Океј, сериозно сега.
Како студентка на мастер студии психологија во странство(НЕ Е БИТНО КАДЕ) и завршен додипломски факултет психологија при Филозофски факултет св.Кирил и Методиј, си давам за право да го произнесам своето мислење со членот
@Let 3 .
Сакам да посочам дека, акаунтов не е мој туку на мој братучед со ваков никнејм Кацар или како што приметив овде Аватар име го нарекувате(а можеби сум и грешка). Не коментирам на теми, туку само набљудувам, па и побарав од сопственикот да произнесам мислење во врска со Лет3.
Би сакала на долго и широко ова да го дебатирам со лет3, за да биде јасно на сите тука, но јас немам време. Темата за магистериумот ми е "Stereotypes among social networks in West Balkan " па сум пасивен набљудувач на многу теми и овде, и на фемина и на други форуми, но во паралела со форуми од соседните земји, групи на фејсбук и слично.
Добро, ја објаснив сега ,,легитимноста" за ова мое излагање на кратко, но со главниот и завршниот дел ќе бидам уште пократка.
Членот кој што го спомнав, Лет3 навистина има проблем со себеспознавањето. Ова овде го нарекуваме себе-деструкција, откриена и и во вид лесна форма на психичко убедување за себе си пред себе си за другите. Ја исчитав темата од почеток до крај, имам и белешки фаќано, открив значи според излагањава со коментари некои тешки психопати, но, највеќе ми привлече внимание Лет3. Така смирено, ланчано, со медицински факти поткрепено, де долив на хомофобија де долив на прифаќање, од првите неколку страни до крајот само тебе те има. Се произјаснуваш, одиш против, дебатираш , се бориш и сакаш да постигнеш нешто а не знаеш ни самиот што.
Лет3, ослободи се човече. Прекрасна е љубовта, претпоставувам и сексот страста со маж или било кој секс и врска со истиот пол. Јас сум стрејт, да се разбереме. Но, латентните хомосексуалци можам од авион да ги спотирам. Денес, поради застапеноста на грагѓаните на интернет, ние психолозите развиваме техники како да спознаеме виртуелно луѓе што зашто. Тоа е модерната психологија со интернет цивилна доктрина.
Да не навлегувам подлабоко, најдобро е да останам на површината. Би ми било мило доколку некогаш се прифатиш иако си една обична иконка овде.
(коментар од студентка на мастер психологија, читај горе почеток)