Fringe
Скитник низ паралелни светови
- Член од
- 24 септември 2011
- Мислења
- 7.898
- Поени од реакции
- 3.006
Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал
Во Општина Струмица, во четврток наутро почнала истрага за изборен поткуп, при што Основното јавно обвинителство за организиран криминал од Струмица влегло во просториите на општината, а од кабинетот на градоначалникот Зоран Заев се одземени два компјутери и распрашувани се десетина вработени во општината.
Едниот од одземените компјутери бил на шефот на кабинетот, а другиот на помошникот за контакти со граѓаните.
Десет луѓе од кои дел се вработени во општината, а други членови и регионални функционери на СДСМ се повикани на разговор од страна на истражителите за организиран криминал, меѓу кои и координаторот на СДСМ за 4-та изборна единица.
Решението по кое се води постапката е за изборни манипулации и поткуп за избори, наводно, како што пишуваат медиумите за првиот круг на претседателските избори во 2014 година.
Од општина Струмица го потврдуваат настанот, но не дадоа детали, и најавија соопштение за попладне.
„Во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против изборите и гласањето, денеска во Општина Струмица Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција.
Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица претежно граѓани гласачи“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Прашан за тоа што се случува во Струмица и дали се точни информациите дека обвинителството за организиран криминал влегло во општината зело компјутери распрашувало членови на СДСМ, портпаролот на оваа партија, Петре Шилегов рече дека „денешниот обид на партиските обвинителско – судски структури во Република Македонија, не се ништо друго, туку неуспешен обид на Никола Груевски да избега од сопствениот изборен криминал, од изборниот криминал на неговите соработници.
„На Никола Груевски му е јасно дека паѓа од власт на следните избори. Тоа ќе му го испорачаат токму граѓаните на Република Македонија на следните избори коишто мора да бидат слободни, фер и демократски“, рече Шилегов.
Ова не ви одговара а?Едвај го најдов и после не сте биле пристрасни
Зошто неуставното сјо не превзема ништо околку ова туку презема се што е против власта а за тоа е уставно
Зошто на телма не го кажаа ова.
Со вакво однесување-копирање на власта не верувам дека ќе добие 10 пратеници а па власта тешко да добие 25-30 пратееници.
Најверојатно ќе мора 3-4 партии да коалицираат да состават влада па по се изгледа дека ќе имаме реприза на Белгија
http://kajgana.com/odzemeni-kompjuteri-i-vrshen-raspit-vo-opshtina-strumica-za-izboren-kriminal