Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал

Во Општина Струмица, во четврток наутро почнала истрага за изборен поткуп, при што Основното јавно обвинителство за организиран криминал од Струмица влегло во просториите на општината, а од кабинетот на градоначалникот Зоран Заев се одземени два компјутери и распрашувани се десетина вработени во општината.

Едниот од одземените компјутери бил на шефот на кабинетот, а другиот на помошникот за контакти со граѓаните.

Десет луѓе од кои дел се вработени во општината, а други членови и регионални функционери на СДСМ се повикани на разговор од страна на истражителите за организиран криминал, меѓу кои и координаторот на СДСМ за 4-та изборна единица.
Решението по кое се води постапката е за изборни манипулации и поткуп за избори, наводно, како што пишуваат медиумите за првиот круг на претседателските избори во 2014 година.

Од општина Струмица го потврдуваат настанот, но не дадоа детали, и најавија соопштение за попладне.

„Во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против изборите и гласањето, денеска во Општина Струмица Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција.

Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица претежно граѓани гласачи“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Прашан за тоа што се случува во Струмица и дали се точни информациите дека обвинителството за организиран криминал влегло во општината зело компјутери распрашувало членови на СДСМ, портпаролот на оваа партија, Петре Шилегов рече дека „денешниот обид на партиските обвинителско – судски структури во Република Македонија, не се ништо друго, туку неуспешен обид на Никола Груевски да избега од сопствениот изборен криминал, од изборниот криминал на неговите соработници.

„На Никола Груевски му е јасно дека паѓа од власт на следните избори. Тоа ќе му го испорачаат токму граѓаните на Република Македонија на следните избори коишто мора да бидат слободни, фер и демократски“, рече Шилегов.


Ова не ви одговара а?Едвај го најдов и после не сте биле пристрасни

Зошто неуставното сјо не превзема ништо околку ова туку презема се што е против власта а за тоа е уставно

Зошто на телма не го кажаа ова.

Со вакво однесување-копирање на власта не верувам дека ќе добие 10 пратеници а па власта тешко да добие 25-30 пратееници.

Најверојатно ќе мора 3-4 партии да коалицираат да состават влада па по се изгледа дека ќе имаме реприза на Белгија

http://kajgana.com/odzemeni-kompjuteri-i-vrshen-raspit-vo-opshtina-strumica-za-izboren-kriminal


 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Ќе и дадат на Катица бесплатна лекција за тоа како се подготвува обвинение за кривични дела против изборите. И како се прибираат докази за истите. А не со раскажување приказни.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.559
Поени од реакции
5.822
Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал . Едниот од одземените компјутери бил на шефот на кабинетот, а другиот на помошникот за контакти со граѓаните. Десет луѓе од кои дел се вработени во општината, а други членови и регионални функционери на СДСМ се повикани на разговор
Ќе и дадат на Катица бесплатна лекција за тоа како се подготвува обвинение за кривични дела против изборите. И како се прибираат докази за истите.
Абе мене ме чуди што сте чекале толку години од сега. Толку успешно судство, способни луѓе во обвинителство ко Чуприна, нели, па судијки што цел живот ќе бидат должни...па, па...плус ако не грешам уште тогаш министерката “знаеше “ дека ќе снема ливче баш во Струмица...[DOUBLEPOST=1457121469][/DOUBLEPOST]Инаку, чисто онака да прашам, вуие стварно верувате во ова ? Дека докази за изборен криминал чувале во општинските компјутери ?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Абе мене ме чуди што сте чекале толку години од сега. Толку успешно судство, способни луѓе во обвинителство ко Чуприна, нели, па судијки што цел живот ќе бидат должни...па, па...плус ако не грешам уште тогаш министерката “знаеше “ дека ќе снема ливче баш во Струмица...[DOUBLEPOST=1457121469][/DOUBLEPOST]Инаку, чисто онака да прашам, вуие стварно верувате во ова ? Дела докази за изборен криминал лувале во општинските компјутери ?
А зашто не се пуштаат разговорите со б.ц и н.г како се договараат за карпош во замена за центар.
И зошто се пуштаа само криминалите направени од дпмне?
Овие другиве безгрешни да не се?
До толку се глупи па ништо чудно да ги чуваат како неуставно монтираните и пуштаните разговори
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
А од каде си толку сигурен и информиран дека Катица зборува приказни и нема докази? Да нема докази нема да бара притвор за лица кои сториле криминал.
Јасно ми е дека власта ќе направи одма паралелни истраги против сдсм, ќе ги притвори и затвори во рок од неколку дена, тоа ни е на сите јасно веќе со години.
Се договорија Катица да го води СЈО, потпишаа, ја заебаваа со број на обвинители, со буџет, со милион сопки, зошто? Кога си потпишал веројатно однапред си направил истрага со кого е поврзана, со кого не е, и кога веќе нема маана го гласаш. Зошто после еден месец да ја оговараш истата дека е поврзана со Заев, работи под инструкции на Заев, ја попречуваш во секој чекор, па ако си толку безгрешен, што ти пречи како работи. Што мора да ти дава отчет пред Совет на ЈО или да прима од нив наредби, каде тоа го пишува?
Ако се безгрешни зошто ја сопираат? Со секоја нова прес конференција ќе изнесува нови обвинувања, ќе ги има истите луѓе по втор пат + нови за притвор. Уставниот пак ќе одбива, она пак ќе објавува нови, до кога така ќе оди?
Додека паралелната истрага на ОЈО против СДСМ(бесплатната лекција) ќе апси се живо и ќе одредува одма притвори и пресуди. И после ќе кажеш, зошто ни е СЈО?
Тоа што го правеле Бранко и остала штеточина против сдсм ќе си ги снајде, време е да се очисти од нив за да функционира како треба.
Зошто би ги чувале снимките? Веруваат во правдата која ќе произлезе од СЈО, таму се сите снимки, и секој кој направил криминал треба да одговара, кој сака нека е.
Тоа што си правите приказни со снимки, лични карти и Чауш и што мислите дека некој ви верува, тоа е друго, така ви е наредено да го лажете народот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Што мора да ти дава отчет пред Совет на ЈО или да прима од нив наредби, каде тоа го пишува?
Уставниот пак ќе одбива, она пак ќе објавува нови, до кога така ќе оди?
И сега, јас треба со тебе да правам сериозен муабет со тебе? Еве, ќе се согласам. Катица Јанева е компетентна за работата што ја врши, колку што ти компетентно зборуваш за право и процедури.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.113
Поени од реакции
15.061
А од каде си толку сигурен и информиран дека Катица зборува приказни и нема докази? Да нема докази нема да бара притвор за лица кои сториле криминал.
Јасно ми е дека власта ќе направи одма паралелни истраги против сдсм, ќе ги притвори и затвори во рок од неколку дена, тоа ни е на сите јасно веќе со години.
.
Јас ќе ти одговорам-еден од тие што типките на Катица го сослушуваа ми е другар, и единственото нешто што успеале да го пронајдат е за издадено Решение за жителство со постар датум од сл.белешка на полицијата и тоа за 2 дена. И после проверката-нормално,све било во ред, бидејќи формално белешката е изготвена во сабота, а архивата работи тек во понеделник кога формално се заверува со број и датум.

Другото све што го кажа катичка-смоквичка е рекла казала муабет на две жени на селски кладенец
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.034
Поени од реакции
64.299
...се жали дека и се прекршени човековите права, и целата работа е да ја тргнат од политичка сцена, на која, изгледа уште не и кажале, веќе не постои. :pos:

 
Последно уредено од модератор:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Latas e prv na spisok,a posle site kako nego so od esdes prejdoja vo dpmne
Jas se si mislam deka prv ke padni nekoj kradonacalnik, pa tek posle vrhuskata. Latas e sitna riba, deka ke lezi, ke lezi. Ama ne bi rekol deka ke e megju prvite. A zatoa so se prefrlija od SDSM vo Dpmne istoto ke se sluci i koga SDSM ke dojdi na vlast. Mnogu poltroni na Dpmne ke zamenat strana.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.957
Поени од реакции
15.973
ако дозволат да застари Телеком, а тоа од авион се гледа , фрли му пепел на се...гоа Катица го бара случајот, а гоа ЈО не и го дава... а всушност вујче не дава да се чепка во МНЕ додека не влезе во њато, а и аљи рипна ќе ја уништела дуи... и сега како ќе се спроведува правда, селективно ??
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Како да направиш тоа што ПР тимот на ВМРО-ДПМНЕ не успеал да го направи цели десет години? Ја ангажираш Катица Јанева.


Миле Јанакиевски изгледа незбунето пред камери. :cuc: Колку треба да си елементарно неспособен за да го постигнеш тоа.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.407
Поени од реакции
36.342
Шо е со прашањава на водителкава, како да дава интервју на Сител а не на опозициски медиум.
 
S

silmarillion

Гостин
Миле може со дилдо на чело да искочи пак нема да го смени ставот на административецот. Не ја глеам потребата од глорификација кога сите знаеме дека двете партии имаат потпросечни кадри кои во никој случај неможат да добијат преодна оценка на било каков јавен настап.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.559
Поени од реакции
5.822
Шо е со прашањава на водителкава, како да дава интервју на Сител а не на опозициски медиум.
Заебаваш ?
Газда на телевизија е “тој што вози Сеад“, незванично СМ....Сител ќе може вода да и носи на оваа
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom