Говеда
2006: 255.430
2014: 241.607

Овци
2006: 1.248.802
2014: 740.457

Тутун
2006: 25.037 тони
2014: 27.578

Пченица
2006: 293.326 тони
2014: 287.954 (не е ни приближно за да ги задоволи потребите на Македонија)

Грозје
2006: 254.308 тони
2014: 195.888

Домати
2006: 142.387 тони
2014: 160.530

Изградени станови
2006: 6.493
2014: 5.356 (купи куќа купи стан)

Покриеност на увозот со извозот
2006: 64% (извоз: 2,4 милјарди долари.... увоз: 3,7 милјарди долари)
2015: 70% (извоз: 4,5 ..... увоз 6,4)

Регистрирани патнички возила
2006: 242.287
2014: 371.499

Број на туристи (домашни и странски)
2006: 499.473
2014: 816.067 (Браво)

Ученици во основни училишта
2005/06: 235.691
2014/15: 192.165 (Имај трето дете стартуваше 2009, се фрлија тон пари за реклами и субвенции али резултатот е поразувачки)

Ученици во средни училишта
2005/06: 95.867
2014/15: 83.522(Имај трето дете стартуваше 2009, се фрлија тон пари за реклами и субвенции али резултатот е поразувачки)

Студенти
2006: 56.099
2014: 59.359 (Секој втор се запишува на факултет а уште не знае да чита и да пишува ко што треба)

Родени деца
2006: 22.585
2015: 23.106 (Од сите општини во Македонија само Тетово и Чаир имаат наталитет)

Изградени автопатишта 2006-2016: 7,6км* (Скопската обиколница од 26км беше започната пред 2006-та, а беше пуштена во употреба после 2006. *Едната страна на автопатот Табановце-Куманово во должина од 7,6км а во вредност од 15 милиони евра се градеше полни 3 години, исто така во 2012 година започна со изградба автопатот Демир Капија - Смоквица, од 26км ... но тој сеуште не е завршен. Во 2014-та година започнаа работите за изградба на автопатите Миладиновци-Штип како и Кичево-Охрид , кои треба да завршат во 2018 година. (Обиколницата е нај паметиот проект во Македонија од нејзиното осамостојување)

Проект Скопје 2014: започна негде 2009/10 година, требаше да заврши во 2014 година, но ете 6 години сеуште се гради, според премиерот ќе кошташе 80 милиони евра, а според опозицијата веќе ги поминал 600 милиони евра. (И сеуште се гради ако сме 2016)

Има и многу полиња од интерес: здравство, правосудство, безбедност...

10 години за кого како, но реално тоа не се малку години, сеуште не сме наполниле 25 години самостојна држава, така да 10 години чинат 40% од нашата државност, дали напредокот е задоволителен, дали е доволно оваа темпо во следните 10 години, дали се движиме во добар правец?
 
2006
Реална стапка на раст на БДП5,1
БДП во тековни цени (милиони денари)320.059,0
Стапка на инфлација (во %)3,2
Број на население2.040.228,0
Бруто плата во денари23.036,0
Бруто плата- стапка на раст8,0
Нето плата во денари13.513,0
Нето плата- стапка на раст7,3
Стапка на невработеност (во %)36,0
Извоз на стоки, f.o.b. (во милиони САД долари)2.415,0
Увоз на стоки, f.o.b. (во милиони САД долари)3.752,0
Трговска отвореност (% од БДП)92,7
Трговско салдо (% од БДП)-19,2
Салдо на тековна сметка (% од БДП)-0,4
Странски директни инвестиции (% од БДП)6,5
Девизни резерви во милиони евра1.416,0
Девизни резерви- месечна покриеност на увозот5,7
Бруто надворешен долг во милиони евра2.503,0
Бруто надворешен долг во % од БДП47,9
Девизен курс МКД/УСД48,8
Девизен курс МКД/ЕУР61,2
Вкупни буџетски приходи (% од БДП)32,5
Вкупни буџетски расходи (% од БДП)33,0
Буџетско салдо (% од БДП)-0,5
Вкупен долг на Централна Влада во милиони евра1.673,0
Вкупен долг на Централна Влада во % од БДП32,0
Кредити на приватен сектор дадени од банки и штедилници (стапка на раст)30,5
Парична маса М4 (стапка на раст)25,0
Буџетско салдо ( во денари)-1.700.000.000,0
Буџетско салдо ( во евра)-27.789.538,4

2014
Реална стапка на раст на БДП3,5
БДП во тековни цени (милиони денари)525.620,0
Стапка на инфлација (во %)-0,3
Број на население2,0
Бруто плата во денари31.325,0
Бруто плата- стапка на раст1,0
Нето плата во денари22,0
Нето плата- стапка на раст1,1
Стапка на невработеност (во %)28,0
Извоз на стоки, f.o.b. (во милиони САД долари)4.933,8
Увоз на стоки, f.o.b. (во милиони САД долари)7.276,7
Трговска отвореност (% од БДП)
Трговско салдо (% од БДП)17,3
Салдо на тековна сметка (% од БДП)-0,9
Странски директни инвестиции (% од БДП)3,3
Девизни резерви во милиони евра2.436,5
Девизни резерви- месечна покриеност на увозот5,3
Бруто надворешен долг во милиони евра5.992,3
Бруто надворешен долг во % од БДП70,2
Девизен курс МКД/УСД46,4
Девизен курс МКД/ЕУР61,6
Вкупни буџетски приходи (% од БДП)30,1
Вкупни буџетски расходи (% од БДП)33,6
Буџетско салдо (% од БДП)3,5
Вкупен долг на Централна Влада во милиони евра3.246,4
Вкупен долг на Централна Влада во % од БДП38,0
Кредити на приватен сектор дадени од банки и штедилници (стапка на раст)10,0
Парична маса М4 (стапка на раст)10,5
Буџетско салдо ( во денари)122.134.000.000,0
Буџетско салдо ( во евра)359.202.000,0


Добро сајтче, под услов да се точни податоците. http://www.mkbudget.org/
 
ти се наоѓа податок колкав бил буџетот 2006 а колкав е 2016 ?

Буџет
2006: 1,8 милјарди евра
2016: 3,2 милјарди евра

Просечна пензија
2006: 7.683 денари
2016: 13.085

а има и неточни работи во првиот пост..
Изградени станови
2006: 6.493
2014: 5.356
..се пени цел народ, а и оправдано, претерана урбанизација, , станавме Република Скопје, сите си купија станови во Скопје а сега кажува помалку станови ??

Изградени станови

2006: 6.493 (Скопски регион: 1.828 (28% од сите изградени станови))
2014: 5.356 (Скопски регион: 2.200 (41% од сите изградени станови), во 2013-та беше уште полошо, дури 47% од сите изградени станови во државата биле во Скопски регион)
 
Последно уредено:

Значи,
Зголемување на трговски дефицит за 1 милијарда долари ( 77 %.)
Зголемување на бруто надворешниот долг за 3,5 милијарди евра ( 139 % )
Зголемување на долг на Централна Влада за 1,6 милијарди евра ( 94 % )

ПС.
Ја мислам дека во добар правец оди.
 
Па кој како сака да ги гледа бројките. Има зголемен број на вработени лица, долговите не се толку драматични споредени со процент од БДП има зголемување на 50+% на девизни резерви и тн.[DOUBLEPOST=1458646453][/DOUBLEPOST]Spoljni dug sada (okvirno evra)

Hrvatska - 54 milijarde
Slovenija - 42 milijarde
Srbija - 26 milijardi
Makedonija - 5,5 milijardi
Bosna i Hercegovina - 3,8 milijardi
Crna Gora - 1,6 milijardi

Spoljni dug 1991. godine (okvirno evra)

Srbija i Crna Gora - 4,198 milijardi
Hrvatska - 3,2 milijarde
Slovenija - 1,8 milijardi
Bosna i Hercegovina - 1, 5 milijardi
Makedonija - 0,6 milijardi

Може и вака да гледаме.
 
Па кој како сака да ги гледа бројките. Има зголемен број на вработени лица, долговите не се толку драматични споредени со процент од БДП има зголемување на 50+% на девизни резерви и тн.
Точно.
Кој како сака да ги гледа бројките.
Кога гледаат зголемување на девизни резерви во Македонија, некој мисли дека нашите со куферче денари одат во ЕУ и купуваат евра. За наша жал, вистина е поинаква
Долговите дали се драмитичми или не - доволно кажаа еден куп стручњаци што не пушат
За вработени/невработени е подолга приказна, ме мрзи да пишувам, али и тоа не е баш за фалење...
 
Албанци
2006: 25%
2016: 17%


УСПЕШНИ ПОСЛЕДНИ 10 ГОДИНИ. Одиме понатаму.

Зошто влегуваш во води кои не ти се познати.

Родени македонци
2006: 11.707
2014: 12.099
+3,3%

Родени албанци
2006: 7.396
2014: 7.908
+6,9%

Македонците откако се донесе законот за трето дете се случи да имаат и само 11.500 родени деца (значи помалку него во 2006-та ... но албанци ниеднаш не паднаа под 7.700.(во 2013-та имаа рекордни 8.137 родени албанци)
А пред донесување на законот бројот на родени албанци варираше помеѓу 7.200-7.400

Кино сали
2006: 18
2013: 12

Театри
2006: 13
2011: 16

Евтина тарифа на електрична енергија
2006: од 13-16 часот и од 22-07 часот
2016: од 22-07 часот

Евтина тарифа
2006: 1,2 денари киловат час
2016: 2,8 денари

Скапа
2006: 2,4
2016: 5,6

Кубик дрвја за огрев
2006: 1.500 денари
2015: 3.600 денари
 
Последно уредено:
Точно.
Кој како сака да ги гледа бројките.
Кога гледаат зголемување на девизни резерви во Македонија, некој мисли дека нашите со куферче денари одат во ЕУ и купуваат евра. За наша жал, вистина е поинаква
Долговите дали се драмитичми или не - доволно кажаа еден куп стручњаци што не пушат
За вработени/невработени е подолга приказна, ме мрзи да пишувам, али и тоа не е баш за фалење...
Знам, ништо не е за фалење освен македонската економија до 2006. Од 2006 поради неодговорната власт се случи колапс.
 
Hrvatska - 54 milijarde (има море и бродоградилишта)
Slovenija - 42 milijarde (најдобра индустрија на Балканот)
Srbija - 26 milijardi (со нив ако се рамниш браво)
Makedonija - 5,5 milijardi
Bosna i Hercegovina - 3,8 milijardi (не се држава за жал, протекторат се)
Crna Gora - 1,6 milijardi (има море и бродоградилишта, плус се дупло помалце луѓе од нас)

Spoljni dug 1991. godine (okvirno evra)

Srbija i Crna Gora - 4,198 milijardi
Hrvatska - 3,2 milijarde
Slovenija - 1,8 milijardi
Bosna i Hercegovina - 1, 5 milijardi
Makedonija - 0,6 milijardi

Може и вака да гледаме.
@Brutus
 
Знам, ништо не е за фалење освен македонската економија до 2006. Од 2006 поради неодговорната власт се случи колапс.

Никој не ти крие податоци, секој има очи да гледа што е подобрено а што не, јас сум тој што ти дава податоци што ни ти не си ги знаел, и утре ќе ги употребиш на форум за да ја пофалиш Владата.
Но овие работи не се случуваат само во Македонија, има држави каде има и поголем пораст на овие показатели, но таму сепак паѓаат влади.

Албанија

просечна плата
2006: 28.822 лек
2014: 53.025 (дали е овој пораст поголем од тој нашиот? ДА)

регистрирани патнички возила
2006: 225.114
2014: 378.053 (ДА)

Извоз
2006: 77.405.000.000 лек
2015: 243.183.000.000 лек (ДА)

Увоз
2006: 299.143.000.000
2015: 544.560.000.000

Невработеност
2006: 149.000
2014: 141.000

Затоа јас прашав, дали сте задоволни, дали промените во Македонија се според вашите очекувања, дали се доволни?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom