- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.333
- Поени од реакции
- 26.291
Ок тоа. Ама имаме и фактичка ситуација. Политички договор, кој не го третира судството. Меѓународна заедница, која му ги признава одлуките. Политички партии, кои имаат различни ставови за истото, ама кога седнаа на маса да се договорат, не го оспорија, зборуваа за обвинителството и создавање специјално одделение таму.Далеку од тоа дека нивниот суд е релевантен, не ми беше тоа поентата.
Сега имаме со сите нишани целосно и декларирано партиско судство и нивното постоење, смисла и суштина или ако сакаш филозофски онтолошко значење не постои, не ја исполнуваат целта за која се создадени. Не дека некогаш имале тоа што наведов, ама сега е соблечено до гола кожа дотолку што е срамно да се гледа.
Од тука натаму треба да следуваат нож реформи за да може нешто нормално да произлезе од сето тоа.
И, ако состојбата во судството е таква каква што викаш дека е, кој го артикулира тоа круговите каде што истото може да се смени. Само те молам, немој да пишеш извештајот на Прибе или пресовите на СДСМ, едното е тоалетна хартија, второто е за дневнополитички цели.