Македонските презимиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола_МКД
  • Време на започнување Време на започнување
И крштеваат деца Лука, Леа ,Теа, Тилиа, Дарин......
 
Последно уредено од модератор:
Тоа башка, нешто како јагода на шлагот !! Колку по американски звучи, толку подобро..
 
Последно уредено од модератор:
И многу од личните средновековни имиња биле со суфикс -иш, -аш, -ош, -уш. Така на пример, браќата на Крале Марко биле АндреАШ, ИванИШ (и Димитрија), имаме име ПетрУШ, ПантУШ и сл.
Тоа е или варијанта на оние суфикси кои во другите јазици завршуваат на “С“ (Андреас, Иванис, Петрус, Пантус,) или пак тие се варијанти на оригиналот на “Ш“ :) Кој ли го знае? :)

Од кога постојат суфиксите кои зав'ршуваат на "С" ?
 
Па презентирав од времето на Крал Марко (14-15 век), ги има и подоцна, а порано не знам, не сум истражувал конкретно за тоа (ова е само како мое согледување). Кај “Грците“ го имам забележано, а од кога датира (дали од 19 век, нешто порано или многу порано, или од подоцна - не знам). Го има и претежно кај северноевропските народи (она АндреаС на пример, е доста застапено име во Германија, Холандија, Данска и скандинавските народи).
 
Презимињата во некои градови од западна и јужна Македонија имаат денденција да се без в, но тоа нема врска ни со негирање на ов, ни со ништо. И не се викал дедо му Попо, туку најверојатно бил поп. Не мора да значи дека секое презиме означува нечие име или фамилија. Презимиња се даваат и по занимање, надимаци, места.
 
Последно уредено од модератор:
Да, дури голем дел се повеќе нешто како прекари.
Во принцип (секое правило, сепак има и исклучоци) -ОВ е за конкретно име - БорисОВ, а -СКИ е за одредена област / регион - СофијСКИ, ОхридСКИ, МакедонСКИ.
Како што си напишал и занимање или специфични качества исто така се среќаваат например. Онака суфиксите на презимето влегуваат подоцна. Можеби имало -ОВ, бидејќи покажува поседување и било падеж во постаро време од фаза на развојот на јазикот.
 
Последно уредено од модератор:
Исто е и кај Србите, Хрватите имаат и ов и иќ, нема ништо необично - Петковиќ, Ивановиќ, Милошевиќ итн А има и без ов - Крстиќ итн. Барање на проблем таму каде што го нема......

А и ма и на ски постари презимиња, пр. Петре Филиповски, Макарие Фрчкоски, или Ѓоргија Пулевски.
 
Бугари досадни сте да си ебете мајката, сите сте исти ко клонирани да сте. Само тоа вашето сте го научиле и како кучиња лаете. Гледајте си таму вашите маки и остајте не на раат!
 
Во времето на Османлиите, во западна Македонија, имаше повеќе презимиња со завршеток -иќ. За разлика од оние во Србија, која се завршува со -овиќ, македонска се завршувала со-ојиќ(Филипојиќ, Петројиќ, итн). Презимиња со -ски, биле, претежно мијачка.
 
Интересно е тука да се споменат презимињата на Македонците од Албанија, од кои добар дел воопшто немаат никакви наставки:

Едмонд Темелко
Стерјо Спасе
Сотир Ристо
Фоте Никола

Повеќе примери може да се видат на објавениот избирачки список на ДИК, каде на адреси во општина Центар наводно се запишани лица од Пустец.
 
Причината е дека тие помалку се под влијание на македонизирањето на имињата на "ски". Такви имиња масовно се среќаваат на целата територија на денешна Бугарија 100 години пред ослободувањето.
 
Причината е дека тие помалку се под влијание на македонизирањето на имињата на "ски". Такви имиња масовно се среќаваат на целата територија на денешна Бугарија 100 години пред ослободувањето.

Тоа е така затоа што Македонците (вклучително и во Бугарија 100 години пред ослободувањето) немале официјална ГРАМАТИКА, па нивните презимиња им биле онакви какви што си биле, без при тоа да се трудат и да ги прилагодуваат кон граматичките правила.
Како која држава се формирала така се востановувале и службен јазик, писмо и правописни правила за користење на истите. Така и во Бугарија со формирање на бугарската нација се оформени и правописните правила.
 
Ова не важи само за Македонија, како што ти реков таква била ситуацијата и во Одринско и во Добруџа. Тоа е само лично име + име на таткото. Тоа е едноставно недостаток на презиме и користење на името на таткото. Инаку секоја земја си воведува правила, тука си во право. Исто како во Македонија по 1944 масовно се преименуваат презимењата на "ски".

Еве пример од 18 век во Тракија:
WtMvI54.png

Забележи дека тоа е лист на нормални имиња од тоа време.
 
Последно уредено:

Темата се однесува на македонските, а не на бугарските, грчките, турските и презимињата кои се среќаваат кај други народи.
 
Темата се однесува на македонските, а не на бугарските, грчките, турските и презимињата кои се среќаваат кај други народи.

И бугарските се македонски презимиња :)
 
Интересно е тука да се споменат презимињата на Македонците од Албанија, од кои добар дел воопшто немаат никакви наставки:

Едмонд Темелко
Стерјо Спасе
Сотир Ристо
Фоте Никола

Повеќе примери може да се видат на објавениот избирачки список на ДИК, каде на адреси во општина Центар наводно се запишани лица од Пустец.

Презимиња без наставки се присутни и во Охридско-Струшкиов регион пред Балканските Војни и Втората Светска Војна. Наставките се додавани после војните -иќ, -ов, -ски, во зависност од приликите, така денес се среќава еден дел од фамилијата да е без наставка, втор со една наставка, а трет со друга. Јас сум лично знам човек што се презива Чекреџиески, а има подалечни роднини што се само Чекреџи, исто сум запонает со случај со три различни презимиња во поширока фамилија: Чауле, Чаулев и Чаулески.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom