UEFA Champions League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ти Барса ја немаш гледано со години, се гледа. Одамна не ни е доминантна средината, види малце highlights барем од утакмиците на Барса. На тие две утакмици не се знаеше кој каде игра, Чави, Иниеста, Алвес, Алба, Бартра, Тијаго играше на втората утакмица, дури и Меси сите изгледаа како првпат на терен да стапнале, не само тој. Ајде сега изгради го мислењето за сите овие заради тој двомеч. Дечкиве освоија 4 ЛШ од 2006-2016. Во одбрана главна улога во Барса играше во трите ЛШ од кога е дојден баш тој Пике. Пујол во 2009 беше десен бек, Пике играше со Јаја Туре назад, во 2011 Маскерано играше со Пике, Пујол беше на клупа, во 2015 повторно истиот тандем - Пике - Маскерано. Врска нема Пике бе, шо.

И нели се сложи дека е најдобар, шо ме замараш уште?
Не бе ич не е. Просечно по натпревар има 65% посед на топка али не е доминантна средината.

ygiggjA.png

Tqba61N.png

tIkStNl.png

YQn0FGI.png

JvDtFRN.png

Не се ич доминантни.
 
Последно уредено од модератор:
:pos::pos::pos:
Ја немаш гледано Барса ти, ај признај си те молам.
Ете ти види си сам погоре. Тоа све се наптревари од годинава. Тоа ако не е доминантност во средина ондак не знам што е.
 
А Ванче Шиков никој шо не го спомна?
 
Критериумите за топ-дефанзивец денеска се сменети со тие од пред 10-15 години.И не само критериумите него и општо карактеристиките кои еден дефанзивец денеска мора да ги има.

Нема веќе дефанзивци од типот на Канаваро,Неста,Видиќ,Стам и слично...И тоа не е затоа што денеска не знаат како да играат дефанзива денешниве играчи него затоа што е сменет концептот на дефанзива.

Во најголемиот дел од екипите денеска централните дефанзивци се во исто време и длабоко поставени креатори на играта....Пристапот кон дефанзивните играчи е променет и затоа делува дека се со послаб квалитет од гореспоменатите.

Ако ја гледам одбраната само како таква ондак дефанзивци со квалитет на Неста и компанија денеска нема.

Али во исто време е и факт дека од дефанзивците денеска се очекува многу повеќе да придонесуваат активно во самата игра и градењето на нападот.
 
Ете ти види си сам погоре. Тоа све се наптревари од годинава. Тоа ако не е доминантност во средина ондак не знам што е.
Уште пред да ги ставиш овие од резултати.ком се знаеше како си ја гледал Барселона. Гледаш посед и толку, појма немаш колку се смени начинот на игра. Има многу за објаснување кај тебе, дека Барса игра сега директен фудбал, на контри, дека се прескока средина и непотребни пасови, дека Иниеста, Ракитич и Бускетс секоја шанса ја користат за топка напред. Брз фудбал, со долги топки, повеќе физички отколку посед. Ама остај, бројкиве се такви, сигурно уште се' e исто од последниот пат кога гледаше. Неколкупати веќе изгубивме посед против различни екипи - Рајо, Баерн, Реал се блиску секогаш... Врска немаш, шо да ти речам. Исто како јас да зборувам за Милан сега, го немам гледано од кога изгубивте 4-0 на Ноу Камп. Ти барем можеш Барса да ја гледаш во ЛШ, не знам зошто толку неинформиран.
 
65% просек посед на топка не е доминација на средината? Добро.
 
^
Тупаџија невиден си, брат.

Погледај малку како игра Пике, се гледа дека не го знаеш. 3:01 имаш и посед, тоа што ти е битно тебе очигледно за да одлучиш што е доминација на средина. btw вакви видеа можеш да најдеш од сите најбитни утакмици лани на Пике.
 
Хаха, најјак.
Во последниве неколку години секогаш кога некој сака да дискредитира некој играч на Барса се повикува или на тие две утакмици со Баерн, или на двомечот со Интер.
И ова кажува доволно само по себе.
 
Бонучи е добар играч, се слагам дека е елеганција во движење, одлично знае да игра со топка и се тоа.
Но Бонучи не е лидер ко С.Рамос, Компани, паничар е Бонучи, се губи кога покрај него ги нема Киелини и Барзаљи, мекуш е кога е под притисок. Така изгледа дека е топ светска класа пошто Јуве реално ги доминира малите екипи и обично нема многу работа за Бонучи пошто игра централно, само мали корекции на Барзаљи и Киелини и тоа му е работа. Кога е под притисок Јуве и кога е притиснат се гледа класата на Бонинаторот.
Толку е навикнат на одбрана со 3 штопери што кога игра во пар со Барзаљи, Киелини или Ругани е патарушка.
 
Хаха, најјак.
Во последниве неколку години секогаш кога некој сака да дискредитира некој играч на Барса се повикува или на тие две утакмици со Баерн, или на двомечот со Интер.
И ова кажува доволно само по себе.
Никој не дискредитира тука. Пике е добар дефанзивец и никој не порекнува тоа. Ама дека е најдобар на свет мало морген.
 
Никој не дискредитира тука. Пике е добар дефанзивец и никој не порекнува тоа. Ама дека е најдобар на свет мало морген.
Не е најдобар, ама дека не е во најдобрите стоперот кој е алфа и омега во одбраната на најдобриот тим во светот мало морген.
Годин е најдобар според мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom