Македонските презимиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола_МКД
  • Време на започнување Време на започнување
Vo vrska so Polskite preziminja...ne navleguvame vo toa zosto postojat eden kup pisani dokumenti za,na pr.Poljacite i nivnite preziminja,a nema nikakvi naodi za toa kako se imenuvale nasive ovde vo Makedonija,ili ima,ama se odneseni po beliot svet,i sega treba nekoj da istrazuva,ama jas bi prasal,ako poljacite imale preziminja na -ski uste vo 13-ti vek,a nie,neli sme nemale,objasnete mi gi preziminjata,sepak bile preziminja,dali se rabotelo za geografska odrednica ili ne,na Joakim Osogovski(XI-ti vek,poveke pisani rakopisi),Prohor Pcinski,Gavril Lesnovski,Jovan Rilski,pa i drugi prosvetiteli(Kiril i Metodij Solunski-IX vek,Kliment i Naum Ohridski-X vek?Ako se sirelo slovenstvoto na sever od ovde,zosto ne bi se prosirilo,odnosno prifatilo i imenuvanjeto od ostanatite Slovenski narodi?
 
pismo-leopold-2.jpg

“...Соопштувам дека од двајца Македонци: Димитар Георги Поповик од Солун и Марко Краида од Кожани
26. IV 1690.
 
Но, мое мислење е дека според нашите јазични правила нелогично е дуплирање на наставките, поготово што наставката - СКИ скоро секаде каде што означува припадност е застапена без буквата “В“. Затоа и го застапувам тоа мое мислење.
А во Полска баш ме заболе како се презиваат, знаеш?
Логички е така "ов" треба да отпадне, ова е тенденциjа и во српскиот jазик, било Крстевик сега е Крстик. Но ке има еден период на неjаснота, примерно читам една колумна за вашиот министер Попоски еден пат Попоски, два пати Поповски мене ако прашате наjлогично е да биде направо Попски, а Груевски Груjски.
 
Не е тенденцијата во Србија таква. Подеднакво се застапени и едниот и другиот пример. Се зависи кој како е запишан во матичните книги...
 
Извадок од Локов: Легенди, преданија, вистини

Во опширниот пописен дефтер од 1583 г. се запишани овие лица:
Младен Петко, Неделко Петко, Пејо Богче, Михо Стојко, Петко Ѓорче, Ѓурсан (Ѓурчин) Петро, Петко Стојко, Стојко Грдан, Пејо Тодор, Димитри Поп....

Од тоа се гледа дека немало -ски/-ов/-ев во нивните презимиња. Па дури и -иќ.
Овие додавки се од 19-ти век најверојатно.

Излегува дека вистинските македонски презимиња ги имаат македонците од Албанија. Останале имуни на додавките.
 
Ова впрочем најверојатно не се ни вистински презимиња, туку само патроними, т.е. таткови имиња. Не знам во кое место се попишани овие луѓе, но можно е Младен Петко и Неделко Петко да се браќа и да имаат ист татко - Петко. А татко им да е Петко Ѓорче, што ќе рече Ѓорче им е дедо. Ова било практитка при турските пописи, и вистински презимиња кои се наследување со поколенија биле реткост. Вака се` до XIX век.
 
Последно уредено од модератор:
Па добро, реално немало верзии на -иќ, -ов, -ски во тоа време. А денес во Албанија се официјални презимиња. Мислам во таа верзија.
 
Последно уредено од модератор:
-иќ, -ов, -ски : се суфикси за припадност, практично не менуваат ништо повеќе отколку граматички контекст на (през)името, од Младен Петко во Петков, Петковски, Петковиќ итн. итн.
Скоро секаде името на некој предок било пресудно за дефинирање на фамилијарното потекло или пак селото - локација на првата евидентирана единица од таа фамилија.
Исто така често земани биле и застапените професии од тоа време, па ете го Даскалов, Попов, Овчаров.... и сл.
Поретки се надимаците, но исто така присутни.
 
Во Охрид голем дел од презимињата немаат ниту -ов, ниту -ски, ниту -иќ. И како што напиша некој претходно, претежно дефинираат професија, фамилијарен прекар или местоположба(пр. Каневче - кај Канео). И уште еден интересен податок, дека има презимиња што се земале од женското.(пр. Ангеличин)

Интересно да се спомене за пливачката легенда Александар Леко Радич (Презимето му е Леко, а Радич(не „иќ“) е добиено од Радичевци - фамилијарно, т.е. тој бил Леко од Радича(таткото) ;)

П.С. Заборавив најакото
Ристо Узунче(од Узунчета) - подоцна Христо Узунов
 
Последно уредено:
Не е од узунчета, а од турскиот збор "узун".
 
Последно уредено од модератор:
И јас лично сметам дека наставките на презимињата: ов, ев, овски, оски, овиќ... се креација од понов период(ама кој???). Порано се велело Младен син на Петко, внук на Ѓорче... Что се однесува до денешните наставки на презимињата и во Украина ги има секакви:
 
Повеќето од постарите украински имиња се според руската традиција: второ име (од таткото) е на "ич", а презимето на "ски" (при во географска смисла како Оболенскиј - исто како кај бугарските презимиња) или "ов / ев". "кo"/"ок" е традиционално за Украина.
 
Последно уредено од модератор:
јас лично сметам дека наставките на презимињата: ов, ев, овски, оски, овиќ... се креација од понов период(ама кој???).

теа суфикси се многу стари, има ги во словенските и во балтијските јазици.
Суфиксите -av-ītjo- во балтијските јазици (пруски: Gorowyten, Wоуsewite; западнобалтијски: Зѣбрович ((*Zebr-av-īt-) од XIII в., Корковичи, Таисевичи) се паралел на словенските -ov-itje-. Види А. Непокупныј, Суффиксальное сочетание -av-ītjo- в западнобалтијских јазыках (1987).
Т.е. тоа се стари патроними, кои се фиксирани и во топонимијата. Во повеќето слов. јазици -itj станува -ic (Петрович, Попович и т.н.)

Во РМакедонија нај-известниот пример е денешниат Радовиш (старо Радовишт: 'τὸν Ραδόβιστον' во грамота на Василиј II од 1019 г., 'писати оу Радовиштих'' во грамота на Стефан Урош од 1361 г. и т.н.), од патронимот *Радовишти (*Rad-ov-it'), од лично име (ЛИ) Радо.

Исто:
- кочанското село Видовишта, Видовиште (Вид-ов-ишти) од ЛИ Видо, со паралели во српските Vidovići, чешки Vidovice,
- пехчевското с. Трабатовиште (*Трѣбот-ов-ишти) од ЛИ Трѣбота <-> српското Треботић и чеш. Třebotovice,
- битолското Маловишта од ЛИ Мал,
- струшкото Моровишта, Морòишта (*Моровишти) од ЛИ Моро, т.е. грчкото Μαῦρος ('црн') <-> српското Morović, и др. Види Ив. Дуриданов, Значението на топонимијата за етническата принадлежност на македонските говори (1996)

Порано се велело Младен син на Петко, внук на Ѓорче...

да, така е било за по-обичните луг'е. Исто така во првите векови на турското владичество, кога грчката црква и грчките црковни имиња уште не се били доминантни, се били многу распространети имиња со заклинателен характер, со префикси Рад-, Драг-, Стан-, Добр- и Брат-. Види ја табелата со статистиката на Хр. Гандев во гл. II. Из живота на оцелелите поколенија:
За XV век во Битолско и Костурско, од 7250 имиња 1211 (16.7%) се со префикси Рад-, Драг-, Стан-, Добр- и Брат-. Во Кукушко-Демирхисарско од 2002 имиња 38.1% се со Рад-, Драг-, Стан-, Добр- и Брат-. А во Софиско се дури 69.8% (нема ги толку грчките Васил, Ѓорги, Димитар и т.н.)
 
И многу од личните средновековни имиња биле со суфикс -иш, -аш, -ош, -уш. Така на пример, браќата на Крале Марко биле АндреАШ, ИванИШ (и Димитрија), имаме име ПетрУШ, ПантУШ и сл.
Тоа е или варијанта на оние суфикси кои во другите јазици завршуваат на “С“ (Андреас, Иванис, Петрус, Пантус,) или пак тие се варијанти на оригиналот на “Ш“ :) Кој ли го знае? :)
 
Која e финтава - пресно мажениве девојки кои го земаат презимето од сопругот го земаат во машки род ?? Ептен глупаво ми звучи и не, НЕ звучи американски воопшто .. :tapp:

пр. Александра МирческИ (Мирческа правилно)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom