Не, Орданоски само го парафразира
Петар Помeранџев. И пробува да го објасни концептот на суверена демократија, што Сурков во Русија го создаде. Ама очигледно дека само површно ја прочепкал работата на Сурков, па звучи како некоја комбинација од Каспаров, Ходорковски и Дугин. Сите тројца го напаѓаат Сурков, ама од различни причини, “нашиов“ некако успеал да ги искомбинира сите и да звучи тотално нејасно.
Ама тоа е многу небитно. Проблемот за Орданоски е што тој концепт функционира. И сега се прошири и на ниво на меѓународна политика. Реакцијата или одсудството на истата исто е поврзана за темата што ја начнал Орданоски. Ама за тоа треба да се зборува од аспект на Дугин, не на Померанџев, за “меркуријалноста“ (не стигнал до таму Сашо) на таквото владеење.