Според мене екстремен PDA не е кул, па каков сака пар нека е. Бил геј или стрејт. Не сум против јавно искажување љубов, ама сепак во јавност си, треба да е умерено и прибрано. Ако на некој му дошло до таква размена на страсти, барем да се повлечат во позатскриен дел. Али респект што однесувањето на одредени поединци не ти го мати умот за остатокот од популацијата
Браковите имаат и практична димензија, не само духовна. Ти од каква причина си против? Не верувам дека некој хомосексуалец има намера да прави Big Fat Greek Wedding овде или од истата некакво реалити шоу. Парот, двајца сведоци во матично, и завршена приказна.
Океј, да бидеме искрени, можеби Боки 13 планира таква свадба. Али он е специјален случај. Заслужува специјална свадба.
За посвојувањето, ако си против од причините дека ќе расте дискриминирано ради несаглам народ - да. Ако си против затоа што се двајца татковци, тука имаш инфериорна појдовна точка на аргументирање многупати поразена наназад.
И едното и другото ќе се случат, прашањето е кога.
Парадите ги организираат невладини организации и божебни организации за права на хомосексуалците. На парадите што ги опиша си парадираат нивни членови и одредени други attention whores. Имаше пред некое време парада во Хрватска. Освен шаренилото, никој нити се облече ко жена, нити се шминкаше ко кловн, нити се мафташе гол. Прајдот постои како што постои 8ми Март, и на Запад како што има за расните права.
Ден потсетник за правата на некогаш маргинализираните групи, и нечовечкиот дискриминирачки пристап кон нив. Со тоа што жената денес, барем во развиениот свет и на запад, ги ужива правата, не го прави светот помалку желен да го одбележи 8ми Март. На запад сега има и Black History Month. Може да ги спомнеме и работничките права и 1ви Мај. Прајдовите често се организираат и на различни денови во годината од различни групи заради некохезивност, и неспособност на факторите позади човековите права и слободи да одредат еден ебан ден од годината кој ќе важи засекогаш. А истиот не е 2ри Февруари, и сме уморни да ве поправаме кога ни го честитате

.
Лично не сум против Прајд настани, на точно одреден ден од годината, но
сум против циркузирање и егзибиционизам, кој доби нови димензии на Запад, под изговор дека е Прајд евент. Да е до мене, дури би го направил казниво тоа однесување, ама не решавам јас. Плус, никој нејќе диктатор. Посебно не геј диктатор

.
Некој ако сака да те дискриминира, и ако таков му е менталниот склоп, вешто ќе најде материјал ако сака. Не треба да си со риџа коса, ќелав/проќелавен, со вишок килограми, тешкотии во ментален развој, или која и да е друга лесно одредлива, и нажалост често дискриминирана група на база на одредени карактеристики. Само грешен ти е пристапот. Зошто да кријам дека сум геј? Дел е од мојата биологија како некој што дел му е од биологијата што полесно стекнува вишок килограми со просечниот човек, што е џинџер, или не знам, еве на пример Ром, да земам пример од кај нас како малцинство и воедно маргинализирана група.
Мојата разлика не е видлива, ама зошто да ја кријам? Тие што водат двојни животи или имаат некого на страна кријат и лажат за да не се открие, затоа што знаат дека не е во ред тоа што го прават. Нема потреба да кријам или да лажам некого ако случајно дојде на муабет нешто што е поврзано на еден или друг начин со мојот љубовен живот или партнер. А тоа дека ако знаат хетеросексуалците дека ќе им смета според мене не е вистина. Барем за повеќето. Имам испитано на своја кожа. Се дур хомосексуалноста не ти го диктира животот, или ти е Алфа и Омега од твојот карактер, и нема што многу друго да те дефинира како лик и играден карактер со ставови, повеќето луѓе се чинат комплетно океј да имаат пријател хомосексуалец.
Повеќето се против затоа што заглавени им се стереотипи и урбани митови за хомосексуалците кои воопшто не се пријатни. Па да диспелирам некои од нив - Пример не разговарам со друштвото за шминки, мода, реалити шоуа, или ЛГБТИ селебритис и сл. Се дискутира за филмови и серии, за видео игри и општа нерд и поп култура, за музика, за книги, за светски настани и политики, за филозофија, некој лаф муабет, па и таков за девојки. Тоа што сум геј не ги спречило голем број другари да прашаат за совет, да побараат помош за дилема, или да се пожалат за тековен проблем со девојката.
Ваљда дека поголем број девојки се поблиски со хомосексуалците како другари отколку со хетеро мажи па сметаат дека подобар увид можам да им дадам за одреден проблем затоа што доволно често девојките дискутираат за проблеми со дечкото од свој аспект и видик. Значи третманот е како и кај било кој друг другар. Како и заедничките елементи кои го одржуваат едно другарство. Повеќето хомосексуалци исто така не се фемизирани, што е уште еден мит. Напротив, фем дечките се малцинство и кај нас. Само се полесно забележливи, и нажалост, голем број од нив се и прежедни за внимание по секоја цена, па се собираат група на прајд и слични евенти како што опиша и ти.
Останатите ни е сосема океј прајд евент со одбрано друштво да го поминеме негде на скара и пиво. Истото нема да ни ја стопи кожата, и не бегаме од кромид и лук како вампири. Голем број од нас не ја сакаат ни Лејди Гага ни Мадона и дефиниција за кул музика ни е хард рок и метал. Некои си имаат формирано и бендови. Еден мој бивши е тапанар во еден метал бенд. И он, како тебе (а и прилично голем број мои стрејт другари) е дечко со малку вишок килограми. Што од тоа дека и ние сме биле мета на глобална осуда и дискриминација, што и од подемот на bear и chub профилите на физички изглед како нешто не само сосем нормално и прифатливо, него и привлечно, па земено заедно голем број такви луѓе наоѓаат доста добри пријатели кај хомосексуалците.
Исто и за провинцијалството. Повеќето многу ни е гајле кој од каде доаѓа. И јас сум роден во Скопје, ама имам потекло од Македонски Брод и Ресен. Ништо помалку горд не сум на тоа од што сум за се друго. Нормално плитки мозоци има сегде па има и кај нас, ќе најдеш хомосексуалец што не само што не би имал партнер таков, него не ни сака такви пријатели да има, зборам и за побуцмасти луѓе и за луѓе од помали градови. Тоа што тебе некој те задевал и ти створил комплекси не е во ред. Ама не е и во ред паралелата со Fat Pride Парада. Луѓе со вишок килограми гледаш секој ден како стапуват во брак и имаат деца. Тоа не им е забрането и ниту им е забрането да останат со тој вишок килограми "позади 4 ѕида".