Се согласувам, во Европа и посебно кај нас жената е крајно обесправена.За да постои феминизмот, се разбира дека мора да постои и нееднаквост во тоа како се третирани жените во споредба со мажите во различни социо-економски и политички аспекти на живеењето. Во Европа и во светот, жените заработуваат помали плати за извршена иста работа споредено со мажите. Дури и ако не ги земеме предвид радикалните примери (како на пример во Африка, каде мажот ја остава жената доколку таа е силувана од некој друг), жената не по нејзина вина, туку поради општествено непишано правило, е третирана нееднакво на работното место. Не може сето ова да се мимикрира со правото на глас кое го имаат, ниту со еднаквиот пристап до образование. Малала заработи куршум во главата и стана среќен добитник на втора шанса за живот само зашто сакаше образование. Има многу на што да се работи, зашто сегашната ситуација е нееднаква.
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Другарче летоска работеше во магацин и земаше иста плата како и жените вработени таму. Жените освен пакување и лепење по некоја етикета(3+1) никаква потешка работа, додека он им ги носи производите и потоа ги товари во камион, комбе што и да е. Цел ден е на нога и врши тешка физичка работа, додека овие само седат на столче си муабетат и пакуваат, а земаат исти пари. Talk me about equality.
Ова е само еден прост пример зошто не ти држи вода муабетот за во Европа и останати развиени земји. Никој не оспорува дека во Африка и Азија една коза има повеќе права од жените, ама немој да ми споредуваш со тука. Што не одат феминстиките да бараат права за жените на блискиот исток или некое племе во Африка ? Оо, да, пошто таму ќе ги силуваат и најверојатно убијат па се прават силни пред модерниот маж кој пробува се да им угоди и пак не чини.
Не ми текнува сега името на една активистка која отишла на блискиот исток да шири љубов, еднаквост, права на жените курци палци и погоди што ја снашло... Ако помисли на тоа дека била силувана и убиена, тогаш погоди !