Чипиран нечипиран и вие се обидувате во друга насока да ја одведете работава. Прво, никој не рече еј срамота ова СДС преку фокус што го прави со Рангелова. Не може ниту еден новинар еве и полуписмен нека е да објавува таква сторија на насловна и да почнат да ја шеруваат братските протали одма без да направи мала проверка. Откако ја прочитав веста отворив фејсбук и за 15 секунди видов дека има уште една рангелова со исто име и си пипуваше фино лепо брвеница. отворив жената си постои. Втора работа намерно го игнорираат фактот дека во многу села се водат на еден број во избирачки список т.е. вообичаено е без број е овде ставиле НУЛА или 01 како и да беше. Уште една лага. И сега наместо да се извинат, тие продолжуваат да бараат оправдувања за глупостите. Во Брвеница имало толку и толку жители според пописот (од 2002) а толку и толку гласачи. Разлика меѓу државјани и жители попишани не се прави уште еднаш. НАМЕРНО.
Од целава операција со ДИК заклучивме неколку работи. Спорни гласачи има некаде 200-300 и не се работи за фантомски гласачи туку за државјани на Албанија и Македонија (од Пустец). Значи дали ќе им се дозволи пак во Македонија да гласаат и во Албанија тоа е дилемата.
Втора работа, ДИК сите овие години и покрај високиот буџет имала НУЛА ефикасност. Не проверувала апсолутно ништо.
Трето во Македонија луѓето немаат навика да се одјавуваат од едно живеалиште и да се пријавуваат во друго кога менуваат адреси. Сите си седат на старите адреси дури и кога се женат-мажат. Да не правиме муабет за кираџии. Па повеќе од пола од становите во Скопје што се издаваат не се ни пријавуваат во УЈП. Промена на сопственост не се запишува па има милион случаи да стига радиодифузна такса на адреса на која станот сменил два пати сопственици.
Четврто поврзано со третото - МВР не е ефикасна сите овие години затоа што не сум слушнал некој да биде казнет опоменат или не знам што ради тоа што не сменил лична карта. Адресите исто имаат многу грешки. Во Катастар една адреса во ЛК друга. Има мн дивоградби кои беа легализирани па грешки во адресите и тн.
Последно, опозицијата сега ќе го користи овој период за да укажува на овие грешки кои се технички ама она ќе ги прикажува како да биле користени за полнење кутии и не знам што, што е тотална глупост. Во Брвеница божем луѓето не се знаат и убациле 1000 луѓе да гласаат за мртви за не знам што. Еве нека ми каже
@Lurtz пошто твоја е теоријата што се случило во Брвеница ако не е тоа јас што го кажувам (иселени луѓе плус можда некој што умрел навремено не го избришале од список)? Дали мислиш дека во селското избирачко место доаѓа перо од свети николе и вика здраво ја сум ѓоко од брвеница дава фалсификувана лична карта од умрен или измислен човек со реална адреса. Личната карта ја проверуваат 5-6 луѓе меѓу кои и од опозициски партии плус набљудувачи од невладини и на никој не му текнува дека човеков не постои или дека е умрениот? Еве ја за таков случај немам слушнато во 3000 избирачки места или колку и да се. Некој да рече мртви гласаа ја видов. Е сега после дебаклов што ќе им се деси на следните избори и тоа го очекувам пошто почнуваат да лажат очајно и да прават почетнички грешки како оваа со рангелова.