Goran Bt
локал патриот
Пеце на тренинг си гази,си го има уште..
http://www.vest.com.mk/?ItemID=B28B88D1E78B0B4CB6FB4FE01FCF2F32
КОШАРКАРСКИОТ ВЕЛИКАН СЕ ПРИКЛУЧИ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА МЗТ
Петар Наумоски се активираше на 42 години
Еден од најдобрите кошаркари во македонската баскет-историја, Петар Наумоски го одржа и првиот тренинг со својот нов клуб МЗТ Скопје кој го најави како засилување уште на стартот од сезоната.
Челниците на МЗТ Скопје веќе испратија барање за сертификат од Италијанската кошаркарска федерација кој е потребен да го регистира Наумоски за настап во Суперлигата која ќе стартува на 26 февруари.
Наумоски, кој од активното играње се откажа пред седум години во дресот на Улкер, ќе се активира на 42-годишна возраст и ќе биде вториот најстар кошаркар кој настапил во Првата лига по Будимир Јоловиќ (играше и на 49 години). Токму популарниот Буда ќе седи на тренерската клупа на МЗТ на која го замени Александар Петровиќ..
Наумоски ја започна кариерата во Работнички, но најголемите успеси ги имаше како интернационалец. Со Југопластика освои две европски титули (1990,1991) и по две шампионски круни и национални купови. По краткиот втор престој во Работнички, Наумоски замина во Ефес Пилсен со кого освои 15 титули меѓу кои и Европскиот куп и Купот Радивое Кораќ. Европскиот куп го освои и со Бенетон Тревизо (1995), а со Монтепаски Сиена стигна и до трофејот во Сапорта Купот (2002). Последна титула му беше турскиот куп со Улкер во 2004 година, а во својата кариера Пеце освои преку 20 трофеи. Поради неговиот придонес во турската кошарка, тој доби и турско државјанство со името Намик Полат, а поседува и италијански пасош.
Со српскиот центар Миљан Пуповиќ, кој завчера го засили тимот од "Јане Сандански" и со кошаркарскиот великан Наумоски, МЗТ сака да биде што поконкурентен во обидот да го симне Фени Индустри од тронот во мак-баскетот.
