Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.127

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Јас верувам оти си голем, туку размислувањата некако хејтањата како по деветто одделение новата програма...

Sent from my 6036Y using Tapatalk
то е ради твое ниво на знаење и познавање, можеш да распознаеш само до девето, не и појќе
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Дали верувате дека некои стануват би само заради тоа што им недостасува внимание од женскиот пол но не можат без секс па со машки е полесно :P?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Хомонацистички Талибани....
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Е многу силна анализа си направила. Просто се заљубив во твојата професија преку тебе.
Зошто на студент(ка) на психологија и е потребно да користи туѓ ник да ѕирка во туѓи соби? Па не ти ни треба ник за да го буташ носот. И, стручњакот, на член кој има повеќе од 60 год му вели да се ослободи и да ја осети љубовта која и со ист пол е прекрасна.
Студентке, ученичке, што и да си, отвори си тема за Лет (како што и порано правеа) па таму дискутирај за него. Овде се збори за педери, ако имаш нешто паметно да споделиш од твоето богато познавање, повели
Абе Letman бил генерација со Питу Гули!?:shook:
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.748
Поени од реакции
7.267
На деца им се многу смешни годините на постарите. Како да не планираат да остарат. Некои од нив еден ден ќе бидат стари педери
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
@Kacar :pos:
Братучедке-студентке на мастер студии психологија, комплексите "можам од авион да ги спотирам".
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
@Kacar :pos:
Братучедке-студентке на мастер студии психологија, комплексите "можам од авион да ги спотирам".
Со оглед на тоа дека темата на магистерската и е "Stereotypes among social networks in West Balkan" којзнае колку ја заебавале ергените додека ги полнела бардаците средсело. :/
 
D

Daedalus

Гостин
Тоа е модерната психологија со интернет цивилна доктрина.
Да не навлегувам подлабоко, најдобро е да останам на површината. Би ми било мило доколку некогаш се прифатиш иако си една обична иконка овде.
(коментар од студентка на мастер психологија, читај горе почеток)
Психологијата не е ни наука ни поле на изучување. Да бидеш магистер по психологија е бескорисно потрошено време и симбол за типичен губитник во животот. Психолозите во принцип, имаат проблем со математика, биофизика, биохемија и биологија поради комплексноста на материјата која треба да се изучи за некој да стане саглам научник, како што се невролозите. Индикатор за тоа е нивната неспособност да положат мочана статистика или генетика на факултет, поедноставени за нивото на еден просечен студент по психологија. Поради тоа, идат по лесниот пат и се самозалажуваат дека се морално супериорни или дека го спознале човечкото однесување кога всушност се губитници кои запишале психологија за да еготрипаат или да решат некој свој проблем и такви можам од авион да ги приметам. Тоа што ги обединува, е нивната унифицирана мастурбација и суета кога станува збор за „проценка на луѓе“.
Плу! Плукам врз психологијата!!!
Инаку он топик, поштуем хомосексуалци!!!
 
Последно уредено од модератор:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Немам некое конкретно мислење т.е. не бев ни против тие луѓе ниту па ги подржував, се водев според тоа нивни живот нивни правила се додека не видов во центарот на градот баш пред министерството за образование (кај тоа паркчето) како двајца се муваа ма какво мување се јадеа. :shook: Ми се згрози. :unsure:
Се уште ќе си стојам на првото мислење ама не во јавност бе, ни малку осет да се немало.
Според мене екстремен PDA не е кул, па каков сака пар нека е. Бил геј или стрејт. Не сум против јавно искажување љубов, ама сепак во јавност си, треба да е умерено и прибрано. Ако на некој му дошло до таква размена на страсти, барем да се повлечат во позатскриен дел. Али респект што однесувањето на одредени поединци не ти го мати умот за остатокот од популацијата (y)

Нов сум тука а гледам има многу мислења на темава па може за ова што ќе го пишам е веќе дискутирано, ама не можам сега да читам толку многу мислења. Значи прво, не ми пречи ако некој зад затворени врати спие со некој од ист пол. Кој што сака нека си прави, доколку е доброволно од двајцата. Но сум строго против истополови бракови и посвојување на деца во такви бракови. Него друго ми е зборот а гледам на форумов има хомосексуалци па може некој ќе одговори...
Браковите имаат и практична димензија, не само духовна. Ти од каква причина си против? Не верувам дека некој хомосексуалец има намера да прави Big Fat Greek Wedding овде или од истата некакво реалити шоу. Парот, двајца сведоци во матично, и завршена приказна.

Океј, да бидеме искрени, можеби Боки 13 планира таква свадба. Али он е специјален случај. Заслужува специјална свадба.

За посвојувањето, ако си против од причините дека ќе расте дискриминирано ради несаглам народ - да. Ако си против затоа што се двајца татковци, тука имаш инфериорна појдовна точка на аргументирање многупати поразена наназад.

И едното и другото ќе се случат, прашањето е кога.

Ме интересира зошто имате толкава потреба од геј-паради? Хомофобијата главно постои затоа што на секој хетеросексуалец му се гади (што е нормално) кога ќе види маж што парадира облечен како жена и нашминкан. А на парадите се прави токму тоа. Зошто кога гледате дека ве мразат поради тоа, упорно настојувате да ги нервирате другите уште повеќе? Еве на пример, има многу славни хомосексуалци (Нил Патрик Харис, Иан Мекелен, Џим Парсонс) кои никогаш не се облекуваат како жени во јавност, и ако сами не признале дека се геј, никој немало да знае. И никој не ги мрази. Дури многумина не знаат ни дека се геј овие луѓе.
Парадите ги организираат невладини организации и божебни организации за права на хомосексуалците. На парадите што ги опиша си парадираат нивни членови и одредени други attention whores. Имаше пред некое време парада во Хрватска. Освен шаренилото, никој нити се облече ко жена, нити се шминкаше ко кловн, нити се мафташе гол. Прајдот постои како што постои 8ми Март, и на Запад како што има за расните права.

Ден потсетник за правата на некогаш маргинализираните групи, и нечовечкиот дискриминирачки пристап кон нив. Со тоа што жената денес, барем во развиениот свет и на запад, ги ужива правата, не го прави светот помалку желен да го одбележи 8ми Март. На запад сега има и Black History Month. Може да ги спомнеме и работничките права и 1ви Мај. Прајдовите често се организираат и на различни денови во годината од различни групи заради некохезивност, и неспособност на факторите позади човековите права и слободи да одредат еден ебан ден од годината кој ќе важи засекогаш. А истиот не е 2ри Февруари, и сме уморни да ве поправаме кога ни го честитате :cautious:.

Лично не сум против Прајд настани, на точно одреден ден од годината, но сум против циркузирање и егзибиционизам, кој доби нови димензии на Запад, под изговор дека е Прајд евент. Да е до мене, дури би го направил казниво тоа однесување, ама не решавам јас. Плус, никој нејќе диктатор. Посебно не геј диктатор :D.

Зборот ми е дека ако не им мафтате пред очи на хомофобите дека сте геј, никој нема да ве дира. Не ви пишува на чело дека сте геј. За разлика од тоа, има дискриминирани групи по сосема друга основа, кои не можат да го скријат тоа поради што се дискриминирани и омаловажени. На пример, јас пораснав како дебело дете во провинциски град (и денес имам проблеми со вишок килограми, ама се држам со здрава исхрана и вежби). Сум поминал секакви дискриминации поради килажата. Колку да сакаш, тоа не може да се скрие. Па не сум организирал „парада на дебелите“ каде мафтаме со хамбургери и велиме „Дебели сме а горди“. Ова е мој став, па колку сака нека ви звучи сељачки.
Некој ако сака да те дискриминира, и ако таков му е менталниот склоп, вешто ќе најде материјал ако сака. Не треба да си со риџа коса, ќелав/проќелавен, со вишок килограми, тешкотии во ментален развој, или која и да е друга лесно одредлива, и нажалост често дискриминирана група на база на одредени карактеристики. Само грешен ти е пристапот. Зошто да кријам дека сум геј? Дел е од мојата биологија како некој што дел му е од биологијата што полесно стекнува вишок килограми со просечниот човек, што е џинџер, или не знам, еве на пример Ром, да земам пример од кај нас како малцинство и воедно маргинализирана група.

Мојата разлика не е видлива, ама зошто да ја кријам? Тие што водат двојни животи или имаат некого на страна кријат и лажат за да не се открие, затоа што знаат дека не е во ред тоа што го прават. Нема потреба да кријам или да лажам некого ако случајно дојде на муабет нешто што е поврзано на еден или друг начин со мојот љубовен живот или партнер. А тоа дека ако знаат хетеросексуалците дека ќе им смета според мене не е вистина. Барем за повеќето. Имам испитано на своја кожа. Се дур хомосексуалноста не ти го диктира животот, или ти е Алфа и Омега од твојот карактер, и нема што многу друго да те дефинира како лик и играден карактер со ставови, повеќето луѓе се чинат комплетно океј да имаат пријател хомосексуалец.

Повеќето се против затоа што заглавени им се стереотипи и урбани митови за хомосексуалците кои воопшто не се пријатни. Па да диспелирам некои од нив - Пример не разговарам со друштвото за шминки, мода, реалити шоуа, или ЛГБТИ селебритис и сл. Се дискутира за филмови и серии, за видео игри и општа нерд и поп култура, за музика, за книги, за светски настани и политики, за филозофија, некој лаф муабет, па и таков за девојки. Тоа што сум геј не ги спречило голем број другари да прашаат за совет, да побараат помош за дилема, или да се пожалат за тековен проблем со девојката.

Ваљда дека поголем број девојки се поблиски со хомосексуалците како другари отколку со хетеро мажи па сметаат дека подобар увид можам да им дадам за одреден проблем затоа што доволно често девојките дискутираат за проблеми со дечкото од свој аспект и видик. Значи третманот е како и кај било кој друг другар. Како и заедничките елементи кои го одржуваат едно другарство. Повеќето хомосексуалци исто така не се фемизирани, што е уште еден мит. Напротив, фем дечките се малцинство и кај нас. Само се полесно забележливи, и нажалост, голем број од нив се и прежедни за внимание по секоја цена, па се собираат група на прајд и слични евенти како што опиша и ти.

Останатите ни е сосема океј прајд евент со одбрано друштво да го поминеме негде на скара и пиво. Истото нема да ни ја стопи кожата, и не бегаме од кромид и лук како вампири. Голем број од нас не ја сакаат ни Лејди Гага ни Мадона и дефиниција за кул музика ни е хард рок и метал. Некои си имаат формирано и бендови. Еден мој бивши е тапанар во еден метал бенд. И он, како тебе (а и прилично голем број мои стрејт другари) е дечко со малку вишок килограми. Што од тоа дека и ние сме биле мета на глобална осуда и дискриминација, што и од подемот на bear и chub профилите на физички изглед како нешто не само сосем нормално и прифатливо, него и привлечно, па земено заедно голем број такви луѓе наоѓаат доста добри пријатели кај хомосексуалците.

Исто и за провинцијалството. Повеќето многу ни е гајле кој од каде доаѓа. И јас сум роден во Скопје, ама имам потекло од Македонски Брод и Ресен. Ништо помалку горд не сум на тоа од што сум за се друго. Нормално плитки мозоци има сегде па има и кај нас, ќе најдеш хомосексуалец што не само што не би имал партнер таков, него не ни сака такви пријатели да има, зборам и за побуцмасти луѓе и за луѓе од помали градови. Тоа што тебе некој те задевал и ти створил комплекси не е во ред. Ама не е и во ред паралелата со Fat Pride Парада. Луѓе со вишок килограми гледаш секој ден како стапуват во брак и имаат деца. Тоа не им е забрането и ниту им е забрането да останат со тој вишок килограми "позади 4 ѕида".
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Според мене екстремен PDA не е кул, па каков сака пар нека е. Бил геј или стрејт. Не сум против јавно искажување љубов, ама сепак во јавност си, треба да е умерено и прибрано. Ако на некој му дошло до таква размена на страсти, барем да се повлечат во позатскриен дел. Али респект што однесувањето на одредени поединци не ти го мати умот за остатокот од популацијата (y)



Браковите имаат и практична димензија, не само духовна. Ти од каква причина си против? Не верувам дека некој хомосексуалец има намера да прави Big Fat Greek Wedding овде или од истата некакво реалити шоу. Парот, двајца сведоци во матично, и завршена приказна.

Океј, да бидеме искрени, можеби Боки 13 планира таква свадба. Али он е специјален случај. Заслужува специјална свадба.

За посвојувањето, ако си против од причините дека ќе расте дискриминирано ради несаглам народ - да. Ако си против затоа што се двајца татковци, тука имаш инфериорна појдовна точка на аргументирање многупати поразена наназад.

И едното и другото ќе се случат, прашањето е кога.



Парадите ги организираат невладини организации и божебни организации за права на хомосексуалците. На парадите што ги опиша си парадираат нивни членови и одредени други attention whores. Имаше пред некое време парада во Хрватска. Освен шаренилото, никој нити се облече ко жена, нити се шминкаше ко кловн, нити се мафташе гол. Прајдот постои како што постои 8ми Март, и на Запад како што има за расните права.

Ден потсетник за правата на некогаш маргинализираните групи, и нечовечкиот дискриминирачки пристап кон нив. Со тоа што жената денес, барем во развиениот свет и на запад, ги ужива правата, не го прави светот помалку желен да го одбележи 8ми Март. На запад сега има и Black History Month. Може да ги спомнеме и работничките права и 1ви Мај. Прајдовите често се организираат и на различни денови во годината од различни групи заради некохезивност, и неспособност на факторите позади човековите права и слободи да одредат еден ебан ден од годината кој ќе важи засекогаш. А истиот не е 2ри Февруари, и сме уморни да ве поправаме кога ни го честитате :cautious:.

Лично не сум против Прајд настани, на точно одреден ден од годината, но сум против циркузирање и егзибиционизам, кој доби нови димензии на Запад, под изговор дека е Прајд евент. Да е до мене, дури би го направил казниво тоа однесување, ама не решавам јас. Плус, никој нејќе диктатор. Посебно не геј диктатор :D.



Некој ако сака да те дискриминира, и ако таков му е менталниот склоп, вешто ќе најде материјал ако сака. Не треба да си со риџа коса, ќелав/проќелавен, со вишок килограми, тешкотии во ментален развој, или која и да е друга лесно одредлива, и нажалост често дискриминирана група на база на одредени карактеристики. Само грешен ти е пристапот. Зошто да кријам дека сум геј? Дел е од мојата биологија како некој што дел му е од биологијата што полесно стекнува вишок килограми со просечниот човек, што е џинџер, или не знам, еве на пример Ром, да земам пример од кај нас како малцинство и воедно маргинализирана група.

Мојата разлика не е видлива, ама зошто да ја кријам? Тие што водат двојни животи или имаат некого на страна кријат и лажат за да не се открие, затоа што знаат дека не е во ред тоа што го прават. Нема потреба да кријам или да лажам некого ако случајно дојде на муабет нешто што е поврзано на еден или друг начин со мојот љубовен живот или партнер. А тоа дека ако знаат хетеросексуалците дека ќе им смета според мене не е вистина. Барем за повеќето. Имам испитано на своја кожа. Се дур хомосексуалноста не ти го диктира животот, или ти е Алфа и Омега од твојот карактер, и нема што многу друго да те дефинира како лик и играден карактер со ставови, повеќето луѓе се чинат комплетно океј да имаат пријател хомосексуалец.

Повеќето се против затоа што заглавени им се стереотипи и урбани митови за хомосексуалците кои воопшто не се пријатни. Па да диспелирам некои од нив - Пример не разговарам со друштвото за шминки, мода, реалити шоуа, или ЛГБТИ селебритис и сл. Се дискутира за филмови и серии, за видео игри и општа нерд и поп култура, за музика, за книги, за светски настани и политики, за филозофија, некој лаф муабет, па и таков за девојки. Тоа што сум геј не ги спречило голем број другари да прашаат за совет, да побараат помош за дилема, или да се пожалат за тековен проблем со девојката.

Ваљда дека поголем број девојки се поблиски со хомосексуалците како другари отколку со хетеро мажи па сметаат дека подобар увид можам да им дадам за одреден проблем затоа што доволно често девојките дискутираат за проблеми со дечкото од свој аспект и видик. Значи третманот е како и кај било кој друг другар. Како и заедничките елементи кои го одржуваат едно другарство. Повеќето хомосексуалци исто така не се фемизирани, што е уште еден мит. Напротив, фем дечките се малцинство и кај нас. Само се полесно забележливи, и нажалост, голем број од нив се и прежедни за внимание по секоја цена, па се собираат група на прајд и слични евенти како што опиша и ти.

Останатите ни е сосема океј прајд евент со одбрано друштво да го поминеме негде на скара и пиво. Истото нема да ни ја стопи кожата, и не бегаме од кромид и лук како вампири. Голем број од нас не ја сакаат ни Лејди Гага ни Мадона и дефиниција за кул музика ни е хард рок и метал. Некои си имаат формирано и бендови. Еден мој бивши е тапанар во еден метал бенд. И он, како тебе (а и прилично голем број мои стрејт другари) е дечко со малку вишок килограми. Што од тоа дека и ние сме биле мета на глобална осуда и дискриминација, што и од подемот на bear и chub профилите на физички изглед како нешто не само сосем нормално и прифатливо, него и привлечно, па земено заедно голем број такви луѓе наоѓаат доста добри пријатели кај хомосексуалците.

Исто и за провинцијалството. Повеќето многу ни е гајле кој од каде доаѓа. И јас сум роден во Скопје, ама имам потекло од Македонски Брод и Ресен. Ништо помалку горд не сум на тоа од што сум за се друго. Нормално плитки мозоци има сегде па има и кај нас, ќе најдеш хомосексуалец што не само што не би имал партнер таков, него не ни сака такви пријатели да има, зборам и за побуцмасти луѓе и за луѓе од помали градови. Тоа што тебе некој те задевал и ти створил комплекси не е во ред. Ама не е и во ред паралелата со Fat Pride Парада. Луѓе со вишок килограми гледаш секој ден како стапуват во брак и имаат деца. Тоа не им е забрането и ниту им е забрането да останат со тој вишок килограми "позади 4 ѕида".
Искрено мило ми е што конечно добив еден опширен и добар одговор на тоа што го пишав. Посебно ме изненади во делот за разголените паради, и драго ми е што и одредени хомосексуалци го делат тој став. Значи зборот ми беше дека поради таквите нашминкани паради стрејт популацијата добива погрешна слика за геј луѓето (ете и јас сум имал погрешна слика дека повеќето геј луѓе уживаат во вакви паради).

За криењето или јавното истакнување, работата е во тоа што некои луѓе од геј популацијата, мислам и ти го спомна тоа на некој начин, упорно го истакнуваат тоа како тие да вредат само поради тоа и ништо друго. И со нивното однесување упорно ги нервираат другите и според мене не прават никаква услуга на вашата заедница. Пак ќе речам, има луѓе што се геј, а се професионалци во тоа што го работат, така да нивната сексуална ориентација паѓа во втор план и никој не ги напаѓа поради тоа. А направив паралела со другите дискриминирани групи во смисла што вие сте во предност со тоа што можете да ја скриете определбата и да си ја чувате за себе, ако се чувствувате загорозени од некого, посебно во ваква средина. Не можеш за никој со сигурност да кажеш дека е геј, па колку и да изгледа феминизирано (знам за исфеминизирани мажи што се стрејт и смениле 100 жени во животот). Има други групи кои не можат да скријат тоа што се, колку и да сакаат. А за тие групи се зборува милион пати помалку отколку за хомосексуалците, па дури и не се ни зборува во медиумите. Во тоа ми беше и поентата со „парада на дебелите“, не дека мислев дека стварно треба такво нешто... :)

Инаку ме праша за посвојувањето деца. Против сум поради самото дете. Како што пиша ти, во ваква средина ќе биде ужасно дискриминирано. Второ, ќе помине време за да детето сфати зошто нема мама, туку двајца татковци. Со тоа ќе се чувствува поинаку и отсечено од околината уште од мало. И најважно, сметам дека на секое дете му се потребни мајка и татко. Мајката може да допре до детето на начин на кој машки родител не би можел. И обратно, има работи кои таткото ги разбира подобро. Така да двајца родители од различен пол најдобро би му овозможиле здрав развој на детето (секако, ако родителите се нормални). Сметам дека тоа е и природно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom