Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
22 декември 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Дали може некој да ми направи програма за качување на мускулна маса/телесна тежина? Благодарам однапред.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Добро еве да речеме вежбам 5 дена во неделата. И што правиме тогаш. Каков carb cycling ќе биде тоа ?
Нема врска бројот на тренинг денови во неделата со ротирчкиот внес на ЈХ во денови во неделата.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Нема врска бројот на тренинг денови во неделата со ротирчкиот внес на ЈХ во денови во неделата.
Тоа го прашав пошто членот погоре ми рече деновите кога тренирам да јадам повеќе,а кога не тренеирам да јадам помалце. Па ако тренирам 5дена тоа значи дека ке имам 5дена со висок внес а 2 со помал. Па мислам дека тоа не е целта и начинот на кој се ротират ЈХ. Некој совет и инструкции како да изиграм со ротацијата :)
 
Член од
2 септември 2012
Мислења
322
Поени од реакции
93
Nekoj da mi predlozi dobar protein ako moze?pozz do site
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Тоа го прашав пошто членот погоре ми рече деновите кога тренирам да јадам повеќе,а кога не тренеирам да јадам помалце. Па ако тренирам 5дена тоа значи дека ке имам 5дена со висок внес а 2 со помал. Па мислам дека тоа не е целта и начинот на кој се ротират ЈХ. Некој совет и инструкции како да изиграм со ротацијата :)
Она кое можам да ти го пишам сега и овде е теорија, која воопшто не мора да значи дека одговора кај тебе индивидуално, согласно потребите и целта.
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Тоа го прашав пошто членот погоре ми рече деновите кога тренирам да јадам повеќе,а кога не тренеирам да јадам помалце. Па ако тренирам 5дена тоа значи дека ке имам 5дена со висок внес а 2 со помал. Па мислам дека тоа не е целта и начинот на кој се ротират ЈХ. Некој совет и инструкции како да изиграм со ротацијата :)
Зошто баш carb cycling. Следи го внесот на калории. Внесувај умерена количина на комплексни ЈХ и зголеми минимално на оној ден кога ти е најинтензивен (нозе). Ова од причина да задржиш што повеќе мускулна маса, а постепено да губиш масти. А колку калории и колкав ти е умерениот внес на ЈХ ќе си увидиш сам по многу обиди и грешки. На овој начин поедноставно ти е да го прилагодиш режимот на исхрана за чистење и попрактично е на долг рок гледано.
 
Па прочитав доста позитивни искуства за ротацијата при cut, а притоа се покажала како добар начин да се задржи мускулна маса. Мината година кога правев cut изгубив и доста мускулна маса. Па сега се двоумам дали да почнам со ротација на ЈХ, класично смалување на калории(ова малце потешко ке ми иде да го уклопам во животов, или пак intermittent fasting. Па сакав да дознам малце подетално за ротацијата, али тоа на друго место изгледа :)
 
Член од
23 декември 2015
Мислења
51
Поени од реакции
2
Шпагети, макарони т.с тестенини добри ли се за во исхраната??
 
Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.095
Да ми препопрачате некоја добра шема за намалување на масти/чистење? Активно вежбам,кардиото го имам два пати неделно по саат и нешто,4 дена вежбам со тежини,али пак не гледам некој ефект во врска со чистењето,пошто не пазам на исхрана,а не пазам пошто немам добра шема уствари коа ке видиш неам никаква шема за исхрана,јадам Junk food као дебил.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Да ми препопрачате некоја добра шема за намалување на масти/чистење? Активно вежбам,кардиото го имам два пати неделно по саат и нешто,4 дена вежбам со тежини,али пак не гледам некој ефект во врска со чистењето,пошто не пазам на исхрана,а не пазам пошто немам добра шема уствари коа ке видиш неам никаква шема за исхрана,јадам Junk food као дебил.
Шема мислиш на исхраната или бараш шема со стероиди?

Ако мислиш на исхрана може и самиот да си направиш соодветно на твоите услови.
Еве ти калкулатор каде што ќе пресметаш колку ти е потребно да внесуваш и таблици со калории во храната.
А како ќе одиш понатаму зависи од тебе (ротации со јаглехидрати, кето, intermittent fasting....)

Без да ја средиш исхраната нема да имаш ефект во чистењето, ако сакаш да се исчистиш ќе мора да се опростиш од џанк фуд :D[DOUBLEPOST=1457876753][/DOUBLEPOST]
Шпагети, макарони т.с тестенини добри ли се за во исхраната??
Може да ги вклучиш за после тренинг се добри, доколку си на маса не му се плаши, a ако се чистиш, избегни ги доколку ти дозволува буџетот, ако не јади ги, али брои ги калориите :D[DOUBLEPOST=1457878041][/DOUBLEPOST]
Добро еве да речеме вежбам 5 дена во неделата. И што правиме тогаш. Каков carb cycling ќе биде тоа ?
Варијациите на јаглехидратите не ти зависат од денови на вежбање, повеќе ти зависат од личност до личност и цел која треба да се достигне. Може ти самиот да ги прилагодиш високите внесови да ти бидат на деновите кога имаш најтешки тренинзи, тогаш ќе имаш повеќе енергија, па да го искористиш, еве ти две разни варијации (ги има многу) како би изгледало тоа.

Понеделник Не внесуваш јх
Вторник Низок внес
Среда Висок внес
Четврток Не внесуваш вопшто
Петок Низок
Сабота Висок
Недела Низок

Може и со сосема поинаков пристап (дури и да го менуваш секоја недела)

Понеделник Среден внес
Вторник Низок внес
Среда Висок внес
Четврток Низок внес
Петок Висок внес
Сабота Низок внес
Недела Низок внес
 
Последно уредено:

Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.095
Шема мислиш на исхраната или бараш шема со стероиди?

Ако мислиш на исхрана може и самиот да си направиш соодветно на твоите услови.
Еве ти калкулатор каде што ќе пресметаш колку ти е потребно да внесуваш и таблици со калории во храната.
А како ќе одиш понатаму зависи од тебе (ротации со јаглехидрати, кето, intermittent fasting....)

Без да ја средиш исхраната нема да имаш ефект во чистењето, ако сакаш да се исчистиш ќе мора да се опростиш од џанк фуд :D
На исхрана мислев,фала ти многу :)
 
Член од
22 декември 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Доколку може да ми направете план за исхрана за качување на мускулна маса/телесна тежина. Моментално имам 55кг и престанав да одам на теретана за да качам килажа али не сум успешен во тоа. Добро би ми дошол ваш совет за исхрана. Благодарам однапред.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
131
Поени од реакции
105
Дали некој знае каде и дали воопшто кај нас може да се купи путер од бадеми?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom