Не е проблем прашањето проблем е што јас ако одговарав ќе ти објаснев како што мене ми објасни ветеринарот, а тоа е на прост начин кажано она што
@SaltNPepa го објасни стручно (сепак она е ветеринар, јас информатичар има разлика

)
Иначе јас за таа болест/состојба како и да ја наречам прв пат слушнав пред 2 дена кога му го дијагностицираа тоа на моето милениче.
Ќе се обидам на прост начин да ти објаснам каде грешиш се надевам ќе ме разбереш зашто попросто од ова не можам да ти доловам.
Има два типа на лекови, што човекот по медицински пат ги создал за да се бори со болестите кои може да се сретнат во секојдневниот живот (кои ти ги викаш хемија) и алтернативни лекови препишани од баби/врачари/алтернативни лекари или како сакаш кажи ги (кои за тебе се нели здрави на природна база).
Е сега доаѓаме до онаа за мене круцијална (се надевам знаеш што е ова) разлика помеѓу нив. За полесно да го разбереш ова ќе идеме преку пример зашто научно е докажано дека со примери најлесно се совладува материјата.
Болна си, имаш висока температура, те боли грлото не можеш да голташ и други симптоми на најобичен грип. Имаш 2 методи на лечење твојот на природна база да се мачкаш со ракија, а може и да треба да ја пиеш не знам тоа веројатно зависи од степенот на болеста и ќе се мачиш со денови за на крај да одиш на лекар да ти дадат лекарства зашто ракијата уствари и не помагала. Или може да идеш на лекар ќе ти дадат соодветен антибиотик (ХЕМИЈА) во форма на таблети, сируп инекции во зависност од потребите и ќе бидеш оздравеш за краток период без да имаш потреба да го посетиш алтернативниот лекар за да ти помогне.
Со други зборови да не беше таа хемија луѓето и животните ќе умираа од смешни болести, а не како што е случај денес да можат да стават под контрола рак хив и останати болести кој те водат во сигурна смрт.
Се надевам ова ти помогна да разбереш каде грешиш ако не беше доволно побарај некој друг да ти објасни на попрост начин зашто јас попросто од ова не можам.