Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Разликите во социјален план беа мнооогу помали од колку денес, платите беа поголеми во еден период од сегашните (пример е просечна плата во 1980 од 37.000 денешни денари) но трошоци се имаше, и тоа не гледам дека има некои екстра трошоци сега, ако сега имаш интернет, тогаш секој ден купуваше весник шо на крај на месец ти идеше како интернет претплата сега, телевизија и тогаш и сега се плаќала, телефони тогаш немаше припејд туку фиксни чиј приклучок кошташе 1500 марки или 750 евра или како да земеш скоро 4 смартфона од по 200 евра, и со редовна месечна претплата а сега ако немаш пари - не ставаш кредит или ќе клаиш стотче, во СФРЈ беше популарно одење на излети и тоа не за мајот туку речиси секој викенд колата, јадењата и ај негде во околија на ливада или покрај река, филмови немаше за спуштање туку се одеше на кино, љубитељ на филм тогаш секоја недела одеше на проекција, а љубитељ на музика купуваше плочи и касети пошто немаше бесплатен даунлоад, на одмор се одеше редовно, прспа, дојран и охрид ги имаа златните времиња во СФРЈ пошто секој можеше да си дозволи пат и барем недела дена ако ништо друго во некој камп од фирмата на езеро, а се одеше и на море и на планини....На приватен план економски, Југославија не беше многу подобра од ова денес (говорам за просекот). И тогаш имаше сиромаштија но која се покриваше со додатна заработка на црно (за што поради работното време имаше доволно време, за кое што денес нема такво нешто) или со работа на нива... Платите не беа големи но имаше мали трошоци, споредено со сега кога имаме многу поголеми трошоци (телефони, струја, комунални трошоци, интернет, телевизија, превоз, греење...), кои откако ќе ги покриеме и ќе се “нахраниме“ едвај нешто да ќе ни остане за шетање, културни настани, излегување во кафеана (иако кафеаните се сите полни, за разлика од библиотеките) и т.н.
Во споредба со она што Македонија го имала (и економски и во поглед на слободите и изразување на националниот идентитет и државност) во Кралска Југославија разликата е како небо и земја. Кога приликите би биле поинакви и Македонија беше самостојна и целовита (како и што треба да биде) од самиот почеток (1945 год.) со поинакво уредување (капиталистичка-социјална држава од типот на европските држави) можеби (море сигурен сум) Македонија ќе беше една од солидно развиените и во секој поглед моќни држави. ...
Ако Македонија во 1945 почна како некоја капиталистичка земја, брзо ќе замреше, прво Македонија во 45 беше феудална земја, Битола имаше мала централа на дрва и неколку мали занаетчиски фирми, население беше воглавном земјоделци необразовани во најголем број неписмени, без патиишта, без струја, без иригации, во поголеми градови имаше водовод и канализација но во помалите и по села, не, автопатишта немаше брани фабрики универзитети, школи, железници аеродроми.. За да се направи сето тоа прво и основно ти треба кадар, доктори од разни специјалности, машински и електро инженери, архитекти, градежни инжинери, правници филозофи економисти пилоти, ветеринари, агрономи...
За да ги школуваш ти треба 10-15 години од средно и високо, на факултети за кои ти требаат професори со титули и дипломи. Замисли само шо ти треба да отвориш во 45 или 55 болници во неколку поголеми града и амбуланти во помали места? Или каков кадар ти треба да отвориш еден салам факултет, универзитет, да создадеш основ за иднината на земјата... Па да не збораме колку пари треба да има државата за да почне да гради здравство образование индустрија земјоделство транспорт туризам.... Значи од старт ќе требаше да викниме некои странци кои ќе отвореа свои погони ќе ни дадоа штрафцигери и ќе ни покажеа кој дел каде се штрафи за плата а профитот ќе одеше во нивни џепови
Во 1991 година Македонија го имаше сето тоа, основата ја имаше и воведовме капитализам и види на шо дојдовме, од капацитети со иљадници вработени и кои без проблем работеа и извезуваа и продаваа производи спаднавме на погони каде од работник само се бара да рзаликува бои, да нема проблем со нозе и полојната и да има издржлива бешика. Во СФРЈ Македонија во една македонска фирма работеа и работници и техничари и електро инженери и машински инженери и правници и економисти.... сами ги правевме производите,м усовршувавме проектиравме тестиравме.... имаше потреба од сите кадри. Сега само мускул и вид ти треба како на лабараториски пацов од кој само се очекува на одредена команда да притисне одредено дугме и за тоа ќе добие парче сиренце (или електрошок ако згреши)
Во СФРЈ Македонија беше дел од еден мини ЕУ пазар со 20 милиони жители, со единсртвена валута и без царини и давачки. Ние бевме во еден вид на ЕУ, имавме на располагање и пари од заеднички буџет, имавме и подршка во развој и бевме заштитени со закони царини и даноци од увози на ефтина неквалитетна роба од странство.
Ние сега сакаме да влезиме пак во некаква унија на држави али под многу понеповолни услови со главен град Брисел и со европски закони и комисии и комесари кои ќе ни кажат како да живееме шо да садиме колку смееме да извезиме и кон која земја да праиме санкции и чии имигранти да примиме и како да се викаме и како да си ја корегираме историјата. Во ова нова унија ќе изгубиме многу повеќе од нашата култура, традиција, особености па и обичаии од колку тоа што беше во СФРЈ, и ќе бидиме секогаш нечија работна сила која ќе ни диктира колку и како и за колку да работиме.
Златните времиња на Македонија завршија, исто како дента кога се рашири веста дека умре Александар и кога почна пропаста на империјата со војни поделби смрт и сиромаштија...