MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Пaт и живoт се јaсни.
Прoбaј сo пoимoт вистинa. Мислaм декa и претхoднo гo пoбaрaв истoтo, зa oвoј стих.
Ај едно по едно...
Под „пат„ не се подразбира пат како градежен објект, туку „пат„ е начинот на кој верниците, преку Црквата, се пасуваат. Патот, т.е. начинот на живеење за верните, заснован е на објавеното учење Христово, така да верните, т.е. Црквата, битисувајќи на Земјата а воедно спасувајќи се, се движат кон Христа. На крајот од тоа движење, неизбежна е средбата со Христос, како праведен Судија, кој на душата и‘ одредува награда или казна.
Под „живот„ се подразбира Христовата улога во животот од верните, односно, Он Е факторот Кој одлучува за животот или смртта од сите живи битија, првенствено на човекот. Христос, како Творец на се‘ видливо и невидливо, има власт и врз животот (живеењето) па токму Он, преку воскресението, ни ја покажа сета своја власт и над смртта.
Под „вистина“ се подразбираат нешта кои тешко се одговараат па ќе одговорам посредно.
Самиот Христос Е извор на вистината, односно на вистинитото учење, објавено од Него лично, а кое (учење) точно ја опишува суштината и целта од битисувањето на се‘ што е створено.
Согласно искуствата од Светиите, кои се облагодатени со енергијата Христова, кога било кој од нив Го гледа(л) Христа, тој момент на Божјата очевидност станува(л) крај на потребата од верување и знаење, односно средбата со Христа станува момент на очевидност на Вистината, во која, сега за сега, само веруваме и не ни е достапна на очигледен увид.[DOUBLEPOST=1458412310][/DOUBLEPOST]
Тресеш глупости! Каков текст очекуваш?!![]()
Текст, кој е „објективен„ и кој непристрасно ги расудува потезите од Црквата, односно, текст кој не е заснован на Богоборство, на суета и на лична и колективна омрза кон Црквата, која е клеветена за се‘ и сешто, вклучувајќи и дејанија кои се туѓи на самата Црква.
За почеток, наведи кој и што е кољачот од Александрија па да видиме која е неговата врска со Црквата.
Последно уредено:



[DOUBLEPOST=1458437274][/DOUBLEPOST]Јас цело време ти викам дека си ми мил дека ова дека она јас од тебе 3 години еден комплимент не добив како можеш да направеш такво нешто на мене некој да ми каже дека сум му мил и јас ќе му кажам исто, а не бла бла бла и бла! ОДИ СИ..... уффф
...[DOUBLEPOST=1458500874][/DOUBLEPOST]