Распадот на Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѕвер
  • Време на започнување Време на започнување
На приватен план економски, Југославија не беше многу подобра од ова денес (говорам за просекот). И тогаш имаше сиромаштија но која се покриваше со додатна заработка на црно (за што поради работното време имаше доволно време, за кое што денес нема такво нешто) или со работа на нива... Платите не беа големи но имаше мали трошоци, споредено со сега кога имаме многу поголеми трошоци (телефони, струја, комунални трошоци, интернет, телевизија, превоз, греење...), кои откако ќе ги покриеме и ќе се “нахраниме“ едвај нешто да ќе ни остане за шетање, културни настани, излегување во кафеана (иако кафеаните се сите полни, за разлика од библиотеките) и т.н.
Во споредба со она што Македонија го имала (и економски и во поглед на слободите и изразување на националниот идентитет и државност) во Кралска Југославија разликата е како небо и земја. Кога приликите би биле поинакви и Македонија беше самостојна и целовита (како и што треба да биде) од самиот почеток (1945 год.) со поинакво уредување (капиталистичка-социјална држава од типот на европските држави) можеби (море сигурен сум) Македонија ќе беше една од солидно развиените и во секој поглед моќни држави. ...
Разликите во социјален план беа мнооогу помали од колку денес, платите беа поголеми во еден период од сегашните (пример е просечна плата во 1980 од 37.000 денешни денари) но трошоци се имаше, и тоа не гледам дека има некои екстра трошоци сега, ако сега имаш интернет, тогаш секој ден купуваше весник шо на крај на месец ти идеше како интернет претплата сега, телевизија и тогаш и сега се плаќала, телефони тогаш немаше припејд туку фиксни чиј приклучок кошташе 1500 марки или 750 евра или како да земеш скоро 4 смартфона од по 200 евра, и со редовна месечна претплата а сега ако немаш пари - не ставаш кредит или ќе клаиш стотче, во СФРЈ беше популарно одење на излети и тоа не за мајот туку речиси секој викенд колата, јадењата и ај негде во околија на ливада или покрај река, филмови немаше за спуштање туку се одеше на кино, љубитељ на филм тогаш секоја недела одеше на проекција, а љубитељ на музика купуваше плочи и касети пошто немаше бесплатен даунлоад, на одмор се одеше редовно, прспа, дојран и охрид ги имаа златните времиња во СФРЈ пошто секој можеше да си дозволи пат и барем недела дена ако ништо друго во некој камп од фирмата на езеро, а се одеше и на море и на планини....
Ако Македонија во 1945 почна како некоја капиталистичка земја, брзо ќе замреше, прво Македонија во 45 беше феудална земја, Битола имаше мала централа на дрва и неколку мали занаетчиски фирми, население беше воглавном земјоделци необразовани во најголем број неписмени, без патиишта, без струја, без иригации, во поголеми градови имаше водовод и канализација но во помалите и по села, не, автопатишта немаше брани фабрики универзитети, школи, железници аеродроми.. За да се направи сето тоа прво и основно ти треба кадар, доктори од разни специјалности, машински и електро инженери, архитекти, градежни инжинери, правници филозофи економисти пилоти, ветеринари, агрономи...
За да ги школуваш ти треба 10-15 години од средно и високо, на факултети за кои ти требаат професори со титули и дипломи. Замисли само шо ти треба да отвориш во 45 или 55 болници во неколку поголеми града и амбуланти во помали места? Или каков кадар ти треба да отвориш еден салам факултет, универзитет, да создадеш основ за иднината на земјата... Па да не збораме колку пари треба да има државата за да почне да гради здравство образование индустрија земјоделство транспорт туризам.... Значи од старт ќе требаше да викниме некои странци кои ќе отвореа свои погони ќе ни дадоа штрафцигери и ќе ни покажеа кој дел каде се штрафи за плата а профитот ќе одеше во нивни џепови
Во 1991 година Македонија го имаше сето тоа, основата ја имаше и воведовме капитализам и види на шо дојдовме, од капацитети со иљадници вработени и кои без проблем работеа и извезуваа и продаваа производи спаднавме на погони каде од работник само се бара да рзаликува бои, да нема проблем со нозе и полојната и да има издржлива бешика. Во СФРЈ Македонија во една македонска фирма работеа и работници и техничари и електро инженери и машински инженери и правници и економисти.... сами ги правевме производите,м усовршувавме проектиравме тестиравме.... имаше потреба од сите кадри. Сега само мускул и вид ти треба како на лабараториски пацов од кој само се очекува на одредена команда да притисне одредено дугме и за тоа ќе добие парче сиренце (или електрошок ако згреши)
Во СФРЈ Македонија беше дел од еден мини ЕУ пазар со 20 милиони жители, со единсртвена валута и без царини и давачки. Ние бевме во еден вид на ЕУ, имавме на располагање и пари од заеднички буџет, имавме и подршка во развој и бевме заштитени со закони царини и даноци од увози на ефтина неквалитетна роба од странство.
Ние сега сакаме да влезиме пак во некаква унија на држави али под многу понеповолни услови со главен град Брисел и со европски закони и комисии и комесари кои ќе ни кажат како да живееме шо да садиме колку смееме да извезиме и кон која земја да праиме санкции и чии имигранти да примиме и како да се викаме и како да си ја корегираме историјата. Во ова нова унија ќе изгубиме многу повеќе од нашата култура, традиција, особености па и обичаии од колку тоа што беше во СФРЈ, и ќе бидиме секогаш нечија работна сила која ќе ни диктира колку и како и за колку да работиме.
Златните времиња на Македонија завршија, исто како дента кога се рашири веста дека умре Александар и кога почна пропаста на империјата со војни поделби смрт и сиромаштија...
 
Ги извртуваш работите. Каква економија имаше Грција во 1945-тата? Од каде најде Македонија професори за на скопскиот универзитет па за 10 години од војната ги има веќе првите кадри (некои од нив завршиле и на универзитети во странство или другите републики). Какви стартни позиции имаа Грција, Бугарија, Србија во почетокот на формирањето на нивните држави? Албанија?!?
Кој ни го даде тоа што го имаме денес? Југославија? А кој им го даде на другите истото?
 
Грција и Македонија во кралевина беа два различни поими, Грција беше и независна могу пред тоа земја и сојузник со Англија, и Бугарија си беше независна држава и царство многу пред тоа и имаа и универзитети и факултети и болници и патишта и пруги и пристаништа и фабрики и свој образуван кадар и своја основа. И Србија не беше во многу полоша ситуација, сепак Београд беше центар и на Србија и на СХС и на кралевина и имаа доволно стручен кадар и инфраструктура. Кога ќе земеш се Македонија беше во најнеповолна состојба во 45, од една страна Бугарија која сега беше со СССР осилена, од друга страна Грција која почна да ги протерува Македонците уз подршка на Англија и запад, во планините на запад се уште балистички чети, без ифраструктура, без доволно стручеб кадар и без некој моќен сојузник...
 
Во СФРЈ, Македонците беа потценети од страна на повеќето останати братски народи.

Ако сме биле потценети, сами сме придонеле за тоа. Дали знаеш дека на секој универзитет во Југосалвија Македонците имале право да го полагаат испитот на македонски јазик? И да биде парадоксот поголем, речиси ниту еден Македонец не инсистирал на тоа право.
 
Навистина не знаете каква беше Грција (северна) во 1970 на пример (да не говорам за 1945-та), јас знам ги гледав затоа што од почетокот на ’70-тите одам на летување таму...
Не беше многу поразвиена од нас. А не е баш ни сега поразвиена (индустриски, интелектуални капацитети и сл.) само што ние си го уништуваме и она што го имавме или не го користиме за наши интереси, а тие го надградуваа и интензивно го користат.
Видете ја па Албанија ако не друга земја. Таа барем стартуваше од нула и за 20 години колку постигна. Ние во оваа “трка“ подзапираме и ги пропуштаме послабите од нас и на крај покрај сето - сите заедно ќе влеземе во целта иако ние бевме километри пред нив.
Тоа е кога не знаеме или не смееме да ги искористиме сите свои капацитети за да напредуваме (можеби не беше предвидено во глобалните планови Македонија да постои? Кој знае...).
 
Ги мешате работите. Затоа што споредувате различни работи.
На приватен план економски, Југославија не беше многу подобра од ова денес (говорам за просекот). И тогаш имаше сиромаштија но која се покриваше со додатна заработка на црно (за што поради работното време имаше доволно време, за кое што денес нема такво нешто) или со работа на нива... Платите не беа големи но имаше мали трошоци, споредено со сега кога имаме многу поголеми трошоци (телефони, струја, комунални трошоци, интернет, телевизија, превоз, греење...), кои откако ќе ги покриеме и ќе се “нахраниме“ едвај нешто да ќе ни остане за шетање, културни настани, излегување во кафеана (иако кафеаните се сите полни, за разлика од библиотеките) и т.н.
Во споредба со она што Македонија го имала (и економски и во поглед на слободите и изразување на националниот идентитет и државност) во Кралска Југославија разликата е како небо и земја. Кога приликите би биле поинакви и Македонија беше самостојна и целовита (како и што треба да биде) од самиот почеток (1945 год.) со поинакво уредување (капиталистичка-социјална држава од типот на европските држави) можеби (море сигурен сум) Македонија ќе беше една од солидно развиените и во секој поглед моќни држави. Можеби ние сите оние дуќани, работилници, преноќишта ќе сме ги надграделе до фабрики, комплекс маркети, хотели, а можеби ќе сме пропаднеле, но сепак сето тоа ќе беше НАША заслуга или вина. Но, к’сметот сакал да не биде така и она што сепак сме го добиле во тие и такви прилики е доволно за и денес (иако тоа можеби некој не го гледа на прв поглед, или не сака да го види) да ги уживаме придобивките на тој период (обучен квалификуван кадар, правна и економска легислатива, инфраструктура, станови и куќи - всушност стотина илјади евра ПОДАРЕНИ пари кои се во моментот мртви пари, но кои секогаш можат да се активираат и т.н.).
За разлика од тогаш, денес имаме општество кое наместо човекот на прво место ги става парите. Се е подредено на парите и се измислуваат мал милион на начини на народот да му се извлечат до последно денарче. Но за тоа основите ги постави Црвенкоски и неговите кои се потрудија се што вредеше во Македонија да уништат, распродадат, дури и заштедите им ги украдоа на луѓето и народот го сведоа на сиромашен пролетеријат кој има само знаење и работни навики (кои подоцна се изгубија), но нема каде и на што да ги примени. И сето тоа комбинирано со интензивна работа на странските агентури и држави (потпомогнати со внатрешни платени предавници) за разнебитување на државата. Да се разбереме - ние сме од почеток и во континуитет предмет на специјална војна и тоа не е наивно и нечија фантазија туку реално ни се случува.
Во поглед на целокупната состојба, Југославија беше подобра само во едно - сигурноста (воена и економска), политичката постојаност и безбедност, релаксираноста, слободното време, грижата за човекот... - сите тие нешта постојат и сега во западноевропските држави, но кај нас се “изгубија“.
И на крај Југославија не се распадна поради наброените слабости од претходните дискутанти - тоа не беа нешта со кои што не можеше да се живее, туку затоа што “некој“ од надвор тие слабости вешто ги искористи за крваво да ја растури Југославија. Разделбата можеше да се случи и на мирен начин како Чехо-Словачка или Советскиот Сојуз (исто како што има мирни и трауматични разводи на брак :) ) но целта не беше просто да се распадне Југославија (во тој случај економијата ќе продолжеше да живее, можеби уште помоќна и врз капиталистички систем) туку таа така да се распадне за нејзиното повторно обединување (макар само на економски план) да биде скоро невозможно.

Пак со тој муабет ако беше Солун наш сега ќе бевме на месечината.
Па уште ако била социјална држава, како Шведска нешто нели ама од 1945, што е сигурно сигурно е. Не одат тие работи така во реалноста, само фантазии.

Не знам зошто мислиш дека некој ја растурил Југославија, кој имал интерес од такво нешто?

Разликите во социјален план беа мнооогу помали од колку денес, платите беа поголеми во еден период од сегашните (пример е просечна плата во 1980 од 37.000 денешни денари) но трошоци се имаше, и тоа не гледам дека има некои екстра трошоци сега, ако сега имаш интернет, тогаш секој ден купуваше весник шо на крај на месец ти идеше како интернет претплата сега, телевизија и тогаш и сега се плаќала, телефони тогаш немаше припејд туку фиксни чиј приклучок кошташе 1500 марки или 750 евра или како да земеш скоро 4 смартфона од по 200 евра, и со редовна месечна претплата а сега ако немаш пари - не ставаш кредит или ќе клаиш стотче, во СФРЈ беше популарно одење на излети и тоа не за мајот туку речиси секој викенд колата, јадењата и ај негде во околија на ливада или покрај река, филмови немаше за спуштање туку се одеше на кино, љубитељ на филм тогаш секоја недела одеше на проекција, а љубитељ на музика купуваше плочи и касети пошто немаше бесплатен даунлоад, на одмор се одеше редовно, прспа, дојран и охрид ги имаа златните времиња во СФРЈ пошто секој можеше да си дозволи пат и барем недела дена ако ништо друго во некој камп од фирмата на езеро, а се одеше и на море и на планини....
Ако Македонија во 1945 почна како некоја капиталистичка земја, брзо ќе замреше, прво Македонија во 45 беше феудална земја, Битола имаше мала централа на дрва и неколку мали занаетчиски фирми, население беше воглавном земјоделци необразовани во најголем број неписмени, без патиишта, без струја, без иригации, во поголеми градови имаше водовод и канализација но во помалите и по села, не, автопатишта немаше брани фабрики универзитети, школи, железници аеродроми.. За да се направи сето тоа прво и основно ти треба кадар, доктори од разни специјалности, машински и електро инженери, архитекти, градежни инжинери, правници филозофи економисти пилоти, ветеринари, агрономи...
За да ги школуваш ти треба 10-15 години од средно и високо, на факултети за кои ти требаат професори со титули и дипломи. Замисли само шо ти треба да отвориш во 45 или 55 болници во неколку поголеми града и амбуланти во помали места? Или каков кадар ти треба да отвориш еден салам факултет, универзитет, да создадеш основ за иднината на земјата... Па да не збораме колку пари треба да има државата за да почне да гради здравство образование индустрија земјоделство транспорт туризам.... Значи од старт ќе требаше да викниме некои странци кои ќе отвореа свои погони ќе ни дадоа штрафцигери и ќе ни покажеа кој дел каде се штрафи за плата а профитот ќе одеше во нивни џепови
Во 1991 година Македонија го имаше сето тоа, основата ја имаше и воведовме капитализам и види на шо дојдовме, од капацитети со иљадници вработени и кои без проблем работеа и извезуваа и продаваа производи спаднавме на погони каде од работник само се бара да рзаликува бои, да нема проблем со нозе и полојната и да има издржлива бешика. Во СФРЈ Македонија во една македонска фирма работеа и работници и техничари и електро инженери и машински инженери и правници и економисти.... сами ги правевме производите,м усовршувавме проектиравме тестиравме.... имаше потреба од сите кадри. Сега само мускул и вид ти треба како на лабараториски пацов од кој само се очекува на одредена команда да притисне одредено дугме и за тоа ќе добие парче сиренце (или електрошок ако згреши)
Во СФРЈ Македонија беше дел од еден мини ЕУ пазар со 20 милиони жители, со единсртвена валута и без царини и давачки. Ние бевме во еден вид на ЕУ, имавме на располагање и пари од заеднички буџет, имавме и подршка во развој и бевме заштитени со закони царини и даноци од увози на ефтина неквалитетна роба од странство.
Ние сега сакаме да влезиме пак во некаква унија на држави али под многу понеповолни услови со главен град Брисел и со европски закони и комисии и комесари кои ќе ни кажат како да живееме шо да садиме колку смееме да извезиме и кон која земја да праиме санкции и чии имигранти да примиме и како да се викаме и како да си ја корегираме историјата. Во ова нова унија ќе изгубиме многу повеќе од нашата култура, традиција, особености па и обичаии од колку тоа што беше во СФРЈ, и ќе бидиме секогаш нечија работна сила која ќе ни диктира колку и како и за колку да работиме.
Златните времиња на Македонија завршија, исто како дента кога се рашири веста дека умре Александар и кога почна пропаста на империјата со војни поделби смрт и сиромаштија...

Во поголем дел од муабетот си во право, само останува прашањето како тој систем произведе такви монструми, такви злостори од 1991 натаму, колежи и масакри, разбојници кои украдоа све што било градено во претходните педесетина години, тие луѓе мора да излегле од некаде?
 
Во главном од затвори каде предходната власт ги држеше
Па види им ги самите водачи, Туѓман, осуден и затворан ради национализми ширења на омрази, Изетбеговиќ, осудуван и затваран ради верски национализам, кога дојдоа на влест нив им требаа кадри кои тие идеи ќе ги спроведат во дело, не им требаа правници и економисти туку убијци и кољачи, се појавија по градови и места, им се даде оружја и позиции и после се си течеше глатко и мазно.
 
Ако сме биле потценети, сами сме придонеле за тоа. Дали знаеш дека на секој универзитет во Југосалвија Македонците имале право да го полагаат испитот на македонски јазик? И да биде парадоксот поголем, речиси ниту еден Македонец не инсистирал на тоа право.
Се согласувам.
 
Jas vo JNA ( a i drugite ) tamu sluzben jazik bese srpskohrvatskiot (za komandi i slicno)
no i pokraj toa koga se polagase nesto bese dozvoleno ako sakas toa da go storis na majcin jazik,bili pisuvano bilo usmeno,taka mnogu poloziva za razni profesii posebno i za vozaci, mnogu zema dozvola od taa JNA.
 
Maкедонија си беше држава и во СФРЈ
си имаше свои граници, свое знаме, химна (која и денес се пее) беше мнооогу помоќна и побогата и посигурна и понапредна и похумана од ова денес и во сите документи ти стоеше во графа националност - Македонец и можеше слободно да кажеш и се пишиш кој си и како се осеќаш и на цела територија на таа Македонија се вееа Македонски знамиња и таблите беа на македонски јазик и имиња на школи и улици не беа на оние на неприателите на Македонија и грците не смееа ништо да кажат на името СР Македонија.
Ние ја напраивме Македонија горда и силна земја, вие ја заебавте така да ако има некој срам - кај вас е.[DOUBLEPOST=1457712339][/DOUBLEPOST]
Знам, убеден е дека дедому имал бакалниче кое му го зеле “комунинистите“ и дека затоа е сега гладен и жеден и сиромав... а не може да докажи дека имало некоја бакалница тукиу дека дедо му земал плата и пензија од комунистите со кои исхранили и ишколувал деца и внуци.
Изгорен е да биди бакалин а ете комунистите му го урнаа тој сон[DOUBLEPOST=1457712492][/DOUBLEPOST]и
Најголем број на вицеви во СФРЈ беше за Босанци и Црногорци па и за Албанци, за Македонци ниту имало ниту било. А во војска немаше подсмевање освен можеби меѓу другари во војска повеќе на приателска база исто ко шо сега битолчанец му се потсмева на прилепчанец или скопјанец или како шо цела македонија ги заебава охриѓани.
Мал си не ги знаеш овие работе
Кој ги заебават ре Охриѓани,немој овде да вршиш непријателска пропаганда!
 
Maкедонија си беше држава и во СФРЈ
си имаше свои граници, свое знаме, химна (која и денес се пее) беше мнооогу помоќна и побогата и посигурна и понапредна и похумана од ова денес и во сите документи ти би
---------------------------------
sto bi kazal za ova
i jas sum na stav deka vo Jugoslavija podobro si zivevme,nie nasa-moja generacija
da ne objasnuvam mnogu,sekoja i sabota i nedela na vikend so drugarite,zenite i decata,
a sega 20 i kusur godini ne sum go napravil toa,sekoj gleda da nesto ako moze da zaraboti vo toj Vikend, a ako odi na Vikend treba plus troskovi,e odat nekoj,zatoa e polno na Vodno na krstot vo vikendite,am koj odat,koj toa sega podobro ziveat vo ovaa Makodonija od nekoj i vo onaa Jugoslavija, ima lica (megu koj i jas) koj se uste ne sum vlegol,ne sum bil vo onoj Siti MOl, a odi tamu sigurno e prepolno,(no vo Jogo,skoro sekoj den vo Trgovski,Beko,Nama).EVe ne sum bil i vo ovie nekoj bazeni i ona drugono kaj salana vo Karpos, ( a vo Jugo obavezno na Ezero Treska ne sme propustale ili na bazen Belvi i Kale) ama nekoj odat,imat pari ,kako li im se davaat 300 ili 1000 za familija,koga jas odma gi tie racunam-pretvaram vo leb,kompir i kopan,odnosno si velam dva dena ke jademe so tie pari,toa vo Jugo ne sum go mislel,se imalo i za jadenje i za prosetki i vikend i za kino.
Uste i ova, sto ke kazes za ova bas me interesira. Pocnavme vo sedumsetite,poveketo vo sredina ili potoa na sedumdesetite da kupuvame i koli,(nie mladi) i se znae pocetok so fico i potoa pak fico,nekoja skoda 100 ili reno 4, ama toa vozev jas,toa vozeva i mojte drugari i nivnite drugari, i sto e najvazno tuka stara zelena zigula vozese i nasiot direktor (na 1500 lica)
nemase togas DJIPOVI i Taureci i Audi automatik, od kade sega tolku djipovi i skapi koli ako sega potesko se zivee. Vo Jugo bilo dobro so fico a sega nemalo pari a cel plac kaj novine zgradi vo Skopjevo e so novi koli od koj polovina se luksuzni ili djipovi, epa tie sigurno nema da go sakat fico i taa Jugo,a i ne ziveele vo Jugo ic ili bile vo peleni.
 
Кој ги заебават ре Охриѓани,немој овде да вршиш непријателска пропаганда!
Јас зборувам од патриотски и економски причини, замисли Охрид онака убав град кога би ги иселиле Охриѓани и би населиле некој пристоен, работлив, културе, образован градски народ како Битолчани. Тоа би бил гордост на Македонија, туристичка мека на Европа, дестинација за секој желен за убавина и клутура.
 
Абе пола сум битолчанец иначе друг муабет ќе праефме!;)Иначе преку к.р од муабети овие вакви оние такви.Сегде мојш да најш и шупаци и ок љуге зависит на кого ке налеташ.Демек низ Битола немат шупаци,не бе Чарлс шупакот си е шупак независно кај е роден!
 
Ако шутраци имет само само низ Битола и Охрид, добро е!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom