- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.300
- Поени од реакции
- 5.886
Може ли ја вода да делам низ парламент ?
Може. Ама ако немаш партија ќе мора да се пријавиш како независен кандидат.Не дочитав, ама после јас че се влезам во парламент...
Кој ме гласа за претседател на партијата и кандидат за во Собранието, нека стави едно лајкче Кој сака нека повели, ќе го ставам на гласачката листа, боја на партијата: сина.ПРОГРАМА ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ (ПРЕДВРЕМЕНИ) ИЗБОРИ
ПРОГРАМА на Нова Демократска Партија на Македонците
Во услови на крајна нужда за заштита на интересите на Република Македонија на внатрешен и меѓународен план, ценејќи дека досегашните политики на сите власти од осамостојувањето на Република Македонија и Република Кајгана не беа во согласност со пошироките граѓански интереси, но во интерес на групи на поединци со злоупотреба на власта и службените положби и овластувања, и масовен грабеж врз буџетот и општествените добра,
Во духот на заложбите за достоинствен живот , благосостојба, еднаквост, солидарност пред правдата , правото и законите,
Во духот на темелните начела на Уставниот поредок на Република Кајгана и принципите на сувереност и самостојност на Република Македонија, како граѓанска и демократска држава, владењето на правото како темелен систем на власта, во духот на гаранација на основните човекови права и слободи , рамноправност, мир, сожителство и солидарност, економска и социјална правда, благосостојба и унапредување на личниот и заедничкиот живот.Во духот на незанимавање со луѓе, но со ИДЕИ за подобра иднина, и на целосна борба против се кое го доведува народот македонски од било која религија и етничка припадност во сиромаштија и му го крши достоинството до сржта.
Новата Демократска Партија на Македонците се формира како партија на граѓаните на Република Македонија и Република Кајгана, за реализација на широк фронт на влијание врз јавната политка, со почетна платформа и вредности за кои се застапува , а тоа се како што е наведено во Преамбулата.
НДПМ е партија на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на вера и етничко потекло на Македонците , како и Македонците со друго етничко потекло, Албанците, Србите, Ромите, Турците, ЦрноГорците, Власите, Бошњаците и др, со заедничка идеја ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА.
НДПМ е партија која се залага за следните вредности:
1. Во рамките на актулената политика состојба и криза – целосно консултирање на граѓанските организации со претставници од политичките партии и странските претставници, на сите нивоа на преговори и решавање на тековната политичка.криза2. За слободно судство, судии кои ќе одлучуваат самостојно, не под притисоци
3. За самостојност на обвинителите, самостоен Уставен и Врховен суд
4. НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Со Грција може билатерално да се преговара и договори начин на меѓусебна комуникација и ословување .
5. Изборните листи се отворени , за сите, Македонија - една изборна единица.
6. ПРЕМИЕР - може исто лице едноподруго да биде само два мандати, и тоа најмногу 8 години, исто како и Министрите, граница на возраст, наполнети 40 години...
7. Враќање на служење во АРМ , до три месеци, во родното место од 8-14 часот.Држава без армија нема чувство на родољубие.
8. Доволно градинки, амбулантни возила, амбулантни и медицинска нега по селата.
9. Подршка целосна за рамноправно учество на жените за градоначалнички места на изборите, како и за министерски места.
10. Укинување на Законот за абортус
11. Еднакви услови за домашните инвеститори и фирми како и за странските.
12. Запирање на процесот на нудење на македонската работа сила за робовска плата од 150 евра.
13. Основна здравствена заштита бесплатна за сите, и за оние со неплатени придонеси
14. Учество на граѓанските организацци и јавната свест и мислење при донесување на секоја јавна политика
ИМЕТО :
1. Отстапки по прашање на зачувување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура и ИМЕТО Република Македонија , согласно Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и правото за самоопределување се недозволиви и се забранети.За идентитет не се преговара.
2. Целосна посветеност на Евро интеграциите и НАТО интеграциите , но истовремено и водење на политика на еквидистанца и вклучување во сите меѓународни органзации кои се од интерес за неутрална политика , односно не врзување на влегувањето во меѓународни организации институции и сојузи со идентитетот и името.
СОПСТВЕНОСТ: 1. Почитување на гарантирањето на правото на сопственост и наследување, и на никого овие права нема му бидат одземени и ограничени.
2. Сите граѓани ќе бидат обештетени по однос на правото на денационализација, а оние недвижности кои не се узурпирани ќе се вратат во сопственост без оглед дали со правосилна судска одлука се одземени од сопственикот согласно со Законот за денационализација.
КОРУПЦИЈА:
1. Борба против корупција во насока на нејзино намалување до мин.80 % со воведување на Корупција како кривично .дело со казна доживотна робија со конфискација на имот.2. Спречување на спротивно на законите однесување на трудовата, пазарна и финансиска инспекција, посебно со практикување согласно Законот за прекршоци, на опомена, како средство за одстранување на аномалии и избегнување на енормни казни со кои се уништуваат малите и средни претпријатија, со што ќе се зголеми стапката на вработеност и енормно краткорочно збогатување на поединци.
МИНИМАЛНА ПЛАТА И ВРАБОТУВАЊЕ:
1. Вработувањето по принцип на позитивна дискриминација и во државна администрација, ќе продолжи, но само во рамките на потребите, односно при надополнување на работни места заради испразнување.
2. Секој кој магистрира и докторира, државата ќе му обезбеди вработување..
3. Ќе се гарантира минимална плата колку што изнесува минималната потрошувачка кошничка , минимум 15.000 денари.
4. Во државаната администрација, и јавните служби како носители на функции ќе се вработуваат лица со соодветни професионални квалификации и завршено образование, според принципите на стручност, во областа во која се именуваат.
СОЦИЈАЛНО ЗГРИЖУВАЊЕ
1. Согласно начелото на социјална праведност ќе се гарантира правото на социјална помош или пензија за немоќните и неспособни граѓани за работа, посебно лицата со тежок инвалидитет , ментална попреченост и тешка нервна болест.
2. При утврдување на пензија ќе се земе како основица просек од остварени плати низ сите години на работно искуство и работен стаж, ,основицата секогаш ќе изнесува 80 % од просекот на платите .
3. Самостојните вршители на дејност ќе бидат изедначени во начинот на плаќање на придонесите со другите категории на обврзници согласно еднаквоста според Уставот и слободата на пазарот и претприемаштвото.4. Нема да се наметнуваат бесплатни обврски на самостојните вршители на дејности(како регистрирање на фирми на сметководствените бироа) ако државата тие средства не ги надоместува.
ДЕЦА
1. Ќе се врати правото на жената и семејството согласно Уставот и меѓународното право слободно да одлучува за раѓањето на деца, односно правото на жените за абортус, без да минуваат преку комисиско одлучување и понижување.
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА
1. Сите природни богатства на Република Македонија, добрата од општ интерес, предметите и објектите од културно и историско значење ,ќе уживаат посебна заштита и ќе се забрани нивно отуѓување од сопственост или давање под концесија на подолг период од 10 години, со можно продолжување на концесија со претходно преиспитување на услови , а оние кои се отуѓени ќе се вратат на соодветен начин во сопственост на Република Македонија.
ХИМНА
Секоја седница на Собрание на Репубика Македонија да започнува со интонирање на химна.
ЗНАМЕ
Знамиња на други држави , употребувани од Македонците со друго етничко потекло, Албанци, Срби, Турци, Роми и др. , ќе се користат исклучиво напозициите каде што можат да стојат ,а тоа се само објекти од јавен интерес во места во кои се над 20 %.
ДРЖАВНИ И ЈАВНИ СЛУЖБИ
1. Воведување на систем на кариера во државни и јавни служби, односно унапредување на секои 4 години во зависност од резултатите од работата, и евалуирањето и оценките.
2. Укинување на принципот на вработување како волонтери во државни и јавни служби, освен за оние за кои Законот тоа го одредува, и секое волонтирање по измината трета година да премине во вработување на лицето во работен однос на неопределено време, како и секој договор за вработување на дело на било кое работно место, со тоа што и времето на прекинувањето во склучување на одделни договори ќе се смета за стаж.ЧОВЕКОВИ ПРАВА
1. Да се овозможи Канцеларијата на Народниот правобранител целосно да функционира независна.
2. Континуирана и систематска борба против корупција со создавање на прецизно утврден систем и споредбена анализа на политики.
3. Промовирање на учеството и рамноправна застапеност на жените во владиниот и приватниот сектор и спроведување на позитивни мерки во согласност со таа цел.
4. Обезбедување обука за полицијата, граничната полиција, судиите, адвокатите и други релевантни персонал, со цел да се подигне свеста за чувствителноста на прашањето на човековите права.
5. Воспоставување на независни тела за мониторинг за полицијата и правосудниот систем.
6. Кршењето на човековите права да се темелно истражени , оние кои се одговорни донесе пред лицето на правдата и дека соодветно обесштетување е направен за жртвите и нивните семејства.
7. Судењето во неразумен рок и повредите на правата на граѓаните остро да се казнува со високи парични надоместувања на жртвите .
8. Извршната, законодавната и судската власт, ќе одговори на барањата за информации и ќе дејствува на сите препораки од Канцеларијата на Народниот правобранител во врска со истрагата за жалби за наводни прекршувања на економските, социјалните и културните права, како и граѓанските и политички права.
8. Превземање на конкретните мерки преземени за да се создаде вработување , и нивната ефективност, вклучувајќи ги и мерките преземени во рамките на националните акциони планови за вработување.
9. Зајакнување на напори користење на сите расположливи ресурси да се зголеми, колку што е можно , износот на бенефиции за невработеност , минимални пензии , вклучувајќи инвалидски пензии и бенефиции за социјална помош , со цел да се обезбеди соодветен стандард на живеење за примателите на таквите пензии и бенефиции.
10. Превземање на сите неопходни мерки за борба против феноменот на децата на улица и да ги заштити нивните семејства , меѓу другото , преку изградба ниска цена за домување и обезбедување на основна инфраструктура и погодности ; релоцираат депонии од ромските населби , обезбедување работа можности; отворање на дополнителни дневни центри за деца на улица , во соработка со невладините организации , како и амбулантско клиники, и обезбедување медицинско советување и основни лекови за овие деца и нивните семејства.
11. Навремено дистрибуирање на заклучни согледувања ,на Комитетите за Човекови права на Обединетите нации во официјален јазик до релевантни државни институции на сите нивоа (национално , регионално, локално ), особено до Владата , министерствата, Собранието и судството, за да се овозможи нивна целосна имплементација .
ЕКОЛОГИЈА
1. Донесување на Закон за создавање на одржливи извори на енергија во наредните 10 години и намалување на водостојот на водите во Република Македонија со акумулации.(преработка на смет и кроистење на енергија)
2. Воведување на систем на рециклирање на отпадни материи
3. Воведување на високи акцизи за алкохол и цигари и доведување на ниво на Европска Унија.
4. Донесување на Закон за забрана на распродавање на национални богатсва , како рудници , упарвување со електрична енергија, артефакти, резервати, национални паркови.
АРМИЈА
1. Зголемување на буџет за Армија и алоцирање на капацитети на цела територија на Македонија.
ОДБРАНА
1. Да се воведе задолжително служење на воен рок во траење од минимум 1, 5 до 3 месеци во родно место на живеење како скратено работно време од 4 часа, без дополнителни трошоци на државата за престој и исхрана.
За братучетки праиш ли исклучоци?Нема поента у тоа да ја промовирам партијата, и онака исти ташак е све али тие што сакаат да се приклучат у мојата партија, треба да ги задоволуваат следниве критериуми:
1. Да мрчат за бесмисленоста на светот, форумов и било која конструкција која неминовно ќе се распадне со текот на времето поради хаосот.
2. Секој закон којшто ќе биде предложен или да го серат како непотребен протокол којшто не' залажува дека животот има универзална и апсолутна поента и дека структурата на општеството со закони е реална... или ако не им се мрчи пошто ги мрзи, можат да се согласат со законот. Ако сакаат да предложуваат закони нека предложуваат.
Сеедно, што сакаат нека праат уствари..
Ваљда.За братучетки праиш ли исклучоци?
Што треба да направам?@Zlatikevichius прај тука партија филм ФТВ (филм и тв) не се зафркавај
Еднаш неделно доволно е?Ваљда.
Ае, ама глеј биди депре бар повремено.
Па не знам да ти кажам право, збунувачко ми е малку ова и му се немам посветено добро.Што треба да направам?
Па не знам да ти кажам право, збунувачко ми е малку ова и му се немам посветено добро.
Ваљда треба да кажеш дека формираш партија, ќе се вика така и така ќе се залага за тоа и тоа.
Ќе ти стаиме петнаестина лајкови и влагаме у парламент или така нешто.
Не мора да читаш пошо влагаш со тие 25%.Не дочитав, ама после јас че се влезам во парламент...