Од мој аспект целата сетуација беше следна:
Бројка отприлика иста и двете навивачки групи, не сметајќи ги тие што беа со навивачката група, а немаат ни н од навивачи, у сала ЦПБ погласни, но само со некои поединечни скандирања, без континуитет, ФА многу подобри во навивањето, кореографија на ЦПБ солидна, покривно знаме, на ФА исто така, само јако им беше на ЦПБ "Победа Прилеп" и "Мајмуни" и мислам дека ги усраа малце со тоа, што се дешаволо пред утакмица, дали имало тепање поима немам, бодењето е срамота ГОЛЕМА ако стварно било така како што пренесоа медиумиве мада не ми се многу релевантни тие, ЦПБ стварно јака екипа oldschool, не навлагам во муабети у стилот "што би било кога би се степале", тоа ми е многу дебилен муабет, ЦПБ појаки пароли сопред мене не ми текнува баш што тачно пишуваше, Комити и Пирати фајт, наша победа
За утакмицата сум скроз разочаран од Работнички, Мираковски во прво полувреме 2 поена 4 лични, Џокер (Саздов) играше пола четвртина и направи 5 лични, на почетокот солиден Стефанов после некако ми се изгуби, Гоцевски добар, дедо Блажевски најдобар, само тоа не ми се верува, Симиќ тапа жива, кај МЗТ Зивче мотивиран, добра игра, Грнчаров солиден и најбитно на крај Јане превзема одговорност и донесе победа.
Честито победа
Поздрав